Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Откази за 300 вработени на „Фени“ и „ИГМ трејд“

КАВАДАРЦИ - Двесте работници на кавадаречки „Фени индустри“ од 1 јануари 2009 година ќе добијат откази, најавија од компанијата. И „ИГМ трејд“ од Кавадарци најавува отпуштање на стотина од вкупно 500 вработени.

Во „Фени“ велат дека на ваков чекор се одлучиле поради падот на цената на никелот на светските берзи. Во моментов еден тон никел се продавал по 9.900 долари, што било далеку од рентабилната цена. Од компанијата најавуваат редуцирано производство и гаснење на првата електропечка.

Во „Фени“ се вработени 900 лица. Оттаму објаснуваат дека новите отпуштања се од деловни причини, како и поради истек на важноста на договорите за работа на определено време.

За синдикалната организација на „Фени“ ваквите мерки од комбинатот се неприфатливи. Тие бараат да нема откази во овој период, туку да се чека стабилизација на пазарот. Во моментов, според нив, подобра варијанта се принудните одмори и редуцирањето на другите трошоци.

Од синдикатот инсистираат да не се продолжуваат договорите за работа на определено време додека не се согледа целокупната состојба. За нив било прифатливо раководството да понуди доброволно напуштање на работните места со привлечна испратнина. (А.Д.)


Статијата е прочитана 406 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Вегера“ нов газда на управната зграда на „Жито лукс“
Дополнителни субвенции за земјоделците
Лозари од Тиквешко се закануваат со штрајк
„Ту би“ и „Т-хоум“ потпишаа договор за партнерство
„Бовин“ на германскиот пазар
НЛБ Тутунска ја доби наградата на „Банкер“
Ќе се избира најпретприемач
Бран намалувања на каматните стапки
Славески- Мерките на СДСМ се неиздржани
Хрватска, сепак, со повисоки плати