НЛБ Тутунска ја доби наградата на „Банкер“
НЛБ Тутунска банка е годинешниот добитник на престижната награда од „Банкер“ - Банка на годината за 2008 во Македонија. За титулата се натпреваруваа 740 банки од 150 земји. Интернационалното списание за банкарство „Банкер“ додели награди за најдобрите банки од 148 земји, за најдобрите регионални банки и за најдобрата глобална банка. Оваа година наградата има посебно значење, бидејќи во услови на глобална криза и намалена доверба во банкарскиот сектор, таа е потврда за постојаниот квалитет, сигурноста и стабилноста на банката. НЛБ Тутунска е четврти пат добитник на наградата за најдобра банка во Македонија и третпат едноподруго. (Ек.Р.) |