Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

Бран намалувања на каматните стапки

Франкфурт - Европската централна банка вчера сосема неочекувано ја спушти клучната каматна стапка за 0,75 проценти, на 2,5 отсто. Ова, според западните агенции, е најголемо намалување на каматната стапка во последните десет години, односно од постоењето на ЕЦБ. Каматната стапка за еден процент, на два отсто, вчера ја намали и Британската централна банка. Сега стапката во Британија е на најниско ниво од 1951, односно од времето на Винстон Черчил.

Бранот намалување на каматните стапки го започна Шведска, која неочекувано, направи најголем рез на стапката од 1,75 проценти. Каматните стапки ги намалија и централните банки на Тајланд, Нов Зеланд и Индонезија. Банкарските експерти тврдат дека централните банки мора да бидат похрабри во сегашната криза, затоа што во спротивно рецесијата во најразвиените економии во светот ќе биде уште потешка и подлабока.

Според лондонски „Фајненшел тајмс“, доколку централните банки не интервенираат сега, ризикуваат до средината на следната година основната каматна стапка да ја сведат на нула.

Британската влада во меѓувреме соопшти дека подготвува програма за помош на сопствениците на станови и куќи, кои поради тоа што ја загубиле работата или имаат драстично намалени примања, повеќе не се во состојба да ги отплаќаат станбените кредити на банките. Околу 45 илјади сопственици на станови и куќи во земјата до крајот на оваа година може да останат без покрив над главата, затоа што банките може да им ги одземат. Извори во британските банки кои даваат станбени кредити велат дека доколку нешто не се преземе, бројот на оние Британци кои следната година ќе останат без своите станови или куќи може да достигне и до 75 илјади.

Канцеларката на Германија, пак, Ангела Меркел изјави дека финансиската и економската криза можат да се надминат само преку координирани активности на земјите од Европската унија. „Можеме да ги надминеме глобалните проблеми само со заеднички дејства“, рече Меркел. (Според агенциите)


Статијата е прочитана 627 пати.

Испрати коментар

Од: lenin
Датум: 05.12.2008 00:11:34
nema mnogu koris koga mnogu luge si gi izgbija svoite rabotni mesta ne se vo sostojba da si gi placaat kraditite.
Од: Robert 3
Датум: 05.12.2008 02:06:06
Samo nasiot junak Goshev smeta deka kamatnite stapki ne treba da se namalat kaj nas.Lichen toj!!!
Од: Kiril (do lenin)
Датум: 05.12.2008 07:03:19
Te citam nekoe vreme i sekogas si poln so antizapadni komentari. Sega velis deka ne ste mozele (vo SAD) da gi plakjate kreditite. A nie vo Makedonija mozeme? Aj zaprasaj se samo dali mozeme voopsto da preziveeme (zboruvam opsto)? I zatoa ne tuku soli pamet za patriotizam od daleku, tuku dojdi tuka bidi patriot i so ovie nasi plati plakjaj si gi kreditite i zivej "patriotski". Zapad ednas e vo recesija i se zbunija site. A nie? Nie so decenii sme mizerija. I posle kje popuvame za patriotizam. More vednas smeni ime vo "Severna Makedonija" (ili "Nova Makedonija", oti stvarno sme epten novi) i da ja zaboravime mizerijava.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
„Вегера“ нов газда на управната зграда на „Жито лукс“
Дополнителни субвенции за земјоделците
Откази за 300 вработени на „Фени“ и „ИГМ трејд“
Лозари од Тиквешко се закануваат со штрајк
„Ту би“ и „Т-хоум“ потпишаа договор за партнерство
„Бовин“ на германскиот пазар
НЛБ Тутунска ја доби наградата на „Банкер“
Ќе се избира најпретприемач
Славески- Мерките на СДСМ се неиздржани
Хрватска, сепак, со повисоки плати