„Ту би“ и „Т-хоум“ потпишаа договор за партнерство
Сите продукти и сервиси на телекомуникациските услуги од портфолиото на „Т-хоум“ на граѓаните ќе им бидат достапни во малопродажната мрежа за мобилни технологии на компанијата „Ту би“. Според договорот за стратегиско партнерство што го потпишаа „Ту би“ и „Т-хоум“, на продажните места на „Ту би“, покрај стандардната понуда на фиксната телефонија од „Т-хоум“, корисниците ќе може да се снабдат и со Макс АДСЛ Интернет-пакети, како и со пакетите на дигиталната телевизија Макс ТВ. „Го одбравме ’Ту би‘ за наш партнер, бидејќи компанијата внесе свежина на пазарот и промовира вредности кои се компатибилни со нашите бренд-ветувања“, изјави вчера Маја Ангеловска, директор на Деловниот центар за резиденти на „Т-хоум“. (А.С.) |