Ќе се избира најпретприемач
Сојузот на стопанските комори во соработка со уште седум организации на 11 декември ќе избира претприемач на годината. Предвидено е доделување две награди, прва во износ од 2.000 евра и втора во износ од 1.000 евра, за најуспешен претприемач во две категории - микро и мали претпријатија. Претселекцијата е направена врз основа на податоците од Централниот регистар, а критериумите за избор се посветеноста на сопствена обука и обука на вработените, маркетинг и стратегија на раст, инвестиции во истражување, развој и иновации.
Инаку, бројот на малите и средните претпријатија (МСП) во Македонија секоја година се зголемува. (А.П.) |