„Бовин“ на германскиот пазар
Познатата германска винотека „Галиер“ за една недела својот широк асортиман на квалитетни вина ќе го збогати и со производи на македонската винарска визба „Бовин“. Македонското вино „александар куве“, со познатите сорти „вранец“, „мерлот“ и „каберне совињон“ од 11 декември ќе се продава во 33 винотеки на „Галиер“ низ Германија, како и во винотеката во Виена. (Макфакс) |