Број 3400  среда, 06 октомври 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Вести








Site Meter
Скопје

Нема веќе да има ќебиња врз тезгите на пазарите

„Скопски пазар“ презеде конкретни активности за отстранување на практиката по завршување на пазарниот ден пазарџиите да ги покриваат тезгите со овошје и зеленчук со ќебиња, черги, јамболлии и најлони. Сега на пазарите „Буњаковец“ и „Зелен пазар“ по завршување на работното време, корисниците ја повлекуваат стоката од тезгите при што остануваат празни продажни места. Тоа, како што информираат од „Скопски пазар“, овозможува полесно и потемелно чистење на тезгите, како и подобрување на хигиената кога станува збор за продажба на ваков вид производи.

Овие активности на претпријатието следуваат по пишувањето на „Утрински весник“ дека пазарџиите на крајот од денот ги оставаат овошјето и зеленчукот на тезгите, кои ги покриваат со разни партали, поради што производите се контаминираат и се полнат со бактерии. Тогаш сите се оградија од обврската за тоа кој треба да го контролира ова и да го санкционира, а се случува со години. За ненадлежни се прогласија и Државниот пазарен инспекторат и Дирекцијата за храна од каде што вината ја префрлија на организаторот на пазарите. Во конкретниот случај „Скопски пазар“ сега ја презеде работата во свои раце ветувајќи дека акцијата ќе продолжи да се реализира и на другите пазари. Додаваат дека покрај одржувањето на хигиената на тезгите, на „Зелен пазар“ се поставени и 20 нови тезги. (Сн.К.)


#
Статијата е прочитана 999 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Скопје
Нови табли за старите имиња на улиците
Титовите зборови ќе се вратат на ѕидот на Музејот
Нов парк во Реонски центар во Аеродром
„Лисици“ на зонските паркинзи
Уште една кула со нова фасада
Се асфалтира улицата „4 Јули“






Roma missing out on vital European funds in Romania
Talks with Serbia on hold as Kosovo government collapses
Mladic arrest 'essential' says EP draft resolution on Serbia