Се асфалтира улицата „4 Јули“
Општината Ѓорче Петров почна со активности околу асфалтирање на улицата „4 Јули“ на потегот од Геронтолошкиот завод до црквата „Свети Петар и Павле“. Се реконструира асфалтот во должина од 220 метри и 9 метри ширина на коловозот. За обновата, екипите на градежната компанија „Пелагонија“ од Гостивар ќе потрошат околу 270 тони асфалт. (С.Н.) |