Уште една кула со нова фасада
Деновиве почна санацијата и боењето на фасадата на уште една станбена кула во општината Карпош, која беше видно оштетена надворешност. Станува збор за кулата на булеварот „Партизански одреди“ бр. 81 спроти хотелот „Карпош“, на која ќе бидат обновени 3.110 квадрати фасада, а истовремено ќе бидат заменети и прозорците, во соработка со организацијата „Хабитат“ и со станарите на зградата. (С.Р.) |