Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
03.02.2012, 16:13

Мислења

Штедењето наспроти Европа

Хавиер Солана

Искушението да се фаворизираат погрешни национални приоритети би можело да доведе д�� катастрофа за сите

Сега е се' повеќе јасно дека она што започна кон крајот на 2008 година не е вообичаена економска рецесија. Речиси четири години од почетокот на кризата, развиените економии не водеа одржливо закрепнување, па дури и земјите во подобра позиција покажаа знаци на слабост. Соочени со извесноста за двојна рецесија, тешкотиите на Европа се застрашувачки. Не само што Европа наидува на ризик од трајна економска штета; високата долгорочна невработеност и народното незадоволство се закануваат перманентно да ја ослабат кохезивноста на нејзината социјална структура. И, политички, постои реална опасност дека граѓаните ќе престанат да им веруваат на институциите, и национални и европски, и ќе бидат доведени во искушение од популистички барања, како во минатото.

Европа мора да го избегне тоа сценарио по секоја цена. Економскиот раст мора да биде приоритет, бидејќи само растот ќе ги врати луѓето на работа и ќе ги врати долговите на Европа. Разбирливо, се води дебата како да се постигне закрепнување. Поборниците за штедење тврдат дека долгот има негативно влијание врз растот; приврзаниците за натамошен стимул тврдат дека нискиот раст создава јавен долг, а не обратно, и дека штедењето во време на рецесија само ги влошува работите.

Но, Европејците не треба да се согласуваат за се' за да најдат заеднички курс. Можеме да не се согласуваме за долгорочните ефекти од приливите на ликвидност, но сите можеме да се согласиме дека не е в ред да се дозволи профитабилни компании да пропаѓаат бидејќи кредитните пазари не функционираат. Не треба да гледаме со намера на фискалната политика за да разбереме дека е поразумно да се промовираат инвестиции отколку нашата продуктивна структура да пропаѓа. И сите знаеме дека е порентабилно да се инвестира во повторно обучување на невработените отколку да се дозволи долгорочна невработеност.

Во секој случај, сомневањата за негативното влијание на штедењето стануваат невозможни да се игнорираат. Историјата покажува дека во длабока рецесија е многу поопасно економски стимул да се повлече прерано отколку предоцна. Прекумерно намалување на јавните трошоци во сегашните околности може да доведе до скратување на растот, како што веќе се случува: Меѓународниот монетарен фонд сега предвидува дека еврозоната во 2012 година ќе оди надолу за 0,5 отсто. Структурните реформи се важни за да се гарантира иден одржлив развој, но тие не носат раст во краторочни рамки, како што и' е потребно на Европа. Наместо тоа, во замена за послаб напредок за намалување на долгот, Европа ризикува да се предизвика трајна штета на нејзиниот потенцијал за раст.

Во споредба со нова рецесија, долгорочните трошоци за стимулативни политики се безначајни. Во многу земји, тековните буџетски дефицити не се резултат на неразумно прекумерно трошење на владата, туку на привремени мерки за справување со кризата. Во услови на веќе ниски каматни стапки и исплаќање на долговите во приватниот сектор, постои мал ризик експанзионистички политики да предизвикаат инфлација или да ги истиснат приватните инвестиции. Спротивно на тоа, намалувањата на трошоците би можело да ја поткопа економската активност и да го зголеми, не да го намали, товарот на јавниот долг.

Покрај тоа, јавниот долг не треба да се демонизира. Финансиски е разумно државите да ги споделуваат трошоците на јавни инвестиции, како што се инфраструктурни проекти или јавни услуги, со идните генерации, кои, исто така, ќе имаат полза од нив. Долгот е механизмот со кој ја институционализираме интергенерациската солидарност. Проблемот не е долгот, туку осигурување дека тоа финансира продуктивни инвестиции, дека се одржува во разумни ограничувања, и дека може да функционира со мали тешкотии.

Злокобно, истите аргументи што ја претворија финансиската криза од 1929 година во големата депресија денес се користат во полза на штедење по секоја цена. Не можеме да дозволиме историјата да се повторува. Политичките лидери мора да преземат иницијатива за да се избегне економски поттикната социјална криза. Двете мерки се итно потребни.

Во еврозоната, структурните реформи и поефикасни јавни трошоци, кои се суштински за одржливи нивоа на долгорочен раст и долг, мора да се комбинираат со политики за да се поддржи побарувачката и закрепнувањето во краткорочни рамки. Чекорите преземени во таа насока од страна на германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози се добредојдени, но недоволни. Потребно е големо нагодување, п��и што земјите на кои им недостига политички кредибилитет треба да преземат структурни реформи без одложување, во замена за повеќе простор во ЕУ за мерки кои генерираат раст, дури и по цена на повисоки краткорочни дефицити.

Светот се соочува со невидени предизвици. Никогаш порано, во поновата историја, длабока рецесија не се совпаднала со сеизмичка геополитичка промена. Искушението да се фаворизираат погрешни национални приоритети би можело да доведе до катастрофа за сите. Само просветлено политичко раководство може да избегне таков исход. Европските лидери мора да разберат дека програмите на приспособување имаат социјална, како и финансиска страна, и дека тие би биле неодржливи ако засегнатите се соочат со изгледи за долгогодишно жртвување без светлина на крајот од тунелот.

Штедење по секоја цена е грешна стратегија, и тоа нема да функционира. Не можеме да дозволиме погрешна идеја за „дисциплина“ да предизвика трајна штета на нашите економии и да им нанесе ужасни човечки жртви на нашите општества. Цела Европа мора да се согласи за краткорочна стратегија на раст – и брзо да ја спроведе.



(Авторот е поранешен висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, генерален секретар на НАТО, а сега претседател на ЕСАДЕ Центарот за глобална економија и геополитика. Пишува за „Проект синдикејт“. „Утрински весник“ е дел од мрежата на „Проект синдикејт“)


Статијата е прочитана 484 пати.

Испрати коментар



Фудбалска пролет
Скиснато млеко
Оптимисти до крај
Бледо е, бледо
За стравот и интелектуалците



девичанецот, 04.02.2012 14:08:37
Човекот којшто не штедеше бомби за убивање на мирни граѓани,за рушење на мостови, згради, патишта, топлани, новинарски куќи, амбасади....сега ќе пишувал за штедење во економијата?? Какво лицемерие од него, а и од тие што ги репродуцираат без никакво оградување неговите написи.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: -4°C, Мин: -14°C

Четврток
Ведро
Макс: -2°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |