Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
03.02.2012, 17:45

Поглед

Фудбалска пролет

Димитар Чулев

Египет е една година во хаос поради погрешното консумирање на демократијата: агенции пренесуваат приказни за пациенти кои наместо ��о упат, на лекар доаѓаат со „калашников“ и бараат веднаш да бидат излечени; верската толеранција која траела со илјадници години е заменета со демократија каде што палењето цркви на православните Копти се сфаќа како слобода на различност; државата и нејзините структури веќе не се авторитет кога државата на Мубарак беше урната со „Фејсбук“-протести.

Во овој контекст треба да се посматра „кланицата“ што се случи во средата на фудбалски натпревар кога во пресметка на навивачи загинаа 74, а убиствата продолжија и вчера на улиците на Суец и Каиро. Првичните обвинувања и „објаснувања“ дека полицијата не реагирала, дека некој намерно ги пуштил фудбалските фанови опремени со ножеви, палки и други слични орудија, или дека зад крвавата фудбалска драма стојат структури од стариот режим, личи на онаа фарсична флоскула дека „непријателот никогаш не спие“.

Припадници на полицијата и на армијата кои лани употребија сила да ги спречат демократските протести на плоштадот „Тахрир“ завршија во затвор. Овие новиве веројатно се плашеа да употребат „прекумерна сила“ за да не бидат обвинети, во најмала рака, за кршење на човековите права. Египет пати од демократски породилни маки или можеби светот е сведок на првите што покажуваат дека лани „освоената“ демократија е во терминална фаза. По првите демократски избори во кои докажани исламисти „на тацна“ ја добија власта, верското и етничкото насилство плус политичките пресметки според шеријатот ќе добијат легитимитет како што се случува тоа во Ирак или во Либија...

„Фудбалската пролет“ која одново почна прерано, среде зима, доаѓа некако како лош „римејк“. Зашто, како што напиша некој деновиве исламските закони во Египет не се многу толерантни кон секуларните игри...


Статијата е прочитана 1065 пати.

Испрати коментар



Скиснато млеко
Оптимисти до крај
Бледо е, бледо
Штедењето наспроти Европа
За стравот и интелектуалците

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Облачно

Среда
Делумно облачно
Макс: -4°C, Мин: -14°C

Четврток
Ведро
Макс: -2°C, Мин: -12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |