03.02.2012, 16:00 Мислење
За стравот и интелектуалците
Ѓорѓи Спасов
Слободата не се освојува еднаш засекогаш. Таа постојано мора да се брани и чув�� од разни видови насилници
Неодамна во Неготино, кога на некои од лозарите им сугерирав низ протести да си ги бараат своите права, ми раскажаа една приказна што се прераскажува во Тиквешијата. Според неа, во време на турско еден бег донел во селото камила и ја пуштил слободно да шета и да пасе по нивите и лозјата. Камилата пасела, газела уништувала посеви и правела големи штети, ама никој не се осмелувал да му каже на бегот за штетите од камилата.
Еден ден пред селската продавница се собрала група селани и раскажувајќи си ги маките од камилата, решиле да одат заедно и да му кажат на бегот дека треба некако да ја прибере. Го избрале најхрабриот меѓу нив да ги води, а другите тргнале по него. Арно ама, кога водачот на бунтот стигнал пред куќата на бегот, видел дека зад него нема веќе никој од тие со кои се договарал да протестираат. Излегол бегот и го прашал селанецот: „Што сакаш бе ѓаур?“ А тој рекол: „Бегу, дојдов да ви кажам дека ова животинчево што го донесовте во селово е многу убаво. Многу мило животно и сите го сакаме. Само штета е што нема друшка, па шета само. Ние селаните мислиме дека би било добро да му најдете друшка за да не му стане здодевно“.
Ете ова може да го слушнете кога некого ќе прашате зошто не се бунат против неправдите. Немаат луѓето доверба кон оние што викаат да се бунат и затоа полесно им е да ги трпат последиците од неправдите отколку можните санкции поради протестите.
Некои автори го објаснуваат тоа со психологијата на македонскиот народ која била обликувана во тешки историски околности, во кои се создал менталитет на човек кој е подготвен молчешкум бескрајно да поднесува неправди само за да издржи за да преживее, да не биде сотрен од посилниот непријател, држејќи се до правилото дека „наведната глава сабја не сече“. Важно било да се издржи, да се преживее. Издржливоста, а не храброста, се покажувала како мудрост.
Професорот Танас Вражиновски во својата книга „За националниот карактер на Македонците“ вели: „Историскиот страв како реална појава во националното живеење на македонскиот народ има своја подлога и оправданост. Тој страв низ векови се наталожувал во потсвеста на Македонците, оставајќи трајни белези во нивниот карактер“. Македонците живееле во страв од туѓите завојувачи, живееле во страв од своите сонародници, од своите комшии... и го цитира Јован Цвијиќ, кој напишал: „Во некои краишта на Македонија нема да зборуваат како се тепале со Турците или со Албанците, туку како успеале да им побегнат или како со некое лукавство се спасиле“.
Писателот Петре Адреевски во својот роман „Пиреј“ го цитира одговорот на својот главен јунак Јон кога српскиот џандар го прашува дали народот се буни. Тој му одговара: „Кој народ да се буни, велам јас, ова е стадо без пастир, кај ќе го потераш таму ќе оди. Кај ќе го врзеш таму ќе остане“. А англискиот писател Хенри Брејслсфорд, кој ја посетил Македонија по Илинденското востание, во својата книга за Македонија напишал: „Стравот е чувство што парализира. Но, во Македонија стравот е повеќе од чувство. Тоа е телесно заболување, болест на земјата што произлегува од тиранијата“.
Оттука првата задача на сите водачи на востанијата била ослободувањето на народот од тој парализирачки страв. Јунакот на Горан Стефановски во неговата драма „Диво месо“ вели: „Не' држат уплашени со фрази, со мистерии, со догми. Не' држат уплашени дека ќе ни го земат лебот, ќе ни го урнат домот, ќе ни ја скршат вилицата. И ние уплашени им правиме пат и ги поздравуваме. И се' додека се плашиме, тие ќе газат преку нас. Слободата ќе дојде кога ќе го надминеме стравот“.
Свесни за оваа задача, револуционерите измислувале песни како онаа: „Народе македонски. Со какви идеи си ти. Доста беше, разбуди се. Свести се, не спиј ти“. Но, не биле доволно песните за да се освои слободата. Народот во периодите кога бил парализиран од стравот имал потреба од водачи, кои како Даме Груев ќе кажат: „Подобро крај со стравотии отколку стравотии без крај“. Имал потреба од водачи кои биле подготвени самите да се жртвуваат и кои викале „Напред, по мене!“, а не „Ура“ и готовност да се жртвува и последниот член на партијата или на револуционерната организација.
Ослободувањето на Македонија во време на Втората светска војна покажало дека во Македонија имало јунаци што можат да му помогнат на народот да се ослободи од стравот, да го поведат во војна против многу посилниот непријател и да дојде до промена на ропската душа на Македонецот и на неговиот менталитет. Затоа оваа власт, преку промена на имињата на улиците можеби сака да ги избрише и сеќавањето на тие јунаци.
Но, слободата не се освојува еднаш за секогаш. Таа постојано мора да се брани и чува од разни видови власт и насилници кои сакаат да ја узурпираат.
Деновиве во „Њујорк тајмс“ унгарскиот писател Ѓерѓ Конрад говори за тоа дека и во членка на Европската унија како што е Унгарија власта може да владее со помош на стравот кај луѓето и да ја загрозува веќе освоената слобода по ослободувањето на земјата од фашизмот, а подоцна и ослободувањето на земјата од сталинизмот. Голем број други автори укажуваат на фактот дека ниту една власт не може да се однесува неодговорно ако народот е способен да се побуни и ако има доволно водачи да застанат на чело на тие побуни против манипулациите, злоупотребите и политичкото насилство од страна на власта.
Сите тие ќе ја споменат и улогата на интелигенцијата во земјата во која се случуваат такви работи. А какви се интелектуалците кај нас во Македонија? Професорот Вражиновски во веќе наведената книга пишува: „Македонските интелектуалци ги делат особините на својот народ... Тие се плашливи, затворени во себе, без иницијатива, во многу случаи малодушни и дволични, подложни на манипулација, пред се', од страна на власта. Веројатно тоа се должи на несигурноста на интелектуалците од едно време кога идеопоклонството пред власта беше ако не нужно, барем пожелно“. Професорот веројатно мисли на комунизмот, па во книгата издадена 1997 година додава дека интелегенција во Македонија „ко да има дробни пари во устата“ и констатира: „Оние кои во Македонија имаа смелост поинаку да мислат и да зборуваат, власта не беше спремна да ги толерира - или ги затвораше или, пак, со лукавост ги придобиваше“. Тој по ова го поставува клучното прашање: дали македонската интелигенција е наемна? И одговара: „Многу факти даваат потврден одговор на ова прашање“. Според него, „вистинските интелектуалци кои не ги прифаќаат таквите односи, затворени во себе (без желба за активен политички ангажман - м.з.) ја лишуваат државата од способни раководни кадри“. Тие не треба да се жалат зашто Македонија е лошо раководена, туку треба да си го постават прашањето од К. П. Мисирков - како тие го исполнуваат својот морален долг кон својата татковина и својот народ.
(Авторот е универзитетски професор) |
|
Статијата е прочитана 1845 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Goran, 04.02.2012 00:32:42 | pa narodot se razbudi, i gi stavi SDSM vo opozicija veke nekolku godini, bas poradi istite pricini koi gi navede vo tvojot napis (ironija neli). Do koga ke citame napisi kako da ziveeme vo 18 vek, pa narodot pojma nema, ne cita vesnici, pa treba neli nekoj da gi prosveti. Vo 21 vek se potrebni posovremeni taktiki, predavanja od tipot na 1950 godina vo vreme na Facebook, Internet i slicno se nepotrebni, sto uporno se pokazuva na site izbori. Vratite se kon sovremenata socialdemoratska ideja, bez predavanja narodot e plasliv, glup, naiven i slicno. |
| jovan, 04.02.2012 00:45:34 | Navedenite prikaski se dobri i poucni, a i citatite izvleceni od nekoj knigi ne se losi. No toa bilo koga ovoj narod bil pod Turci, Srbi, Bugari.... Denes Makedonecot trpi nepravdi od svoj. Ne od okupatori. Prasanje e samo za kogo ovie svojte rabotat. Cisto za sebe, ili se namesteni pa rabotoat vo korist na tugi interesi. Narodov (tuka spaga i intelegencijata) ne se buni zatoa sto e veke zasemeten, izmrcvaren, mu otkazaa i race i noze, pa ceka ili nekoj da go izleci i izvleci od agonijava vo koja zapadna, ili da umrat i se spasat. Drugo nemozat nisto da napravat. Kasno e. Onie sto ova mu go napravija na ovoj narod, ako rabotele za tugi interesi, uspeaa. Ako rabotele za sebe, togas alcnosta gi dovede i niv do propast. Zatoa sto veke nema da imaat ni oni od kogo da cicaat. |
| B. Betinski, 04.02.2012 02:21:26 | Postoi eden intelektulec (A. Kami) koj so svojata kniga (Pobunetiot covek, 1951) predizvika bura vo svetot od nevideni razmeri otkako gi isfrli formulite drzaven terorirazam, omileni praktiki na fasizmot i stalinizmot! I znaete li sto mu se sluci? Bese rascerecen od kom-partiite vo svetot pod dirigentskata palka na SSSR. Ne ostana nastrana od toa ni Z. P.-Sartr, a za togasnata intelektualna levica (vo koja bea Bart, Fuko, Merlo-Ponti i mnogu drugi), sekako pod kontrola na centralata vo Moskva, ni ne treba da se zboruva. Kami zagina vo 1961. Se pokaza deka bil vo pravo duri vo 1990. Znaci, razmisluvanjeto na Vrazinovski za mak-intelektualcite e povrsna generalizacija. A ona so D. Gruev glasi: „podobro uzasen kraj otkolku uzas bez kraj“. Prezemeno e od Francuzite. |
| zrak, 04.02.2012 08:50:12 | lele ovaj nepopraven davez,mekotel,pa ti spasov sega ja osete slobodata i ne prestanuvas da ja iskoristis uporno prestavuvaki se deka si gi branel interesite na narodot,iako citas deka citatelite te prepoznavaat kako covek vo vlada vo vreme na privatizacija i sevkupna tranzicija protiv rabotnikot. |
| Stipjanec, 04.02.2012 09:14:46 | Kakva e razlikata pomegu Pesimist i Optimist? Pesimistot kazuva deka od ova ne moze da bide Poloso, dodeka Optimistot veli: MOZE, MOZE! Toa e nasata segasna situacija, a ne tolku kako Stravot i Pokornosta. Ako se smeni ovaa Vlast (nasilno ili regularno), koj ke dojde na nejzinoto mesto? Site znaeme deka nema koj drug, tuku SDSM. A sto ima ponudeno taa? Deka ke ja resi siromastijata, za koja taa snosi NAJGOLEMA odgovornost! Deka ke go resi problemot so Imeto. Pa luge, taa kako i VMRO-to, nema nikakva ideja okolu ova (ne)resivo prasanje. Samo kritikuva, so poznatite frazi deka toa prasanje ke se resi RACIONALNO i KONSTRUKTIVNO! Ova e prepoznatlivata Retorika na site Partii, koga nemaat nikakva ideja, pa ke kazat nesto , kolku samo za za da kazat. |
| belomorec3, 04.02.2012 10:00:43 | Gospodine Spasov,bi te zamolil,vo edna od slednite tvoi kolumni,da doobjasnis dali ovie tvoi konstatacii vazat i za vrmeto od 1945 do1990,odnosno do 2006,a istovremeno da kazes od kogo ti se plasese ili pred kogo navednuvase glava za da stasas do ambasadorsko mesto,ne sega,koga si samo edno obicno profesorce pokazuvaz hrabrost odnosno povikuvas na hrabrost,a ti ostanuvas vo pozadina.Nedolicno i sramno. |
| Сократ, 04.02.2012 11:26:46 | Се добро кажано и искоментирано.Но за до вчера.Денес кога владеат нови нестандардизирани стандарди во дефинирањето на поимите,кој би можел да издефинира што е слобода,кој е бегот,која е рајата,и т.н.Слободата и ропството толку се испомешале во цврст екстра,создале нов ментален склоп.Со тоа изгуби светот а ние само треба да се одбраниме од епитетот на вирус,Денес не би се снашол ниту Сократ,тешко и за неговите премиси Ја нема врската меѓу првото и третот тврдење.Човекот..Затоа е се недоисажано.Во таквата магла,ќе си ловат и понатаму,и агите и беговите а и рајата.Тешко на камилата-човек. |
| Jove, 04.02.2012 11:51:32 | Odlicna kolumna.Realen portret na makedonecot.Neznam zosto nekoi komentatori tendenciozno i politicko-navivacki se sprotivstavuvaat na napisanoto,koga sekoj makedonec vo sekojdnevnite razgovori toa go potvrduva.I vicot za pistolot sto go nosel makedonecot,da mu se najde vo zort-zaman,toa mnogu slikovito go kazuva.Tocno e nie makedoncite sme plasliv i izdajnicki narod.Pa site nasi junaci se izginati samo od predavstva ili direktno od rakata na makedonecot.Koj toa ne go znae? |
| девичанецот, 04.02.2012 14:03:24 | Ѓорѓи,
Многу убава статија. Ти честитам. Ама и многу препознатлива и применлив . За стравот на македонецот, член на партијата во која и ти беше Генерален Секретар.
Никој, па ни ти, дури и сега не се осмелувате на пензионерот да му кажете дека е потребно да си замине.
И ти некако ми изгледаш како типичен егземплар на македонецот опишан во колумната. |
| Makedonche, 04.02.2012 23:29:48 | Nazalost takvi sme. Nemame nitu heroi, nitu intelektualci, pa se povikuvame na A.Makedonski i pomalku na Aristotel (uchitelot na herojot). Koga Miloshevic i Micotakis planirale da ne delat, vo procenkata na nivnite gubitoci vo taa vojna (akcija), stoi ,,neznatni,,. Znachi povece zrtvi bi imale od soobracajot, odoshto od nashiot otpor. A nie ce osvojuvame Solun i Solunsko Pole. Dobro e shto ne Grujo tera da bideme gordi i hrabri, ama daj prvo da bideme pametni i realni, pa da ne se zaletuvame so glava vo zjid. |
| mene, 05.02.2012 12:19:32 | На господинот Спасов треба да му бидат јасни две работи. Едната веќе ја елаборираа претходните коментатори. До 1945 македонците трпеа неправди од туѓи, но од 1945 трпиме неправди од своите, што е многу пострашно оти сами ги бираме „нашите претставници во власта“. Втората работа што г. Спасов треба да ја знае е д��ка не сите интелектуалци сакаат да бидат вклучени во политиката. Некои сакаат да придонесат во развојот на нашава држава исклучиво со својата професија и стручност. А политичарите треба да се потрудат на таквите да им овозможат соодветни услови за докажување и напредок, наместо да проценуваат дали се од „нашите“ или од „нивните“. |
| Билјана, 05.02.2012 17:06:19 | Sad, but true!
(Жално, но вистинито) |
| Bolno, ama tocno makedonski narode, 05.02.2012 19:23:23 | Na zalost, tocno e. No so dopolnuvanje i za Vtorata svetska vojna. Znaete mene cicko mi ima kazano slednotyo. Bil kurir na komandant na birgadata koja bila vo strumicko 1944 godina. Javile deka edno krilo na divizijata na Ler se probiva niz strumicko kon Skopje i natamu za avstrija. Togas clenovite na stabot prasale kako ce se organiziraat za da gi napadnat germancite. A komandantot (namerno go izostavam imeto), koj so stabot bil vo edna plevna, rekol, sedete si madro, ce gi pustime neka na gore srbite ginat. Neznam dali e tocno, ama zosto bi me lazel cicko mi. Nazalost, Makedonceto e hrabro so caska rakoja i so pesnite. Pa ete bi gi prasal onie sto ce go osvojuvaat Splunsko pole, kade bea vo 2001 godina. Ili kade bile nasite dedovci koga Srbite, Bugarite, Albancite, Hrvatite i drugite pri raspadjanjeto na turskata imperija formirale nacionalni drzavi. E, zatoa sega ne samo Cair i Z. Makedonoja, ce gubime uste. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -8°C
Облачно
|
Среда
Делумно облачно
Макс: -4°C, Мин: -14°C
|
Четврток
Ведро
Макс: -2°C, Мин: -12°C
|
|
|
|
|
|