Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Мартинез го дели оптимизмот на Моратинос

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Стразбур - Потпретседателот на Европскиот парламент, Мигел Анхел Мартинез, ги дели увереноста и оптимизмот на шефот на шпанската дипломатија, Мигел Анхел Моратинос, за почеток на преговори на Македонија со ЕУ и оценува дека тоа се темели врз добрите информации и реализмот.

- Се' што вели Моратинос е реалност. Ние двајцата сме големи оптимисти што се потпираат врз реализмот и добрата информација. Јас сум повеќе од оптимист, ангажиран сум и го имам оптимизмот на некој што мисли дека има право и длабоко е подготвен да се бори за да се наметне разумот. Тоа е оптимизмот на правдата и на разумноста, вели Мартинез. Сепак, смета дека не треба да се брза, туку да се оди полека за да не се направат грешки.

- Не важно дали тоа ќе се случи за време на шпанското претседателство. Во историјата на Шпанија имаше еден крал, кој на својот слуга му велеше: „Облечи ме полека, бидејќи брзам. Тоа е мисла што ја имам на ум. Мене, исто така, ми се брза да видам како Македонија и' се приклучува на ЕУ, но потребно е да се оди полека за да не се направат грешки. Проблемот не се решава за еден месец или за два. Ако се случи тоа за време на шпанското претседателство, тогаш тоа е уште подобро, јас ќе бидам задоволен. Но, ако се случи три месеци подоцна, тоа е, исто така, добро. Според мене, важно е да се деблокира процесот и да започнат преговорите колку што е можно побрзо, истакнува Мартинез.

Овој искусен шпански европратеник претседаваше со Парламентарното собрание на Советот на Европа, во моментот кога тоа донесе одлука за приемот на Република Македонија, под привремената референца. И тогаш како и сега спорот за името беше една од пречките за членство.

На прашањето зошто во изминативе години Европа не знаеше да го реши овој проблем, Мартинез нагласува: „Ова не е лесна работа, тоа е проблем што треба да се реши меѓу Македонците и некои нивни соседи. Ова прашање често ми предизвикуваше негодување и длабоко ме надразнуваше, бидејќи не можам да го сфатам добро проблемот. Во животот сум се нашол пред сложени работи, но ова, според мене, е едноставна ситуација што вештачки се усложнува. Се надевам и сигурен сум дека разумноста ќе надвладее. Не можам да сфатам дека се забавува проц��сот од кој, од една страна, зависи напредокот на народот на оваа земја и, од друга страна, исполнувањето на европскиот проект во целина“, завршува потпретседателот на Европскиот парламент, Мигел Анхел Мартинез.


#
Статијата е прочитана 323 пати.

Испрати коментар

Од: mene
Датум: 23.04.2010 09:22:46
.......едноставна ситуација што вештачки се усложнува......,кој се ја усложнува?
Од: ФЕЛИКС
Датум: 23.04.2010 09:34:45
Секогаш странците биле пооптимисти неголи домашниве политичари,извикани експерти по се и сешто,разни коментатори и други индивидуи.На почитуваниот ЕУ пратеник му е нејасно однесувањата како од страна на соседот така и поставување билатерален проблем станува услов за влез во ЕУ.И на нас барем во поголем дел од народот не му е јасно ваквото однесување,јасно им е само на оние кој заговараат гумарабика рбет и во одсуство на идеи се ,,шљепаат,, на ставови од поединци во Брисел.

Најди! во Утрински
Политика
Анонимус член на Судскиот совет
Денеска стартуваат лото-игрите
Феросилициумот од Јегуновце повторно го освојува светот
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Кој се настрви на фотелјата на битолските пензионери
Топлите води - иднина за Кочани
Вардар повторно донесе отпад
Црвенковски го прашува Груевски за бизнисите на Ѕинго
Источниот регион нема пари за прскање против комарци