Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Вардар повторно донесе отпад

КАВАДАРЦИ - Надојдените води на реката Вардар собраа се' пред себе. Од поплавите во Тетовскиот регион големи количества отпад пловат кон југот на земјата. Жителите на селата Дуброво, Војшанци и на Криволак се жалат на поплавените ниви, непријатната миризба и стравуваат од зараза. Отпадот можеше да се забележи кај браната на ТЕЦ „Неготино“. Од раководството велат дека будно се следи состојбата и доколку е потребно ќе интервенираат.

Пластичните шишиња и гранки потсетуваат на еколошката катастрофа што се случи пред неколку месеци кога завладеа паника дека отпадот ќе се премине кај јужниот сосед, а со тоа ќе се предизвика еколошки инцидент. Спуштањето на браната на ТЕЦ „Неготино“ ја спаси државата од еколошки срам. Доколку биде потребно браната повторно ќе се спушти. (А.Д.)


#
Статијата е прочитана 276 пати.

Испрати коментар

Од: граѓанин
Датум: 23.04.2010 00:47:19
Вие пишувате за еколошка катастрофа од пред неколку месеци. Па ова не е катастрофа што се слушува еднаш или два пати. Ова се случува контунирано, со години. Како шовек кој редовно пешачи на кејот, лично посведочувам. Нагласувам - ѓубрето секогаш надоаѓа од тетовско. Молам - во тој дел на земјава да се превземе поголема еколошка контрола, санкционирање, едуцирање, алармирање, акции за чистење и с'е што треба за да веќе еднаш престане ова ужасно убивање на нашата најголема река. Ова е молба до граѓаните, невладините организации, владините и локалните институции, новинарите - а ако тоа не е доволно еве упатувам и една молба до Господ.
Од: makedonce
Датум: 23.04.2010 12:04:17
koga ke gi naucite albancite na kultura i plasnicani koj se najgolemite zagaduvaci na treska neka se javi nekoj da mi kaze

Најди! во Утрински
Политика
Анонимус член на Судскиот совет
Денеска стартуваат лото-игрите
Феросилициумот од Јегуновце повторно го освојува светот
Мартинез го дели оптимизмот на Моратинос
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Кој се настрви на фотелјата на битолските пензионери
Топлите води - иднина за Кочани
Црвенковски го прашува Груевски за бизнисите на Ѕинго
Источниот регион нема пари за прскање против комарци