Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Кој се настрви на фотелјата на битолските пензионери

БИТОЛА - Замеша ли политиката прсти и во битолското Здружение на пензионери, чија сметка тежи повеќе милиони евра. Поголем број пензионери, членови на Здружението, бараат поништување на целата постапка за избор на ново раководство, под сомнение дека нивниот долгогодишен претседател Гавро Пановски сака да присвои уште еден мандат. Пановски е категоричен дека партијата на власт се настрвила на парите на пензионерите. Но, за него е спорно зошто досега никој од пензионерите не се пријавил како негов противкандидат.

Изборите за раководните тела на Здружението и за нов претседател се актуализираа во почетокот на месецов. Во соопштението потпишано од триесетина пензионери се вели дека во одредени месни заедници воопшто не биле одржани состаноци, а биле избрани нови раководства и делегати за Изборното собрание. Записниците биле правени формално, а списоците биле пополнувани со домашни посети на пензионерите, приврзаници на Гавро Пановски. Овие постапки се косат со Статутот на Здружението, велат засегнатите.

„Гавро Пановски, дефинитивно, да замине од тоа место. Луѓето велат дека не е тој претседател на Здружението, туку паша и дека владее со пашалакот. Ќе избере неколкумина од Здружението и ја тера работата, без да го почитува Статутот и законот“, предупредува Кочо Созовски, член на Здружението. Тој обвинува дека Пановски нетранспарентно ги троши парите на пензионерите, особено од членарината, оние 20 денари што им се задржуваат месечно на пензионерите.

„На времето се сеќавам се даваа свински полутки, сирење во канти или пити кашкавал на пензионерите, но сега го нема тоа. Каде одат парите од нашата членарина и за што се трошат“, прашува Созовски.

За актуелниот претседател Пановски кој на оваа функција има стаж од две децении обвинувањата имаат исклучиво политичка позадина. Пановски вели дека се чувствува доволно здрав за да истера уште еден мандат бидејќи функцијата не барала од него ниту да ора, ниту да копа. „Во овие избори е постапено по статут и закон. Меѓутоа ова е масло на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа партија сака да постапи онака како што ги зеде парите од солидарниот фонд. Пресметајте колку пари зедоа од 270.000 пензионери со 140 денари месечно. Не сме гибнале во тој фонд ни де��ар, не сме имале потреба. Ама јас сум виновен што кажувам дека имаме толку многу пари во здружението“, возвраќа Пановски. Според него, секој денар од пензионерите е наменски потрошен или домаќински заштеден во македонските банки. (А.Б.)


#
Статијата е прочитана 548 пати.

Испрати коментар

Од: Пен
Датум: 23.04.2010 08:47:04
Борците куртулија, пензионерите награбусија.
Од: В. Кратовалиев
Датум: 23.04.2010 11:44:05
Другарот председател, бил активен во времето кога немаше ограничување на мандатот /со титовски сили/, па веројатно живее со тој филм. Па ако "сака да истера уште еден мандат", некаму го дадат, да не му се крши атерот.

Најди! во Утрински
Политика
Анонимус член на Судскиот совет
Денеска стартуваат лото-игрите
Феросилициумот од Јегуновце повторно го освојува светот
Мартинез го дели оптимизмот на Моратинос
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Топлите води - иднина за Кочани
Вардар повторно донесе отпад
Црвенковски го прашува Груевски за бизнисите на Ѕинго
Источниот регион нема пари за прскање против комарци