Број 3265  петок, 23 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Политика

Анонимус член на Судскиот совет

Опозицискиот СДСМ ја напушти седницата во знак на протест

Гордана Дувњак

Бранко Ушковски, човек со четири реда биографија и без еден ден искуство во судовите, како што го нарече опозицијата, е новиот член на Судскиот совет. Од 94 присутни пратеници, за него позитивно се изјаснија 69, двајца беа против, а во знак на протест пратеничката група на СДСМ ја напушти седницата. Неговиот избор беше верификуван завчеравечер по 18 часот, кога непосредно пред завршувањето на седницата, спикерот на парламентот, Трајко Вељановски, побара да се гласа по оваа точка, која беше оставена од претходната седница.

Интересно е што против изборот на Ушковски, покрај пратеничката на ЛДП Роза Каревска-Топузова, прв пат гласаше и еден парламентарец од редовите на власта. Од увидот во листингот, може јасно да се види дека партиската директива не ја послушала пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Благородна Дулиќ, поранешен член на Судскиот совет и врховен судија во пензија. Од чинот на гласање се воздржале и либералдемократите Андреј Жерновски и Ристо Пенов, Ѓорѓи Оровчанец од Нова алтернатива и Флора Кадриу од Нова демократија.

Веројатно некои од аргументите на опозицијата, сепак, допреле до пратеничката Дулиќ, која и самата знае што значи да се одлучува околу изборот, унапредувањето и разрешувањето на судиите, кои во државава ги има над 650.

Социјалдемократите, пред напуштањето на седницата, го повторија ставот искажан за време на парламентарната сесија, но и во матичната Комисија за избори и именување. За нив педесет и седумгодишниот правник од Центарот за управување со кризи е лошо кадровско решение, со кое се крши Уставот и се навредуваат сите судии во Македонија. СДСМ забележа дека тој од сите 12 пријавени на конкурсот, единствено не ги исполнува условите, бидејќи ниту е истакнат правник ниту, пак, има еден ден работно искуство во судството. Или, како што рече координаторката на оваа пратеничка група, Цветанка Иванова, „на душа ќе го имате овој несреќник“, бидејќи нема да знае како да се справи со работата во Судскиот совет. За него беше речено дека е партиски војник на ВМРО-ДПМНЕ, кој на ваков начин добива награда.

Новиот член на Судскиот совет е тотален анонимус за целата правосудна фела, па дури �� за многу негови колеги од Министерството за одбрана, каде што тој работел до 2005 година. Во МО извршувал функцијата шеф на архива и деловодство.

Она што за власта го прави „искусен правник“ е учеството како коавтор во пишувањето на обемниот Прирачник за полагање на правосудниот испит, кој не претставува ништо друго, освен збир на закони потребни за полагање на стручниот испит. Неофицијално се зборува дека е истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ од Општинската организација во Чаир.

Ушковски доаѓа на местото на Љубе Богевски, кој исполни услови за пензионирање.


#
Статијата е прочитана 1155 пати.

Испрати коментар

Од: Regaconi
Датум: 23.04.2010 07:18:29
Stom ima preporaka od Ilija Dimovski, sigurno go biva. Rekomendejsn sto bi rekle amerite. A i mlad e strucnjakot i pred nego e bleskava kariera so negovite 57 god. Elitata na VMRO
Од: Nation judge
Датум: 23.04.2010 08:13:01
Почитувани, се суди врз основа на факти, докази. Дајте ми ги, иако не сум правник ке ви дадам пресуда. Лугето ја познаваат неправдата. Да бидеме совесни и чесни, а не алчни и лакоми.
Од: SPIRIDON
Датум: 23.04.2010 08:52:04
Slikata na statijata najdobro zboruva za mladite i perspektivni kadri i nekadri na VMR ovcite.Mlad i perspektiven kadar,penzionerka,šo si gi "udomi" decata na dobro plateni "državni jasli",razbira se,revanš za odrabotenoto.Smrt na fašizmo,sloboda na narodo.
Од: Moris
Датум: 23.04.2010 08:55:48
Sega jasno mi e od kade tolku dokumenti od ministerstvoto za odbrana i arm se izlezeni kako oteknati nadvor od ministerstvoto i armijata. Pa ima li vo administracija nekoj da ne e partiski vojnik. Naravoucenie bidete lojalni na partijata i ke letnete do zvezdite.
Од: јас
Датум: 23.04.2010 10:11:48
Да е само овој неписмен послушен војник на портокаливе???? 99% ( ај да не речам 100 % ) од сите поставени во некои регулациони тела , судски совети , комисии и слични места , каде што се бара Стручност ( со големо С ) , знаење и умешност , се поставуваат да не речам , кафекуварки , шофери и слични личности со недооформено средно , а не пак високо образование...Затоа одиме кон пропаста и тоа со забрзани ( 100 ) чекори !!!!
Од: Трпе
Датум: 23.04.2010 12:06:57
Што да се прави,кога владеачката партија е во дефицит со високообразован кадар.Но ке дојдат и нивните 5 минути,кога ке завршат на дисперзираните студии.Сега за уши ѓи факале и ги носеле да се запишуват на факултет.

Најди! во Утрински
Политика
Денеска стартуваат лото-игрите
Феросилициумот од Јегуновце повторно го освојува светот
Мартинез го дели оптимизмот на Моратинос
„Скопје 2014“ не е продукт на демократијата
Кој се настрви на фотелјата на битолските пензионери
Топлите води - иднина за Кочани
Вардар повторно донесе отпад
Црвенковски го прашува Груевски за бизнисите на Ѕинго
Источниот регион нема пари за прскање против комарци