Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Олиќ: Навивач сум на Интер


 „Не��ам ништо против италијанските екипи, а вистина е дека против нив играм добро и често постигнувам голови. Најпознат е оној од СП 2002 година, кога и дадов гола на Трапатониевата Италија. На крајот победивме со голот на Рапаиќ“, изјави „Голиќ“, како што го нарекуваат хрватските новинари репрезентативецот на „коцкестите“ и напаѓа на Баерн.

„Сезонава во Лигата на шампионите одиграв добро со Јувентус и Фиорентина, а на Јуве му дадов два гола и на подготвителниот турнир во Лондон. Се надевам дека оваа низа ќе продолжи и во Мадрид“, си посака Олиќ, кој призна дека е голем обожавател на Интер. „За тоа постои посебна причина. Своевремено играв за Интер. Кога имав 17 години бев една недела на проба. Тренер беше Џиџи Симони, а меѓу играчите беше Роналдо, мојот идол и Алваро Рекоба. Бев тринејџер кој играше во хрватскиот второлигаш Марсонија. Носам преубави спомени од тие денови. Фотографија со Роналдо и дрес во кој во тандем со Рекоба одиграв еден пријателски меч против Иран. Симони даде зелено светло за мое доаѓање, ама тогаш дојде понудата од Херта. Сметав дека на моите 17 години ми треба просечен клуб како Херта за да можам да играм. Директорот Сандро Мацола на заминување ми кажа: „Оди, а ако станеш еден ден некој и нешто, нема да те заборавиме“. Оттогаш сум голем навивач на Интер“, посочи Олиќ, кој успеа да ја победи жестоката конкуренција во Баерн (Лука Тони (замина во Рома), Гомес, Клосе).


#
Статијата е прочитана 1011 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Саботна треска во Мадрид
Пандев
Фени И. ја врати титулата во Кавадарци
Ван Гал и Мурињо ги бркаат своите втори титули
В понеделник стартува ЕП за жени до 19 години
Епско полуфинале Италија - Германија
Втора титула за Германците