Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

В понеделник стартува ЕП за жени до 19 години

Сашко Ѓ. Димовски

Женската фудбалска репрезентација до 19 години ќе влезе во историјата како прв македонски национален тим што воопшто учествувал на едно Европско првенство. Местото го обезбеди по автоматизам, како домаќин на претстојниот деветти финален турнир во оваа категорија, што ќе стартува во понеделник во нашата земја, а резултатските очекувања од нашиот состав се повеќе од скромни. Натпреварите ќе се играат на четири стадиони, три во Скопје („Филип Втори“, „Железарница“ и „Борис Трајковски“) еден во Куманово („Милано арена“). Во улога на бранител на титулата од претходното ЕП 2009 во Белорусија е репрезентација на Англија.

Нашата репрезентација ќе се натпреварува во групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Франција и Холандија, групата А ја сочинуваат Шкотска, Англија, Германија и Италија.

Во првиот меч избраничките на селекторот Добре Димовски ќе се сретнат со селекцијата на Шпанија (понеделник, 17 ч., стадион „Филип Втори“). Двете најдобро пласирани селекции од групите ќе се пласираат во полуфиналето на 2 јуни, финалето е закажано за 5 јуни на националната арена „Филип Втори“ во Скопје. Полуфиналните дуели и мечот за титулата ќе бидат пренесувани и на специјализираниот спортски ТВ канал „Евроспорт“.

Распоред на натпревари за првиот ден на 9. Европско првенство за жени до 19 години

Група А: Германија - Италија (понеделник, 13 ч., „Милано арена“, Куманово), Шкотска - Англија (понеделник, 13 ч., „Железарница“, Скопје)

Група Б: Холандија - Франција (понеделник, 13 ч., „Борис Трајковски“, Скопје), Македонија - Шпанија (понеделник, 17ч., „Филип Втори“, Скопје)






#
Статијата е прочитана 292 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Саботна треска во Мадрид
Пандев
Олиќ
Фени И. ја врати титулата во Кавадарци
Ван Гал и Мурињо ги бркаат своите втори титули
Епско полуфинале Италија - Германија
Втора титула за Германците