Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Квиз

Епско полуфинале Италија - Германија

Мечот во регуларните 90 минути заврши 1-1, а по инфаркт-продолженијата, „Аѕурите“ славеа со 4-3

Мексико беше местото каде што Бразил се прости од својата голема фудбалска легенда, Пеле. Тоа беше последното првенство на кое Пеле играше за својата репрезентација.

На Германците уште повеќе им беа потребни нерви во полуфиналето против Италија кога играа на новиот „Ацтека стадион“, специјално изграден за тоа СП. Иако Бразил третпат стана светски првак и го освои во трајна сопственост пехарот на Жил Риме, полуфиналната победа на Италија над Германија беше меч за кој долго се зборуваше по тоа СП.

Германија израмни на 1-1 во 90 минута. Во продолженијата двата тима имаа свое водство, по сценарио „срце да ти застане“. Германија поведе со 2-1 во 95. минута, но Италија постигна два гола и се виде себе како финалист. Германија израмни уште еднаш, а подоцна Џани Ривера и' го на Италија донесе финалето. Франц Бекенбауер остана на теренот и покрај изместеното рамо, кое му беше бандажирано со завој.

Во финалето уморните „Аѕури“ не можеа ништо да направат против Бразил, кој победи со 4-1. Карлос Алберто, капитенот на Бразил, го прими пехарот на Жил Риме. Пеле од теренот беше изнесен со солзи на рамената на своите соиграчи. Тогаш го одигра и последниот натпревар на едно СП, а се раздели со репрезентацијата со три титули.

Резултати:

Полуфинале: Италија - Германија 4-3 (по продолженија), Бразил - Уругвај 3-1, меч за трето место Германија - Уругвај 1-0

Четврт-финале: Бразил - Перу 4-2, Уругвај - СССР 1-0 ( по продолженија), Германија - Англија 3-2 (по продолженија), Италија - Мексико 4-1 (по продолженија).

Осминафи��ални групи: Група 1: Мексико - СССР 0-0, Белгија - Ел Салвадор 3-0, СССР - Белгија 4-1, Мексико - Ел Салвадор 4-0, СССР - Ел Салвадор 2-0, Мексико - Белгија 1-0. Табела: СССР, 2. Мексико, 3. Белгија, 4. Ел Салвадор. Група 2: Уругвај - Израел 2-0, Италија - Шведска 1-0, Италија - Уругвај 0-0, Шведска - Израел 1-1, Шведска - Уругвај 1-0, Италија - Израел 0-0. Табела: 1. Италија, 2. Уругвај, 3. Шведска, 4. Израел. Група 3: Англија - Романија 1-0, Бразил - Чехословачка 4-1, Романија - Чехословачка 2-1, Бразил - Англија 1-0, Бразил - Романија 3-2, Англија - Чехословачка 1-0. Табела: 1. Бразил, 2. Англија, 3. Романија, 4. Чехословачка. Група 4: Перу - Бугарија 3-2, Германија - Мароко 2-1, Перу - Мароко 3-0, Германија - Бугарија 5-2, Германија - Перу 3-1, Бугарија - Мароко 1-1. Табела: 1. Германија, 2. Перу, 3. Бугарија, 4. Мароко



Финале:



Бразил - Италија 4-1 (1-1)

Стрелци: 1-0 Пеле во 17 мин. 1-1 Бонисења во 37, 2-1 Жерсон во 65, 3-1 Жаирзињо во 71, 4-1 Карлос Алберто во 82 мин Стадион: „Ацтека“. Гледачи 107.000. Судија: Руди Глекнер (ГДР)

Бразил: Феликс, Карлос Алберто (капитен), Брито, Пјаца, Евералдо, Клодоалдо, Жерсон, Жаирзињо, Тостао, Пеле, Ривелињо.

Италија: Албертози, Чера, Бургнич, Бертон�� (Јулијано), Росато, Факети (капитен), Доменгини, Мацола, Де Систи, Бонинсења, Рива.


#
Статијата е прочитана 325 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Саботна треска во Мадрид
Пандев
Олиќ
Фени И. ја врати титулата во Кавадарци
Ван Гал и Мурињо ги бркаат своите втори титули
В понеделник стартува ЕП за жени до 19 години
Втора титула за Германците