Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Пандев: Ако треба ќе играм и под инјекција

Нашиот интернационалец се надева дека ќе биде меѓу стартерите на Мурињо

Сашко Ѓ. Димовски

Горан Пандев меѓу стартните 11 на Интер во вечерашното финале во Лигата на шампионите против минхенски Баерн на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид. Тоа се желбите и очекувањата на љубителите на фудбалот во Македонија, посебно на оние помладите што ги правеа првите животни чекори пред дваесетина години или, пак, не беа родени кога земјата беше во еуфорија по освојувањето на европската круна на Црвена звезда. Во тогашниот состав на белграѓани играа двајца наши сонародници, златната копачка, Дарко Панчев, страв и трепет за противничките голмани и столбот на одбраната на црвено-белите, Илија Најдоски, за кого важеше дека покрај него може да мине топка, но не и човек или, па,к дека реагира со глава и во ситуации во кои негови колеги не би реагирале со нога. Но, подеднаков интерес владее и кај повозрасните генерации, кои желно чекаа речиси цели две децении да ги освежат спомените, со надеж дека повторно ќе бидат сведоци на Македонец со европски шампионски трофеј. Разликата оттогаш е в�� називот на натпреварувањето и форматот, значењето на титулата останува и ќе остане исто, без разлика дали е Куп на европски шампиони (КЕШ), Лига на шампиони (ЛШ) или трето, четврто, петто....

Гоче, како што го нарекуваат Пандев, очекува дека ќе биде во стартниот состав на Жозе Мурињо вечерва во Мадрид. Барем такво нешто ни најави во телефонскиот разговор пред дуелот со Баерн, гордоста на Баварија и Германија, и покрај повредата на задната ложа, која му правеше проблеми и се' уште му прави во последниот период. Затоа и во последните мечеви на „нероазурите“ во Серија А најчесто влегуваше од клупата, но за денешниот, вели дека ќе стисне заби само да ја почувствува атмосферата на тревникот и од трибините на „Бернабеу“.

„Ми се оствари сонот да бидам дел од едно големо финале во клупската кариера. Најверојатно, ќе бидам меѓу стартерите вечерва. Го посакувам тоа и го очекувам без разлика на ситните проблеми поради повреда. Ако треба ќе играм и под инјекција. Во случај да ја добијам довербата од Мурињо, ќе ја оправдам. Подготвен сум да го дадам својот придонес во обидот да ја освоиме титулата во Лигата на шампионите“, ни изјави капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев.

Доколку се остварат неговите најави и доколку трофејот во ЛШ на крајот заврши во Милано, тоа ќе биде совршен крај на сезоната за 26-годишниот струмичанец. Таму некаде во август или септември лани беше кошмарно тешко за него.

„Ќе биде тешко. Не' очекува тежок натпревар. Против себе имаме тим со ист ефект во домашната фудбалска сцена оваа сезона. Ние ја освоивме двојната круна во Италија, тие го сторија истото во Германија. Верувам во нашите можности и квалитети и како тим и како индивидуалци и се надевам дека на крајот ние ќе се радуваме. Дај боже да биде така“, вели Пандев.


#
Статијата е прочитана 1928 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Саботна треска во Мадрид
Олиќ
Фени И. ја врати титулата во Кавадарци
Ван Гал и Мурињо ги бркаат своите втори титули
В понеделник стартува ЕП за жени до 19 години
Епско полуфинале Италија - Германија
Втора титула за Германците