Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Спорт

Квиз 1

Втора титула за Германците

Во финалето благодарение на голманот Сеп Маер, „панцирите“ со 2:1 славеа против фантастичните Холанѓани предводени од Кројф

Првите ТВ-преноси од СП во фудбал во боја паднаа во сенка на промената на правилата на турнирот. Наместо нокаут-систем, како што беше дотогаш, во вториот круг се примени повторно играње по групи. На тој начин секоја репрезентација мораше да одигра уште неколку мечеви, а тоа значеше и физички да се биде поподготвен. Конкуренцијата на СП стануваше се' поголема, имаше се' повеќе интересни натпревари.

Втора измена беше новиот трофеј. Новиот златен трофеј беше наречен ФИФА ворлд куп.

Домаќинот, СР Германија, по лошиот старт во мечевите по групи, подоцна влезе во форма и го освои своето СП. Во финалето Германците, предводени од „Кајзер“, Франц Бекенбауер, ја совлада брилијантната селекција на Холандија.

Во квалификациите повторно имаше рекорден број репрезентации, а забележително нов тим на СП беше селекцијата на Источна Германија, како и Хаити, Австралија и Заир - првиот тим од јужно од Сахара на едно СП. Од друга страна, селекции како Унгарија, Шпанија, Франција и најголемото изненадување, Англија, не се пласираа на тоа СП. Пред почетокот на првенството, ФИФА го доби новиот претседател, прв неевропеец. Бразилецот Жоао Аваланж дојде на местото на Англичанецот сер Стенли Раус, кој дојде на чело на ФИФА во 1961 година.

На теренот фаворитот СР Германија се пласира во вториот круг, но по поразот од соседот, ДРГ, со 0-1, по што имаше и мала „револуција“ во тимот на идниот светски првак. Бекенбауер, капитенот на тимот, кој беше поддржан од соиграчите од Баерн, го изрази незадоволството со играта на екипата и ургираше кај селекторот Хелмут Шен да ги смени составот и тактиката.

Резултати



Осминафинални групи -

Група 1: СРГ - Чиле1-0, ДРГ - Австралија 2-0, СРГ - Австралија 3-0, Чиле - ДРГ 1-1, ДРГ - СРГ 1-0, Чиле - Австралија 0-0. Табела: 1. ДРГ, 2. СРГ, 3. Чиле, 4. Австралија.

Група 2: Бразил - Југославија 0-0, Шкотска - Заир 2-0, Шкотска - Бразил 0-0, Југославија - Заир 9-0, Југославија - Шкотска 1-1, Бразил - Заир 3-0. Табела: 1. Југославија, 2. Бразил, 3. Шкотска, 4. Заир.

Група 3: Шведска - Бугарија 0-0, Холандија - Уругвај 2-0, Холандија - Шведска 0-0, Уругвај - Бугарија 1-1, Шведска - Уругвај 3-0, Холандија - Бугарија 4-1. Табела: 1. Холандија, 2. Шведска, 3. Бугарија 4. Уругвај.

Група 4: Италија - Хаити 3-1, Полска - Аргентина 3-2, Полска - Хаити 7-0, Италија - Аргентина 1-1, Полска - Италија 2-1, Аргентина - Хаити 4-1. Табела: 1. Полска, 2. Аргентина, 3. Италија, 4. Хаити.

Четврт-финални групи:

Група 1: Бразил - ДРГ 1-0, Холандија -Аргентина 4-0, Бразил - Аргентина 2-1, Холандија - ДРГ 2-0, Холандија - Бразил 2-0, ДРГ - Аргентина 1-1. Табела: 1. Холандија, 2. Бразил, 3. ДРГ, 4. Аргентина.

Група 2: СРГ - Југославија 2-0, Полска - Шведска 1-0, Полска - Југославија 2-1, СРГ - Шведска 4-2, СРГ - Полска 1-0, Шведска - Југославија 2-1. Табела: 1. СРГ, 2. Полска, 3. Шведска, 4 Југославија.


#
Статијата е прочитана 279 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Спорт
Саботна треска во Мадрид
Пандев
Олиќ
Фени И. ја врати титулата во Кавадарци
Ван Гал и Мурињо ги бркаат своите втори титули
В понеделник стартува ЕП за жени до 19 години
Епско полуфинале Италија - Германија