Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,7 отсто

Инфлацијата во Велика Британија во декември се искачи на 3,7 отсто и продолжува да расте. Потрошувачките цени на крајот од минатата година изнесуваа 3,7 отсто, додека цените на мало достигнаа ниво од 4,8 отсто, што е повеќе отколку во ноември 2010 година кога малопродажните цени изнесуваа 4,7 отсто. Според проекцијата на Банката на Англија, која во земјата ја има улогата на Централна банка, инфлацијата и потрошувачките цени требаше да изнесуваат два отсто.

Неможноста да се запрат инфлациските текови во британската економија ќе го зголемат притисокот врз Централната банка да ја зголеми основната камата што 22 месеца се одржува на рекордно ниско ниво од 0,5 отсто, во обидот да се помогне стопанското заздравување по рецесијата и финансиската криза од есента 2008 година.

Британски финансиски експерти веруваат дека зголемувањето на основната камата би можело да почне од јуни оваа година како мерка за запирање на растот на инфлацијата и во обид да се поттикне штедењето, кое изминатите две години стана неинтересно поради малите камати за штедните влогови. Инфлацијата може уште повеќе да се зголеми на крајот од јануари, затоа што од почетокот на годинава е зголемен данокот за додадена вредност (ДДВ) од досегашните 17,5 на 20 отсто, како и поради рекордно високите цени на горивата што веќе две недели се на над 1,30 фунти за литар.

Извори на Банката на Англија, на кои се повикуваат лондонските медиуми, објаснуваат дека она што се' уште ја тера Централната банка да не се одлучи на постепено зголемување на основната камата е новата владина политика на остро кратење на буџетот, најголемо по Втората светска војна, за која се верува дека би можело да ја одржи под контрола потрошувачката, а со тоа и инфлацијата. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 245 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Од денеска на земјава и' се достапни 480 милиони евра од ММФ
Нафтата 91 долар за барел
Кина дава повеќе кредити од Светска банка
Еврото загуби 22 процента од вредноста
Над 2,5 милиони Британци се без работа
Банкарите да се одлучат за умерени бонуси
Марката нема да се врати