Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Марката нема да се врати

Германската канцеларка Ангела Меркел ја отфрли можноста за враќање на германската марка во време на должничка криза во Европа. Таа нагласи дека Германија обрнува големо внимание на европската валута и истакна дека ќе стори се' за зачувување на стабилноста на еврото.

Германија како најбогата европска држава е најголем донатор за кризните фондови вредни неколку милијарди евра, кои се наменети за државите што имаат финансиски проблеми. Меркел повика на зголемена соработка меѓу 17 земји што го користат еврото и инсистираше на тоа дека соработка не треба да биде ограничена само на членовите на еврозоната.

„Доколку постигнеме договор, тој треба да биде отворен за секој што сака да се придружи“, изјави германската канцеларка.

Истражувањето на осигурителната куќа „Алијанс“ покажува дека инфлацијата во Германија е значително намалена откако еврото ја замени марката. Просечна годишна стапка на инфлација во Германија е 1,5 проценти, а во времето на марката таа изнесувала 2,6 проценти. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 513 пати.

Испрати коментар

Од: Komentator
Датум: 20.01.2011 18:17:09
Lele aman Ve molam gospoza Merkle vratete ja ..vo mojata domasna blagajna ostanaa kako crn fond 200 marki "zaboraveni."..ete ne smejam doma nitu nadvor da gi prijavam poradi domasna kontrola...ke me otepaat za "krazba" od domasen fond..i sega da se slikam so niv za spomen ili gospoza da molam Gospod da mi pomognete...ha....

Најди! во Утрински
Економија
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Од денеска на земјава и' се достапни 480 милиони евра од ММФ
Нафтата 91 долар за барел
Кина дава повеќе кредити од Светска банка
Еврото загуби 22 процента од вредноста
Над 2,5 милиони Британци се без работа
Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,7 отсто
Банкарите да се одлучат за умерени бонуси