Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Од денеска на земјава и' се достапни 480 милиони евра од ММФ

Бордот на Фондот се очекуваше доцна синоќа да ја потврди одлуката за 480 милиони евра од кредитот за Македонија

Од денеска и официјално 480 милиони евра од Меѓународниот монетарен фонд ќе и' бидат достапни за користење на Македонија. Бордот на ММФ и формално се очекуваше доцна синоќа да ја потврди одлуката, за која никој во меѓувреме не отвори дилема дали ќе биде позитивна или негативна. Засега е извесно само дека во Вашингтон ќе биде дадена виза 480 милиони евра од кредитот за претпазливост да и' бидат достапни на државава откако Владата и ММФ во декември си подадоа рака за користење на новиот инструмент.

Тоа значи дека од денеска земјава ќе може да ги користи парите од Фондот, иако Владата во изминатиот период постојано укажуваше дека ќе се труди да не ги троши, освен ако има ризик за буџетот, а ќе ги чува за подобрување на имиџот на земјата. При користењето на овој нов инструмент, кој не е класичен аранжман, Фондот на секои шест месеци ќе ја контролира земјава дали води здрава економска политика. Каматата за овие пари е 1,3 проценти. Со овој потег, власта смета дека ќе прати порака до инвеститорите што би требало да ни ја подобри позицијата пред издавањето еврообврзница, а што би помогнало да се спушти каматата. „Во првото тримесечје од годинава се прави мониторинг на состојбата на меѓународните финансиски пазари, ќе се разгледуваат условите, по што ќе се донесе конечна одлука за издавањето еврообврзница“, велат од Министерството за финансии. Нејзиното емитување, сепак, зависи од цената, односно каматата што може да се постигне на европските пазари. Моментално каматата е прилично висока и се движи околу 7-8 отсто. Лани еврообврзници издадоа Албанија по цена од 7,5 проценти и Црна Гора со слична камата. Познавачите велат дека се' уште важат овие камати и засега нема промена на состојбите на пазарите.

Власта за годинава вети дека со надворешно задолжувања планира да го покрива буџетскиот дефицит, што подразбира помало задолжување на домашниот пазар, што не беше случај минатата година. Но, и покрај ваквите ветувања, уште во првите денови од годинава Министерството за финансии повторно продолжи со старата практика и на вонредни аукции се задолжи за нови 38 милиони евра. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 430 пати.

Испрати коментар

Од: Трпе
Датум: 20.01.2011 19:37:40
Тоа ти е исто како на мачка да и оставиш да чува риба.Или на сонце оставен лед и да не очекуваш дека ке се стопи.Но ке дојде денот кога и фнучињата ке не осудуват за нашата кусогледост.
Од: MACA
Датум: 21.01.2011 06:42:12
А да имавте доблест и да го напишрвто тоа што го изјавиле за нас и нашата економија. Економски политики кои што ги води Македонија придонесоа за солиден макроекономски перформанс Нискиот јавен долг, ниската инфлација и стабилниот банкарски систем придонесоа за ублажување на влијанието на глобалната криза врз македонската економија“, изјави заменик извршниот директор ММФ, Најоки Шинохара

Најди! во Утрински
Економија
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Нафтата 91 долар за барел
Кина дава повеќе кредити од Светска банка
Еврото загуби 22 процента од вредноста
Над 2,5 милиони Британци се без работа
Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,7 отсто
Банкарите да се одлучат за умерени бонуси
Марката нема да се врати