Број 3485  четврток, 20 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Нафтата 91 долар за барел

Нафтата поевтини на Берзата во Њујорк за малку повеќе од 91 долар за барел, имајќи ги предвид прогнозите на светската побарувачката на оваа суровина од страна на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и од страна на (ИЕА) Меѓународната агенција за енергетика.

„Лесната“ нафта во Америка на Берзата во Њујорк се намали за 35 центи и сега барел нафта изнесува 91,19 долари, додека, пак, на лондонската Меѓународна берза европската нафта „брент“ поскапи за 11 центи и сега изнесува 97,54 долари за барел.

Врз цената на нафтата малку влијаеше месечниот извештај на ОПЕК, со кој се предвидува зголемена глобална побарувачка на нафта што ја произведува овој картел. Очекувањата од страна на ОПЕК за оваа година се дека побарувачката ќе изнесува 29,4 милиони барели дневно, или 0,4 милиони барели дневно повеќе отколку минатата година и 0,2 милиона барели повеќе во однос на претходните процени.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), исто така, ја зголеми побарувачката за црното злато во светот оваа година врз основа на заздравувањето на глобалниот економски пораст и ниските температури на северната хемисфера, со што ќе се зголеми потрошувачката на маслото за ��омаќинство. (Ек.Р.)


#
Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
Возовите уште долго ќе не' клацкаат со 50 км на час
Од денеска на земјава и' се достапни 480 милиони евра од ММФ
Кина дава повеќе кредити од Светска банка
Еврото загуби 22 процента од вредноста
Над 2,5 милиони Британци се без работа
Инфлацијата во Велика Британија се искачи на 3,7 отсто
Банкарите да се одлучат за умерени бонуси
Марката нема да се врати