Банкарите да се одлучат за умерени бонуси
Банкарите да покажат „морал“ при одлучувањето за бонусите, повика Мишел Барние, главен претставник на еврозоната задолжен за реформа на финансискиот пазар,.
„Ќе се заложам за умереност и одговорност. Имаме стапка на невработеност од 10 отсто во САД и во Европа... На народот му е тешко. Банките имаат обврска и потребни им се морал или етика“, истакна Барние, еврокомесар за внатрешен пазар и услуги, по состанокот на министрите за финансии на кој е разгледано прашањето за проверка на финансиското здравје на банките во ЕУ.
Неговата изјава е дадена набрзо откако британскиот премиер Дејвид Камерон истакна дека големите исплати во банките што добиле помош од владата не се потребни. Се очекува дека банките во лондонскиот финансиски центар во текот на следните недели ќе исплати седум милијарди фунти премии, што ќе предизвика незадоволство кај Британците, кои се соочуваат со стагнирање на платите. (Ек.Р.) |