Број 3031  четврток, 09 јули 2009
 

Претходен број


Site Meter
Спорт

Поп Ацев трет одзади на 1.500 м

Македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев го освои 21. место меѓу 23 учесници со пласман на 1.500 м слободно на 25. Универзитетски спортски игри во Белград. Поп Ацев беше претпоследен во својата квалификациска група, препливувајќи ја патеката за 17:19,17 мин. Тоа е полош резултат за 1:54,21 мин. во однос на Себастијан Руо од Франција, кој беше најдобар севкупно.

Сергеј Наумовски, пак, заврши 51. во конкуренција на 68 натпреварувачи на 100 м слободно. Неговото време беше 53,59 сек., полошо за 11 стотинки од пријавеното и 5,12 секунди во однос на победникот во квалификациите Сергеј Фесиков од Русија. (Р.Д.)


Статијата е прочитана 119 пати.


 Luksemburg
 09.07.2009 13:47:10
So ogled na toa vo kakvi uslovi rabotat decava odlicno e i da isplivale.No zatoa tie so "stomacite" koi rabotat za "dobroto" na Makedonskoto plivanje, a pogotovo za nivnite im decinja i pulencinja, sigurno veke smisluvaat kako da go "unapredat" Makedonskoto plivanje.Sostojbata vo plivanjeto e ista kako i celokupniot nas sport, a ogledalo na uslovijata vo koi ziveeme.

Најди! во Утрински
Спорт
Санчез го носи Наумоски во Алмерија
Работнички загуби од Партизан
Со постигнат гол и со празна мрежа до двомеч со Тромзо
Армстронг го стигна лидерот Канчелара
За два часа продадени 2.000 дреса на Роналдо, а украдени 300
Надал во шок по смртта на Монкур
Римеч меѓу Карпов и Каспаров по 25 години
Две лица на младите кошаркарки во поразот од Израел
Болт и на дожд до четвртото време на 200 м