Две лица на младите кошаркарки во поразот од Израел
Пропуштена е најголемата шанса за пласман во втората фаза од ЕП за кошаркарки до 20 години. Барем, така пред стартот ја окарактеризира селекторот на младите кошаркарки Александар Петровиќ националната селекција на Израел, од која неговите избранички загубија со 60:76, во првиот меч од групат Б.
Тоа беа тотално две различни полувремиња за Македонија. По само 2:21мин. македонските кошаркарки поведоа со 10:0. Во тие моменти одлично играа Антиќ, Тантуровска и Митришановиќ, а за кратко време предноста беше 14:2. Цели пет минути Израелките не дадоа кош, а потоа направија серија од 10:0. Но, тука нашите кошаркарки не застанаа па успеаја првите 10. минути да ги завршат со 22:15. По повредата на Тантуровска во 12 минута почнаа и проблемите. Изреалките полека почнаа да го диктираат темпото и да се одлепуваат. Антиќ не можеше сама. Постигна 16 коша и имаше 17 скока, но тоа не беше доволно да се бутнат расположените Изреалки, кои уште во 27 минута, кога поведоа со 51:42 навестија сигурна завршница.
Во вториот натпревар од нашата група Словачка, која заедно со Грција и Белгија е непоразена во првите два дена, ја совлада Холандија (88:78), која беше наш вчерашен противник.
Македонија - Израел 60:76
(22:15, 14:21, 12:23, 12:17)
Сала: „Билјанини извори“, гледачи: 1.000, судии: Халико (Естонија), Крачмер (Австрија), Монтеиро (Португалија
Македонија: Василевска 8, Јанеска 8, Иванова 2, Тантуровска 9, Антиќ 6, Догазанска 0, Митришановиќ 16, Божиновска 0, Крстаноска 0, Хоџа 2, Рајчиноска 0, Решкоска 0.
Изреал: Леви 11, Орион 5, Шафир 2, Шитрит 6. Ранел Рос 0, Овади 0, Нешама 3, Голан 12, Јахаломи 22, Бен Нун 5, Даган 0, Реитер 0. |