Број 3031  четврток, 09 јули 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Спорт

Санчез го носи Наумоски во Алмерија

Македонскиот репрезентативец Илчо Наумовски кариерата ќе ја продолжи во првата шпанска лига, поточно во Алмерија. Тоа го објавија неколку шпански медиуми, откако Наумовски потврди дека ја одбил понудата на Хартс, која, како што вели тој, била смешна.

Наумовски пред некое време фигурираше и како засилување за Хајдук, меѓутоа на крајот трансферот пропадна, а во медиумите се прошири приказна дека сплиќаните од него се откажале бидејќи се изјаснил како жесток фан на Партизан. Таа бенингна информација, секако не му сметаше на легендарниот Хуго Санчез, тренерот на Алмерија, кој во напаѓачот на македонската репрезентација гледа добро засилување за својот тим, кој патем речено, минатата сезона играше одлично и заврши на солидното 11. место.

Да потсетиме, Наумовски два пати беше прогласуван за најдобар напаѓач на Австрија, а во дресот на Матерсбург одигра 119 меча и притоа заби 51 гол. Инаку, по италијанската Катанија, на Илчо ова ќе му биде втор тим за кој игра од најсилните лиги т.н „Лига пет“.

 


Статијата е прочитана 476 пати.

Испрати коментар

Од: Canko
Датум: 09.07.2009 12:35:39
Koga igral nesrekjava za Katania ne mi teknuva???

Најди! во Утрински
Спорт
Работнички загуби од Партизан
Со постигнат гол и со празна мрежа до двомеч со Тромзо
Поп Ацев трет одзади на 1.500 м
Армстронг го стигна лидерот Канчелара
За два часа продадени 2.000 дреса на Роналдо, а украдени 300
Надал во шок по смртта на Монкур
Римеч меѓу Карпов и Каспаров по 25 години
Две лица на младите кошаркарки во поразот од Израел
Болт и на дожд до четвртото време на 200 м