Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Политика

Владата го стега обрачот околу ЕВН

Врз компанијата деновиве се врши притисок и со секојдневни разни инспекциски контроли

Маја Томиќ

Првите луѓе на „ЕВН Македонија“ се' уште молчат и не сакаат јавно да ги искоментираат отворените притисоци на Владата кои започнаа уште со првите денови од 2009 година, а се' поизвесно е дека нема брзо да престанат. Неофицијално дознаваме дека раководството на „ЕВН Македонија“ и понатаму нема намера отворено да реагира на нападите, туку дека јавна реакција наскоро би требало да има од дирекцијата на компанијата во Виена. Покрај острите изјави што ги упати прво премиерот Никола Груевски, а завчера и државната МЕПСО, дознаваме дека врз компанијата деновиве се врши и притисок врз вработените и раководството преку постојани инспекциски контроли од различни министерства, кои го „чешлаат“ работењето во ЕВН. Владата оди дури дотаму што во некои општини каде што има прекини на струја се испраќале и пазарни инспектори кои немаат никаква ингеренција да ја контролираат испораката на струја.

Енергетски експерти коментираат дека е очигледно оти Владата има смислено сценарио на вршење константен притисок врз ЕВН, се' со цел на секаков начин да и' го загорчи работењето и евентуално да предизвика нејзино повлекување од земјата, а што би значело дека Владата ќе може повторно да ја врати дистрибуцијата во рацете на државата. Спротивно на односот спрема ЕВН, пак, на секој начин се поддржува работењето на државната ЕЛЕМ, која со измените во Законот за енергетика стана и производител и продавач на струја, коментираат експерти.

Тие додаваат дека нема логика МЕПСО на ЕВН да му забранува увоз на струја од други компании кога Законот за енергетика го дозволува тоа. Односно, според Законот, ЕВН има право да увезува струја ако таа е со пониска цена за киловат-час од струјата што ја продава ЕЛЕМ. Инаку, како што објаснија во ЕВН, станува збор за увоз на струја потребна да ги покрие мрежните загуби поголеми од регулираните 11 отсто, колку што се признаваат со Законот. Како што завчера изјавија од ЕВН, 27 мегавати струја кои компанијата ги договорила од увоз биле со пониска цена од онаа на ЕЛЕМ, која во просек е 75 евра за мегават-час. Од ЕВН рекоа дека за увозот навреме биле известени и МЕПСО и ЕЛЕМ, но, и покрај тоа, МЕПСО не го дозволил увозот. Сега ЕВН, затоа што веќе имала склучени договори за пренос со Бугарија и со Србија, ќе треба да плаќа пенали поради нереализираниот пренос на струјата.

По новогодишните празници, премиерот Груевски изјави дека е длабоко разочаран од работењето на ЕВН, од нејзиното непочитување на законите и ��а квалификува како најлоша странска инвестиција во земјава досега. Груевски најави дека ќе побара од РКЕ да ги преиспита досегашните исклучувања и прекини на струја, а од Комисијата набргу потоа истапија дека секако ќе го сторат тоа. И ако утврдат неправилности, на ЕВН ќе и' се одземе лиценцата за дистрибуција на струја. Покрај тоа, и од државниот преносен оператор МЕПСО завчера најавија дека од РКЕ веќе побарале одземање на лиценцата на „ЕВН трејдинг“, фирма на „ЕВН Македонија“ што врши увоз на струја. Затоа што, според МЕПСО, со увозот на струја што бил договорен за јануари ЕВН направил дебаланс на енергетскиот систем, дополнително и затоа што претходно увозот не го пријавил на ЕЛЕМ, што е контра Законот за енергетика.


Статијата е прочитана 692 пати.

Испрати коментар

Од: saso
Датум: 10.01.2009 00:18:56
shto e ova bre od vladata,na shto lici ova bre,na despoti,na tirani,na uzurpatori,na okupatori sramota. sakate se da grabnete vo svoite partiski pazuvi
Од: kole
Датум: 10.01.2009 00:32:56
Грујо вели дека е разочаран од ЕВН, ние велиме дека сме длабоко разочарани од Грујо, кој ита да не однесе во провалија, а не е свесен за тоа...
Од: DULE
Датум: 10.01.2009 03:34:38
jas sum Makedonec i studiram vo bugarija ,sakam da go pozdravam premierot Nikola Gruevski za prezemenite novi merki i zakoni vo vrska so crnite dupki vo Makedonija ,veke e krajno vreme nekoj da pravi veke nesto a ne samo da go grabaat Makedonskiot narod ,toa jasno se vide vo prethodnite godini koga SDSM bese na vlast ne sum partiski vojnik i nesakam ova da zvuci kako reklama no se gleda koj pravi i odrzuva vetuvanja poslednive 2 god. kako i da e od aspekt gledan kako student koi ne uci vo Makedonija porealno se ocenuva cituacijata vo zemjata se nadevam deka taka ke prodolzis ....no i mala kritika: pokrai tolku zakoni ne e loso da se napravat 2-3 fabriki za da se zgolemi brojot na vraboteni so ke mozat da gi plakaat svoite penali od novite zakoni kako plukanje na ulica i soobrakajniot haos se samo del ....kako i da e toa e pozdrav
Од: Makedonec vo EU
Датум: 10.01.2009 04:42:08
Na DPMNE i trebaat rabotni mesta - za da gi prodava za glasovi. Zalno e sto i pokraj ocajnata infrastruktura i slabo obrazovanoto naselenie, Makedonija ne moze da ponudi barem minimum biznis klima za stranski investicii. A bez niv, se znae koi se posledicite.....
Од: od mene
Датум: 10.01.2009 05:58:30
Bravo na vladata taka se privlekuva stranski investitori koj ne bi dosol kaj nas da investira koga ke vidi na dobrite uslovi kaj nas.Kolku sto gledam vo (OKTA)se pravat naj ne dobrite raboti za nasiot nrot go trujat no tuka segasnata vlada e prodavach pa se e regularno.Stramota za Makedonija
Од: ljupco,bitola
Датум: 10.01.2009 07:35:00
Кога се мрдаат камењата,ќе излета некоја змија од под нив.ЕВН ја финансираше цела кампања на сдсм пред три години,за награда ја добија целата дистрибуција за џабе,смешни 25 мил.евра.Сега доаѓа времето на наплата,на правата цена,која ќе мораат да ја платат или да се истребат од тука. Нека покушаат да шверцуваат струја во Австрија, ако смеат.
Од: [email protected]
Датум: 10.01.2009 08:26:32
Ni edna obvrska nivna ja nemaat ispolneto,vetija podnovuvanje na tehnologijata i na energetskata infrastruktura a mesto toa dobivme povisoki ceni i nikako kvalitet.Defekti se javuvaat sekojdnevno,i vo strogiot centar na glavniot grad.Megutoa......na toa trebase da mislat onie sto go prodavaa po sekoja cena i go lazea narodot deka toa e proekt za narodot!!!Se gleda...Mrzneme pod kebinja,a nivnite ceni se zgolemuvaat!!!Ako.Malku ni e.
Од: нико
Датум: 10.01.2009 08:38:55
Работата е јасна, Бизнисот со увозот на струја вреди 600 милиони евра. Владата мора да стави рака (во џеб) и на овој бизнис. Се враќаме кон државната сопственост и кон комунизмот.
Од: petar
Датум: 10.01.2009 09:14:52
Sto ni serviraat toa ke goltame a na krajot nie cehot ke go platime.Tie znaat koi sme i sto sme so vaka servirani vesti samo se pokazuva kako se raboti so resursite vo ,Makedonija a narodot e naviknat da molci ili go naucija da molci.Sto se razbirame nie vo energetika pa da znaeme se sto (loso)se raboti zad nasiot grb kako ke ni recat i nie slepo si slusame duri i komentirame a tie ni se smeat i pokraj toa go prodlabocuvaat jazot pomegu privrzanicite partiski.Ako nekoj nema smetka (licna) sigurno ne ke se sredi rabotata ali vaka se se sveduva deka nekoj ima interes da se sluci ova sto se slucuva ili e vojna pomegu vlasta i opozicijata GOLEMI PARI!!!!!!!!!!!!!
Од: don kihot
Датум: 10.01.2009 10:20:46
Imase i drugi nacini da se preispita rabotata na EVN, a ovoj e sosema pogresen i na javni zvona , nesmeeme da si dozvolime vakvi javni prepukuvanja koga se raboti za eden stranski investitor, se toa mozese da se napravi na po diskreten nacin, sepak se raboti za kompanija koja e stranski investitor.Rabotite mozat da se resat bez tolkava pompa zosto Makedonija tokmu se nametnuva kako zemja koja ocekuva stranski investitori, i ovakvi slucuvanja samo mozat da ja odalecat od ocekuvanjata, i da sozdadat edna negativna slika za nas vo ocite na potencijalnite investitori, edno da vi e jasno kompaniite koi sakaat da investiraat gi pratat nastanite i slucuvanjata vo drzavata vo koja sakaat da investiraat, a vakvi nastani, nam sigurno ne ni odat vo prilog.Sosema e nevazno koj ja donel taa kompanija vo MK, dali prethodnata ili segasnata Vlast, vazno e kolku dobiva MK so toa, a ako kompaniite funkcioniraat samo eden mandat na nekoja vlast, togas nie imame seriozen problem.
Од: do Makedonec vo EU
Датум: 10.01.2009 10:41:14
Pa eve ti kako opasen narator i komentator-pokazi se i ti malku vo praktika,ne tuku samo plukaj-dojdi i vlozi tuka,vraboti nekolku nasi sogragjani ili mozebi si prezafaten cistejki toaleti po toa Evropata!!!
Од: Ико
Датум: 10.01.2009 10:54:36
ЕВН да си одат од Македонија во Австрија под итно! Не во нашиот Охрид, туку во нивниот Кицбил нека ја исклучуваат струјата за Нова година! Не ние, туку тие да се брукаат пред странските гости! И не нашиот, туку австрискиот премиер нека се расправа со нив!
Од: a
Датум: 10.01.2009 11:10:22
samo taka na EVN
Од: Do Lupco od Bt
Датум: 10.01.2009 11:15:55
Sto mislis , kako covek sto misli iskljucivo so" svoja glava" za OKTA i dogovorot sto go napravi tvojot idol so grcite nasite "najgolemi neprijateli"? So koj pari gi pravi onie suludi reklami po televiziite?
Од: Анита -Кавадарци
Датум: 10.01.2009 11:29:56
Браво, според вас значи треба сите да застанат отстрана и да ги остават ЕВН да прават што сакаат во Македонија, затоа што се инвеститори. И од кога контролата во работењето е незаконска. Па тие нели не знаат да работат никако поинаку освен законски тогаш зошто би им сметале инспекциите. А постапките на Премиерот во насока на заштита на граѓаните се само за поздравување.
Од: mark do IKO
Датум: 10.01.2009 11:36:54
Se nadevam moj prijatele deka ovde ke go procitas mojot odgovor. 1. nema sporedba medju Z.Z i Djemaili eve zosto ako imas um ke svatis ako ne bog neka tie napomos jas nemozam da ti pomognam.Po Zaev trcaa i vrsea pritisok da go stavat vo pritvor i go stavija za nelegalno rabotenje i korist.Za Djemaili kutat nego apsat nego stavija vo pritvor nevrsat pritisok vrz policijata i sudovite da go najdat nego stavija ni edna minuta vo pritvor a go oslobodija so kaucija pa prijatele kaucija davaat site pa negi osloboduvaat i nezaboravi Djemaili ima zlostorstvo napraveno e kade ima ravenstvo ovde i kazi deka borbata nee selektivna.Sto se odnesuva do EVN i toa vie marketin za da nego vidite osloboduvanjeto na Djemo no nese siti so isprani mozoci toa trba da go znaes.I da te potsetam jas sum sekoj koj napravil kriminal,zlostorstvo i sl da odgovara jas sum relaksiran,jadicata sto ja frliv bese za tie sto gi prozvav a se fati ti imam drugi jadici za takvi ribi kako tebe,nemoj da go branis ona sto nes
Од: Za DULE od Bugarija
Датум: 10.01.2009 11:54:21
Lesno e da sedis vo Bugarija i da kumuvas vo Makedonija. Rasprasaj se tamu, vo Bugarija, koj ti e isporacatel na el.energija . Ili CEZ, ili E-on, ili EVN! A Ljupco od Bitola! Ne e prodadena za 25 milioni evra, tuku za 225 milioni evra! Ili ti imas zadaca da pisuvas lagi? Defekti vo mrezata imalo i mnogu povece. A MEPSO sto go ostavi cel Tetovski region bez struja povece od 17 casa, a imajci moznost toa da ne se sluci? Ili tamu e povece albansko naselenie, pa mozat i bez struja. Kade e tuka Vladata da pobara od Regulatorot ispituvanje na rabotenjet na MEPSO?
Од: Европска Македонија АД
Датум: 10.01.2009 12:22:01
Не го бранам ЕВН,има грешки во нивното работење ама истото го има и кај ОКТА и Телеком.Ваква хајка против сериозен странски инвеститор(само заради фактот дека го донесол СДС) досега е невидена во Македонија.Еве и една екслузивна вест премиерот сака да го купи ЕВН за да може да го прекрсти во Никола Груевски Велики славен наследник на Александр Велики.Малку долго име избрале ама за Грујо ништо не многу.
Од: Цандо
Датум: 10.01.2009 12:26:37
ЕВН треба не само да си ги собира парите, туку и да вложи нешто во инфраструктурата. Колку што гледам, тука ни една бандера не смениле, камо ли да постават нови каде што нема. Е после, сите во Македонија ги мразеле, а тие биле толку убави. Па нека одат во Грција!
Од: Gorde
Датум: 10.01.2009 13:09:56
Ne gledam nisto loso vo toa sto Vladata si ja vrsi svojata rabota. Ako moze sete zakoni da vazat za nas Makedoncite i da gi pocituvame istite, za "Golemcite" od Evropa toa ne bi trebalo da pretstavuva problem. Pa neli tie postojano se zalat deka ne se pocituval zakonot vo Makedonija, ili koga tie treba da go storat toa togas toa ne vazi.
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 13:29:09
Premierot go obvini EVN za uvoz na struja bez dozvola,za defektite i deka bile eden od najproblematicnite investitori vo Makedonija.Neka kaze premierot dali Svedmilk e dobra investicija koj im dolzi na farmerite milion evra?Ili mozda terlekomot?Sto e so turskite vlozuvanja vo aerodromot,sto ne raspise nov tender?Sigurno ke se potepaat da dojdat na red.Mislam deka najdobra investicija e Okta,najvise se ofadi od tamu premierot,a i so godini ne true.I posle ovie izjavi koi ne dolikuvaa na premier koja budala ke dojde da investira vo Makedonija ,kakva poraka im praka glavniot covek za ekonomija vo drzavata.porakata e jasna DA VE NEMA ODOVDE
Од: emil
Датум: 10.01.2009 13:59:26
Udri Grujo u cargije,EEEE .

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Државниот врв на ручек кај поглаварот Стефан
Прва виза за измените на Законот за помилување
Првостепени пресуди за изборни нерегуларности најдоцна до март
ДИК и ЗЕЛС договараа детали за изборите
Донесени измени на повеќе закони
Прекршочна пријава на ДИК за партијата на Еленовски
Редовното покачување на пензиите Владата го прикажа како свое
Декемвриските пензии пониски поради посмртнината