ДИК и ЗЕЛС договараа детали за изборите
Заедничка цел на сите во државата е мартовските избори да се одат според законските одредби, а за тоа треба да придонесат сите институции. Ова го заклучија највисоките претставници на ДИК и ЗЕЛС вчера на работен состанок, во рамките на подготовките за претстојните претседателски и локални избори. Како што е соопштено, на средбата ДИК побара градоначалниците да обезбедат соодветни просторни и технички услови за непречена работа на членовите на Општинските изборни комисии. Од страна на ДИК било укажано на законската обврска на општините да не ги спречуваат вработените, кои се членови на изборните органи во извршувањето на обврските поврзани со работата на ОИК. (Макфакс) |