Број 2883  сабота, 10 јануари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Политика

Прекршочна пријава на ДИК за партијата на Еленовски

ДИК смета дека Социјалдемократската унија влегла во предвремена изборна кампања

Државната изборна комисија ќе поднесе прекршочна пријава против Социјалдемократската унија поради предвремена изборна кампања, дознава „Утрински весник“. Меѓутоа, претседателот на СДУ, Лазар Еленовски, како одговорно лице на партијата ќе куртули, затоа што нема правна основа за постапка во ситуација на нераспишани избори.

Со врзани раце е ДИК и за постапување против Џорџ Атанасоски, кој преку оглас во печатените медиуми, со зборовите „Џорџ е спремен... Дали вие сте спремни?“, спроти новогодишните празници, ја најави својата претседателска кандидатура. Постапките за физички лица кои немаат никаков статус во овој период се проблематични, објаснуваат во највисокиот изборен орган.

Официјална одлука за прекршокот на СДУ како правно лице, која на повеќе локации во Скопје се рекламира на билборди, ДИК ќе донесе на седница, најверојатно в понеделник. Општинскиот суд Скопје 2, до кој ќе биде адресирана пријавата за партијата на Еленовски, треба да одлучи дали Државната изборна комисија била во право или не. Според Изборниот законик, предвидената казна за правно лице, односно за политичка партија е од 3.000 до 5.000 евра.

Лидерот на СДУ, Еленовски, негираше дека паноата на кои се рекламира партијата се во функција на претстојните избори. Според него, станува збор за промотивна партиска кампања стара неколку месеци, а дека слоганот „Приклучи се“ испишан на плакатите значел повикување нови членови, а не гласови.

Откако Државната изборна комисија самоиницијативно ги сними првите промотивни рекламирања од потенцијални претседателски кандидати и од политички партии, најави дека дополнително ќе утврди дали се исполнети законските услови за поведување прекршочна постапка пред надлежните судови. Од ДИК нагласија дека ќе дејствуваат превентивно за да го спречат кршењето на Изборниот законик, а целта е претстојните изборни дејства да се спроведуваат во рамките на законските одредби. (К.Ч.)


Статијата е ��рочитана 486 пати.

Испрати коментар

Од: nikola
Датум: 10.01.2009 05:03:23
Eh Laze Laze, clenovi ne se baraat preku bilbordi! Antikolrupciska da proveri od kade se parite za ovaa kampanja!
Од: Јулкардаш
Датум: 10.01.2009 09:09:44
Уште една Марионетска партија на Малиот Далтон.Се плашам дека е формирана со иста цел како и Социјал Демократската Партија,само ќе треба да се најдат кандидати со слични имиња како на СДСМ.
Од: gv
Датум: 10.01.2009 10:51:07
Vakvi covek-partija ne treba da se registiraat bidejki nemaat dovolen broj na clenovii i ,se raboti samo za licni inetresi primer partiite na Zingo,Trajanov,Poposka i dr.
Од: Cando
Датум: 10.01.2009 11:02:29
Napred Lazare - se isplasija od tebe!
Од: kotorec
Датум: 10.01.2009 13:47:25
Imeto na partijata samata kazuva sto ecelta , kako onaa na branko janevski .DIK navreme toa treba da go spreci , na Gruevski mu se dosta dubari .
Од: Nikola
Датум: 10.01.2009 14:34:29
Kampanjata na SDU ne e protiv zakonot. Neka ne se srami DIK so vakvi neizdrzani obvinuvanja. Jas sum od SDSM i ne sakam nitu clenovi na SDSM vo DIK da se brukaat so neizdrzani obvinenija. Ne mu vrsat rabota na SDSM. Samo cesnost, odgovornost i rabotlivost se bara od funkcionerite na SDSM. Ne pristrasnost! A za funkcionerite od DPMNE,?E toa e poslozeno! Da bides clen na Familijata, da pokrivas deka si vo koalicija so teroristi, da molcis koga se rasprava za zakoni, da imas biznisi so fiskalni kasi za da ja finansiras partijata i familijata, da ne se mesas na familijata vo biznisot so uvoz na struja, da molcis za telekom, OKTA, nacionalna platezna kartica, Makedonija Tabak, ....
Од: meto
Датум: 10.01.2009 15:43:16
Каква реклама.ДИК не може да се справи со другите ,па го начека демек Лазета.А што рекламира кутриот.Себе си или партија.На билбордот да напишеше.„Го подржуваме груевски и ВМРО „.ниту ке беше реклама ниту пак ДИК ке видеше реклама.Баш сакам да знам што за ова ке рече г-н министер за правда.
Од: Vik
Датум: 10.01.2009 15:44:59
DIK da si ja raboti rabotata sto treba, da ne se zanimava so vakvi nepotrebni aktivnosti. Vakvite kampanji treba da se pozdravat, vaka se reklamira edna politicka partija na vistinskiot nacin. I daleku e od vistinata deka bilbordite se vo funkcija na izborite. SDU samo napred
Од: zelezara
Датум: 10.01.2009 17:04:19
Do nikola.Taka e Nikola ama antikorupciska da proveri kolku narodni pari se ptroseni od vladeackata partija za idiotski reklami
Од: bitolcanec
Датум: 10.01.2009 18:25:35
E Laze Laze od Bitola soberisigi bilbordite dzbe ti e vo bt tuka funkcioniraat tri partii samo VMRO-DPMNE SDSM I PODEM na Zivko Jankulovski se drugo ti e dzabe jas sum neopredelen .
Од: petko
Датум: 10.01.2009 19:09:58
Bate Laze , bate Zivko i uste nekolku , dobia finansiska podrska od ovcite za da pravat smut na izborite inace od kade pari da se reklamiraat koga znaeme kolku kosta edna reklama ili zaraboti od prodadenoto oruzje , koe ke mora da stopat zosto ne odgovara po nato standardite .
Од: Alek
Датум: 10.01.2009 19:26:38
Човекот си ја рекламира партијата, никаде не се спомнуваат избори! Ама на некој квази монарх со својот вазал ДИК очигледно не му се допаѓа трета опција. ДИК нека не затвора очи пред секојдневната предизборна пропаганда на владеачката партија. ДВОЈНИ АРШИНИ!!!
Од: Dragan
Датум: 10.01.2009 22:29:34
Sramota , koj nasol da kaze! DIK vo koja clenuvaat prestavnici na SDSM i na VMRO normalno deka ke se bunat protiv promotivnata kampanja na sopernicka partija ! Tie ne izlegle od kampanja so taa razlika sto nivnata kampanja e so drzavni narodni pari, a na SDU e so donatori kako sto i bi trebalo da bide ! Sramota , kako toa DIK nikogas ne pokrenuva postapka protiv VMRO , ne mi e jasno ! Duri i antikorupciska cija pretsedatelka e clen na VMRO , normalno nema nikogas zabeleski na kampanjata na VMRO so drzavni pari !
Од: Vera Ivanovska
Датум: 10.01.2009 23:23:29
,Gledajki go spotot na Elenovski na bilbordite ,pred nekoj mesec ,sakav da pobaram i da prasam kako da go pronajdam mojot ucenik i da bidam clen na negovata partija .Nikade nemase adresa.,nitu telefon.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Политика
Владата го стега обрачот околу ЕВН, Австријците молчат
Државниот врв на ручек кај поглаварот Стефан
Прва виза за измените на Законот за помилување
Првостепени пресуди за изборни нерегуларности најдоцна до март
ДИК и ЗЕЛС договараа детали за изборите
Донесени измени на повеќе закони
Редовното покачување на пензиите Владата го прикажа како свое
Декемвриските пензии пониски поради посмртнината