Измените на Законот за помилување вчера во првото читање обезбедија зелено светло од Собранието. Следува второ читање во матичните собраниски комисии. Благородна Дулиќ од ВМРО-ДПМНЕ рече дека се врши превенција таму каде што не може да се примени институтот помилување. И тоа за најчувствителните дела - педофилија и извршители на изборни насилства. На тој начин се воведуваат правила на игра која претседателот треба да ја почитува, вклучувајќи и мислење од министерот за правда, пред да ја донесе крајната одлука за помилување.
За Андреј Петров од СДСМ е нејасно според кои критериуми се избрани овој вид кривични дела за кои нема да важи правото за помилување од претседателот. „Ставот на СДСМ е дека во овој момент ваквото решение е несоодветно, не нуди видливи докази дека е базирано на одреден критериум. Потценувачки е и за граѓаните претседателот што го бираат на директни избори да има помал кредибилитет од нас пратениците во ова Собрание“, рече Петров. (Д.Р.)
Побрзајте со тој закон, оти до крајот на мандатот не само Заев, туку Црвенковски ќе ги ослободи сите други криминалци.
Од: osteten od samarija
Датум: 10.01.2009 12:51:21
pobrzajte so pomiluvanjata zasto sopstvenickata od gradeznata firma SAMARIJA e spremna i da plati od ukradenite pari od graganite za sloboda a nie ostetenite naucivme deka drzavanite sluzbi se vo sojuz so kriminalcite- tamu e parata neli e ova pazarna drzava.
Од: ДимоАго
Датум: 10.01.2009 19:00:10
Се согласувам со измените на законот за помилување и ја подржувам владата за тоа.Ама,како што кратат некои права на претседателот така треба се зголемат некои други права.Нека не забораваат дека утре може некој од ВМРО да стане претседател,а некој од СДСМ премиер.А ти ИКО засрами се за твоите цинични коментари.Прво Заев не е криминалец, а второ Бранко има поважни работи од вашите глупости да ослободува криминалци.