ДПМНЕ смета дека отворањето веќе отворена сала или префрлувањето исти компјутери од училница во училница ќе биде доволно да се изманипулираат гласачите
Премиерот без мандат (ќе му каже ли некој дека не е веќе премиер?) изминатава недела ја посвети на средби, сликања и тон ветувања. Средби со вмровци маскирани во експерти. Експерти кои се тоа до 12 часот, а навечер се молат премиерот без мандат барем да ги погледне на седница на Извршниот комитет. Овој пат ветувањата не се ниту во сто чекори (зашто тие пропаднаа), овој пат не се ниту портокалови (зошто црвенеат од срам зашто не се исполнети). Останува само една заедничка нишка, а тоа е дека и овие ветувања нема да се остварат. Зошто? Па знаете некое ветување што го исполниле? Станавме членка на НАТО? Добивме датум за преговори со ЕУ? Подобра економија? Зголемени инвестиции? Сто илјади компјутери? Справување со непотизмот и владеење на правото?
Она што е посебно карактеристично, денешните ветувања се однесуваат на 2009, 2010, 2012... Стипендии за асистенти од 2009, грантови во земјоделството од 2012, спортски сали за 2011, базени за 2015, цела декада напред, ама нема ништо за 2008 година. Како што тргнале, од „ДПМНЕ од Дивиот Запад“ ќе понудат и автомобил за секој матурант во 2028 и бесплатни цуцли за бебињата во 2034. Има за иднината, ама нема ништо за сегашноста, нема ветувања за периодот од 1 јули до 31 декември. Нема колку ребаланси на буџетот ќе бидат потребни за да се покријат дупките од недомаќинското трошење, нема од каде ќе се најде хранарината за државните службеници, бидејќи партиските вработувања за време на кампањата ја испразниле цела ставка. Како ќе се надоместат изгубеното време и изгубените буџетски пари. Всушност, како што тргнале ДУИ и ДПА, се плашам дека до крајот на декември можеби и ќе има прегласувања.
Можеби пострашно од лажните ветувања е грубото газење на законите во Република Македонија. ДПМНЕ и премиерот без мандат се однесуваат како да се во зенитот на Дивиот Запад. За нив не важат закони, за нивните активности, јавниот обвинител како да е во Салун, антикорупционерката заспала со увото на некоја шина, а ревизорката е на покер-тура по Мисисипи. Се однесуваат како да се шерифи (им се извинувам на славните шерифи Вајат Ерп и Док Холидеј), иако единствена сличност со нив е што како да се тазе симнати од долго јавање. За тоа време, брзата железница кон Европа останува без вагонот наречен Македонија. За тоа време во Европа ги губиме пријателите, инвеститорите. Има нови станици, нови патокази.
Целокупната јавност е сведок дека, секој ден, се исмејува законот за спречување корупција, дека се газат законите, се понижува Уставот. „ДПМНЕ од Дивиот Запад“ го остави својот палјачо за претседател, газејќи го Уставот со единствена цел, да демонстрира дека на Дивиот Запад нема Устав, дека коњокрадците владеат со демократските институции. Дека можат да влезат каде што сакаат и да пљачкаат. Но, за коњокрадците следува она што палјачото од претседател, последниот ден, го покажуваше со рацете кон еден пратеник од опозицијата. За секој узурпиран ден во претседателската собраниска фотелја ќе биде казнет по примерот на најславните казни од Дивиот Запад, со „прошетка“ по преријата. Секој трошок во секој узурпиран ден ќе го враќа со камата, и тоа дебела.
Потценувањето на граѓаните оди дотаму што „ДПМНЕ од Дивиот Запад“ смета дека отворањето веќе отворена сала или префрлувањето едни исти компјутери од училница во училница ќе биде доволно да се изманипулираат гласачите. Дека со две чешми и три цевки ќе се заборават неостварените ветувања. „ДПМНЕ од Дивиот Запад ќе ги окупира сите „салуни“, ќе јава цел ден и ќе крева прашина, ќе го „убеди“ Советот за радиодифузија дека европските 6 минути реклами во 1 час на Дивиот Запад се 8, дека тоа за барменот од Салунот Сител не важи и тој може да им точи на коњокрадците колку што сака и колку што сакаат тие, за цената не се прашува. Ако треба и со бонови.
Сепак, најстрашно е тоа што Македонија стагнира, што според анкетата на ИРИ, 33 отсто велат дека Македонија оди во погрешна насока, а 28 отсто се изјасниле за правилна насока. Нема НАТО-покана, има инфлација, нема датум за преговори, има растурен Клинички центар, нема инвестиции, има импровизации. Наместо нови работни места, политички притисок врз судството. За жал, Македонија оди во погрешна насока. Останатите 40 отсто (исто како и за партиите) не се изјаснуваат за насоката, тие не се изјаснуваат за ништо, плашејќи се од оваа тоталитарна власт. Тие си го чекаат 1 јуни да кажат во која насока оди Македонија. Први јуни е шанса сите граѓани да ја изберат насоката, колку помасовно толку подобра насока.
Анкетата покажува, како никогаш досега, поддршка за евроатланските интеграции. Мислењето дека ЕУ е решение за нас и за нашите проблеми, од 44 отсто поддршка, добива 56 отсто поддршка. Само „ДПМНЕ од Дивиот Запад“ си има балкански манири, па троши огромни пари за кампањи со кои со прст ни боде очи, демек не знаеме кој сме и демек сите граѓани се како вмровците, па не си го знаат идентитетот и за тоа некој треба да ги потсетува со прст в око.
„ДПМНЕ од Дивиот Запад“ ќе сака да ги зајакне притисокот и стравот со огромни постери на премиерот без мандат. Ќе го зголеми бројот на шерифи, давајќи им значка само за еднократна употреба, само 1 јуни да биде ден на страв, а не ден на надеж. Шерифите ќе сакаат да се сами на тој ден, ќе посакаат наместо ден на надеж, да биде ден на страв.
Тој страв мора да се надмине. Тој страв се победува со заокружување на ливчето, тој страв мора да престане, неизвесноста за иднината на Република Македонија мора да стане минато. Граѓаните бараат светлина, доста им е од медиумски мрак, граѓаните бараат насмеани лица, доста им е од корумпирана сатира. Граѓаните бараат промени. Шансата за подобра иднина граѓаните ја гледаат во Европа.
Две изгубени години се доста. Македонија нема време да се луксузира со уште понеизвесни две. Како одговор, во Македонија се раѓа една широка европска коалиција.
E, moj Makraduli, Makraduli, zareima pogolemi konjokradci od vas ima nekade!? Zarem zaboravivte na site aferi vashi vo osumte godini vladeenje od TAT do Dzemaili i delovite so tenkovite pa ushte pred toa so znameto so i meto ushte li da nabrojuvam? Ami privatizacijata...!!!??? Bidi siguren onie 40% neopredelenite samo tebe te chekaat i zatebe kje glasaat, ti si im najdobriot teshko mi ti tebe, tolku mi ti delile!!!
Од: Od mene
Датум: 26.04.2008 01:11:43
Odlicno napisano ama Jani vmrovcite nikogas nema da te raberat , za niv evropa e daleku kolku i mars, za niv evropa e dostizna samo preku bugarskite pasosi, tamu sakaat da ne odvedat, zalosno e sto koga ke svatime sto ni stori ovaja mafijaska vlada ke bide kasno, togas kako i sega ke se cudime kako bilo mozno bugarin da ni bide premier (ljubco gorgievski) togas ke velime : pa od kaj sme znaele deka grujo sakal da ja federalizira Makedonija ili mozebi pak drugi ke bidat vinovni sto grujo ne upeal da ne odvede vo evropa, zalosno e kako voopsto mozevme da mu dozvolime na hazarder da ne vodi Zalosno, no znaete kako se veli ! sto sme barale toa i sme nasle, se nadevam deka sepak nema da izgorime. Familijata na grujo se nafatira i za niv evropa e nivna koga i da posakaat.
Од: maximus,nj, sad
Датум: 26.04.2008 01:48:12
Ismejuvanje,plukanje i navredi.Vo red e i toa-demokratski e. No,da gi socekame izborite i da vidime sto misli narodot.
Од: mitko inicira istraga
Датум: 26.04.2008 01:53:54
Mnogu tupis i davis, nemas talent za pisuvanje, toa e toa. Nego, daj ti fino-lepo ispitaj sto planiraat ovie kriminalci od VMRO so promenite vo komisijata za denacionalizacija vo Ohrid. Izgleda nekoj saka da si gi denacionalizira vo svojot djeb najatraktivnite kampinzi i vili. Pozdrav do bitangite koi se potpisuvaat kako Zagrizeni mladi intelektualci so napomena deka ovaa tema vo nikoj slucaj nema da bide zaboravena.
Од: коректор
Датум: 26.04.2008 02:11:42
па ако "премиерот" e премиер без мандат како што кажува Јани, зошто на крајот од колумната е запишано дека "авторот е пратеник".
Од: Karposanec
Датум: 26.04.2008 03:53:49
Bas me interesira odgovorot od vas ili eve od vasite partiski potrckovci "Zosto narodot vas ne ve saka" eve po bilo koi anketi i razgovori sekogas izleguva deka e taka. Kako politicari sigurno ste se zaprasale zosto ljugjeto ne ve sakaat i ne mozat da ve smislat. Bas toa mnogu me interesira. Dali vasite sjajni dosegasni uspesi se dolzat za toa ? neznam, eve jas sum glup , a vie objasnete mi bez da go vregjate Makedonskiot narod.
Од: ВЕ
Датум: 26.04.2008 04:16:56
Јанис ти откако им влезе во СДСМ им го застури,оде партијата,и тој Бучко лепотанот од Демир Хисар.Нека ве исчисти прво вас СДСМ и можеби ке ги гласа некој.А, тие од ДПМНЕ тие исто секој втор им е СДС,вметнати и тие незнам како вас почнаа.А,коментаторите сто зборуват за Бугарија лошо,ич не се во право,шиптариве зедоа замав, од бугарите само им е страв.Европа и подрзува,ама и бугарија е во НАТО и ЕУ,ај да не ги молиме.Не сум бугарашка,ама мислам ако сакате страот на шиптарите да им се врати само така подобруванје односи со бугарија.И напрајте споменик од Александар п... скопски, Скендер бег вие среде Скопје, на сто клипови го гледам кај отвори на интернет само Скендербег и орлите да ги исколфаат.Нека гоментираат сега албанците ме заболе.Јас сум за подобри односи со БГ инаку не ни се писува арно.Скопјаниста во се грешна политика водите.Јанис ти марш од СДСМ, и Груевски тендерот надвор,нека тие и брат,па и кум не ти мисли добро.....
Од: logika
Датум: 26.04.2008 04:35:12
Jani Makraduli.Bidi siguren deka ke izgubite furiozno.A koi ste vie? Kriminalistickiot SDSM od Bliskiot Istok????
Samo napred Gruevski-pola Makedonija e so tebe!!!
Од: Notka
Датум: 26.04.2008 05:11:19
Навистина не се почитуваат позитивните законски прописи од досегашнава владеачка гарнитура.Па владата е *ТЕХНИЧКА* и таа воопшто нема мандат да прави промоции со отварања сали,удирања камен темелници,носење одлуки за преименувања од болница во клинички центар, да организира конференции со бизнисмени,синдикатот ,земјоделци и др.асоцијации се со цел за промовирање дека *ЌЕ* направи во ИДНИНА се и сешто.А досега што направи,какви резултати постигна и зар така мисли дека лесно ќе се ослободи од дебаклот и пустошот што го направи во изминативе две год.Навистина дејствуваат како да се на дивиот запад ама како индијанци.
Од: slave dimitrov
Датум: 26.04.2008 06:03:09
Jani, daj nesto po konkreto ..ne gubi vreme dzabe...ova epten tracarenje ...ne lti lici.
Од: Тасе
Датум: 26.04.2008 08:14:23
Немој така Јани, па тие се патриоти (само за сопствениот џеб). Имаме м-р по екон.науки кој со чичко Глишо, го заврши факултетот, па стана министер за финансии (не беше на седница на Влада за Окта), проектот НПК е негова заслуга, 31,12,2007 пак Окта, па комјутери, па ТЕЦ, па Орка...
На западот ништо ново. Јани Крадлото разочаран во народот бидејќи не го слуша и не му верува на лагите и глупостите почна да плука со најнавредливи зборови по се што ��рда во ВМРО-ДПМНЕ. Што би се рекло: Ко Максим по дивизијата. Г-дине Јани што вие направивте во оваа држава: Криминална приватизација,ТАТ,криминал и корупција од невидени размери.Од перспективна држава не претворивте во бастион на криминалот и корупцијата.Шверц со нафта,цигари,дрога.Невработеноста ја подигнавте до незапамтени граници.Ги затворавте добрите фабрики за багателно да ги купат вашите олигарси. А што прави ВМРО: реформи во даночниот систем,во задравството,образованието,регулаторна гилотина,покачување на платите и пензиите,субвенции во земјоделието,компјутер за секое дете и др. Г-Дине Крадули не се виновни ВМРО бидејќи не сме досега влезени во ЕУ, туку виновен е тој што 17 години не држеше како заложник на десетина олигарси и не вршеше реформи само за да ги оствари партиските бизнис интереси.
Од: Makedonec vo EU
Датум: 26.04.2008 10:28:55
Tesko na taa zemja koja stignala do sostojba za Jani da ja spasuva... (znam deka komentarov nema da bide objaven, kako i obicno, ama jas da si kazam :)
Од: vrves
Датум: 26.04.2008 10:53:57
Avtorot e poranesen pratenik i ne zasluzuva komentar.
Од: Kumanovac
Датум: 26.04.2008 10:56:09
Dzabe pisues be Makraduli kd nikoj vise ne ti verue u toj sto ke ga napises ili ke ga kazes kd vise svi te gledav kako lik od EDNOOKI ''' eeeeeeeeeee da be pa ja kriv ''
Од: Patriot
Датум: 26.04.2008 10:57:08
Eden pratenik od Mak.Parlament sekoja nedela odi vo Dubai na pazar.Da ne e od SDSM?Istiot toj zivee vo Bugaria a pratenik vo Mak.Parlament.
Vo slucajot OKTA parite kade se?Vo Bugarija kaj siromaviot sto odi vo Dubai na pazar.Koj bese togas minister za Finansii Premierot segasen i kaj ja vodi toj Makedonija?Vo federilalizacija so Blgarskite ,,Bratia''Koi prvi ja priznaa drzavata a narodot bil,,Blgarski''.Eh moi simpatizeri na DPMNE Razbudete se koj ja pretstavuva taa sveta partija VMRO dali bea takvi Vojvodite kako ovie ligusi sto se sami narekuvaat VMROVCI Ja sramat nashata sveta istorija i svetata partija VMRO.
Од: igor
Датум: 26.04.2008 11:06:59
Kazete Makraduli, ako pretrpite poraz na izborite koja odgovornost ke bide vasata odgovornost i dali ke oslobodite mesto vo partijata na drugite. Na kratko, ako izgubite da ve snema Makraduli od politikata
Од: kiki
Датум: 26.04.2008 12:01:51
Imam custvo deka koga SDSM beshe na vlast sekoj mozeshe slobodno da ja ispluka vladata. Denes, imam custvo deka ako kazesh neshto loshto za politikata na VMRO DPMNE kje letash od rabota, kje te degradiraat, kje ti se iznavikaat i ponizuvaat pred kolegite... Navistina postoi strav. Znam mnogu shto go pocustvuvale toa na svoja koza. Znam mnogu koi Grujo, samo poradi toa shto ne se soglasuvaat so negovata politika gi donese na rabot na egzistencijata. Mislam deka brojot na lugje na koi premierot gi napravi nesrekjni e mnogu pogolem od brojot na onie koi gi napravi posrekjni.
Од: igor pp
Датум: 26.04.2008 14:46:00
dobro be da ve prasam vas od vmro.slepi li ste sto na site nas ni se slucuva,slepi li ste deka narodot otkako dojdovte leb nema da jade,slepi li ste deka vmro e probugarski nastroen,slepi li ste sto samo lujedze od vmro vadat pasosi vo bugarija vo posredstvo so bugari.ne definitivno neste sbvesni.sonuvate za bugarski pasosi i bugarski koli,dajte malku sonuvajte za makedonski pasosi i makedonski koli koi ce mozat da se dvizat nasekade vo evropa togas ne ce ni se potrebni bugarski?sdsm napred nie sto sakame da sme makedonci vas ve sledime ajde belki veligden ce gi osvesti lujdzeto koi ne se sakaat sebesi.neka ni e cestit praznikot
Од: Инос
Датум: 26.04.2008 14:55:35
Господо, подржувачи на ВМРО. Можам да ви кажам дека изборите на 1 јуни ке ги изгубите. Со нападите што ги правите врз преставниците на СДСМ само си турате ладна вода врз себе, за да на судниот ден не паднете во длабока кома. Не анкети, туку свети анкети да нарачувате крајот ви е близу. Туку ке си најдете излез, ќе потрчате по бугарски пасоши.
Од: demokrat
Датум: 26.04.2008 15:42:12
Jani povtorno ne davi. Ako misli deka poradi manite na Grujo i kompanija ke glasam za nego, gadno se laze. Ovie dve godini bea samo kontinuitet na prethodnite 15, vo koj SDSM-to na Jani vladeese celi 10 godini. Ne zaboravaj deka tokmu Ljubco kako Premier go potpisa dogovorot za stabilizacija i asocijacija so EU. Toa jasno kazuva deka i konzervativnite makedonski vladi vlozuvaat vo evroatlanskite integracii. Zatoa daj kazi kakva alternativa nudite vie, kakvi idei ke ni ponudite i koi kadri ke gi lansirate vo samiot vrv. Ako povtorno se odlucite za Bucko, Gorgi Spasov, Nikolce, Handziski i ostanatata stara kompanija, togas vo start ne srakate mnogu ponazad od 2006. So takvi kombinacii ne samo sto ke gi izgubite itborite, tuku ke ja izgubite i partijata!
Од: nacional panasonic
Датум: 26.04.2008 15:44:51
Прво не се слагам со Макрадули, затоа што ја нарекува владеачката партија ДПМНЕ. Нејзиното полно име е ТАКАНАРЕЧЕНАТА ВМРО (ДПМНЕ). Го украдоа светото име на сите Македонците и го извалкаа. Да се викаа само ДПМНЕ, сега немаше да добијат ниту два пратеника. Народот се лаже по историското ВМРО и гласа за нив. Ако добијат на изборите (мислам ако ги лажираат), нашиот ал и кучињата нема да јо јадат. Тогаш ќе се видиме на наредните вонредни избори во 2010 год., не во ФИРОМ тику во ФРМ (Федеративна РМ), со плати од 20 евра.
p.s. АМА МИ СЕ ГЛАСА !
Од: Trte
Датум: 26.04.2008 15:59:38
Na diviot zapad ziveeja edni koi se narekuva kauboi.Tie se zamisluva deka se mnogu pametni a bidejki nemaa vo glavata imaa samo vo racete zivotot ne i vredese nitu 1 cent.No sega sme 21 vek ,koj saka da veruva ta tie praznoglavi neka odat na Krivolak i neka si ja probuvat srekata.Ovoj narod koj saka da zive pristoen i posovremen zivot treba da go ostavat na mira.Kaj tie kauboi od diviot zapad se sto e steknato e steknato so sila a ne so um.Eden kauboj srekata si ja probal i vo boksot ama po nekoja slucanost uspeal nekako nekade da iskopa nekoja diploma i stanal premier.Slusam sakale predlozi od narodot. i deka ke gi prifatele a se prasuvam dali ke gi ispolnat kako vetuvanjata od pred dve godini.Na zdravje neka ni e ako ima istomislenici koi sakat dva veka da ne vratat NAZAD.No veruvam ne ni treba vremeplov ni treba idnina.
Од: Tode Sydney
Датум: 26.04.2008 16:26:45
Jani dosta e so pisuvanje.
Ke se vidi rabotata na 1 juni.
Од: Paraskeva
Датум: 26.04.2008 16:36:18
Дали си Јани информиран за вработувањата? на едно работно место по 4 изврШители и сите канцелариски пацови. Еден работник нема. Сите бдобија запослување , но не и работа. Во администрацијата нема игла каде да се фрли. В скут некаде да се седне . Бироа нема... Занци се гризат ваза невработеноста
Од: milko
Датум: 26.04.2008 16:45:35
ne e kriv covekov sto go napadjate?
tolku mu opredelile i toljku go naucija,
gleda mnogu filmovi i znae za serifi,a ne znae za ministri za odbrana{tenkovi} neznae za ministri za finansii{tat,i sl}neznae deka se druzel so godini so kolegi so falsifikuvani diplomi,
ne znae deka samo zad dobar konj se kreva prashina.
no sepak mu blagodar za za site negovi uspesi kako i partiski,
vo nivniot mandat bevne vo evropa ovi sega me izvadija od evropa,vo nivniot mandat bevne vo nato
sega nesne,vo nivniot period zivevne so pogolemi plati i pebzii sega ne,vo nivniot covekov pisuvase kolumni sega mu se zabraneti i sl.
ostavetego covekov namira tolku mu deli le na trite veceri
Од: zaljubena vo Mile
Датум: 26.04.2008 17:02:27
Jani, ne e fer sto, i pokraj serioznata situacija, pocna da go izostavuvas Mile vo kolumnite! Svetla zvezda na makednskoto nebo. Kakov bese na slikata so popovite i Grujo, na scenata-stanovi za mladi bracni dvojki????
Mile za dozivoten minister!!! Za 30 godini mozebi kje pocne da lici na Velja Ilic od severniot ni sosed.
Од: Ага турко
Датум: 26.04.2008 17:02:35
Потполно се соглсувам со колумната на горподинот. Време е на буденје. Будетесе грагани. ДПНЕ не носи во опасни води. ДПНЕ плива во окенаски таласи од каде што не ќе може да се спаси. Држава со големи лаги не се води!..Будетесе Македонци!..Или, се плашам дека со оваа политика на ДПМНЕ македонството ќе исчезне. Нека биде ова вистинско предупредување со искрен совет од ваш верен пријател: Ага-Турко!!
Од: krste
Датум: 26.04.2008 18:00:21
Odlicna kolumna za stravot koj vladee vo drzavata.Strav ima nasekade i site se plasat.Jas se nadevam deka na prvi juni tij strav za cas ke go snema i graganite ke go kaznat vakvoto losovladeewe
Од: Alex
Датум: 26.04.2008 18:21:28
Ha ha ha.Bas me iznasmea Jani Vojvoda.Podobro da napisese deka si vojvoda vo zagrada otkolku pratenik.
Kontradiktornosta so samiot sebe e tvoeto oruzje!!!
Од: kokan
Датум: 26.04.2008 18:27:30
Jani... gledam mnogu gi zivciras VMRO-vcinjava... sirotite krajno nekulturni, nepismeni odnosno polupismeni zatoa sto brzo doagjaat do diplomi, ama pak krajno vljubeni vo VOZDOT Grujo... za sozaluvanje se kutrite zaedno so Grujo i familijata... samo sto visokata cena na nivnoto vladeenje ke ja plati Makedonija...zalna nasa makedonija...
Од: stipjanec
Датум: 26.04.2008 18:45:32
Makraduli e mal "Titanik"
Од: Do Igor
Датум: 26.04.2008 19:24:44
Игоре не се секирам за тоа дали ке победи или ке изгуби Макрадули но со таа власт се секирам дали ке ја има и дали ке опстои Македонија.
Од: mihailo
Датум: 26.04.2008 21:27:44
abe braka VMRO na vlas, vojnicka so albancite,VMRO na vlas,nema pokana za NATO.pa treba li i uste da veruvate???.do koga be braka makedonci?do koga?SDSM e taa sto ne vodi,tamu kaj sto treba,nikoj drug.razbudete se makedonci,nie sme makedonci,i ke ostaneme makedonci,vo nasata stradalna MAKEDONIJA za sekogas i vo vecni vekovi.neka ni e cestit praznikot ,na site pravoslavni."SITE ZAEDNO ZA MAKEDONIJA"
Од: acko
Датум: 26.04.2008 21:58:37
Владата лудо се забавува на наша сметка
1 "Ти си Македонија" и "Од тебе зависи" се слоганот и пораката на новата владина кампања. Според објаснувањата, кампањата била потребна бидејќи "индивидуалната одговорност и енергија се претвориле во пасивност, бездушност и апатија".
Значи тоа било работата. Билбордите со тупаницата што ми се заканува треба да ми ја вратат душата и да ме извлечат од апатија. А јас, пак, си мислев дека требало пари да се исперат.
Уште кога ја најавија кампањата, се чудев зошто Груевски има потреба да ме убедува дека јас сум Македонија.
Е па сум! Сум останал тука, тука ми живеат децата, одат во државни градинки, чесно и успешно работам, плаќам данок, гласам на избори, немам бугарски пасош, ме малтретираат во редиците за визи, се лекувам во јавното здравство и нема да одам на одмор во Грција.
И Владата сега, место да си ја заврши својата работа, сака да ме убеди дека јас сум во апатија и не сум доволно свесен за Македонија, па ќе ме освестува со билборди. И т
Од: Phantom
Датум: 26.04.2008 22:34:38
Jani najdi si druga rabota...kako kolumnist i politicar ne te biva! P.S. E da beeeeeeee.... (gledajte Ednooki)
Од: Читателка
Датум: 26.04.2008 23:42:50
До разно-разни патриоти од белиот свет
Не ви се допаѓа Макрадули, ве разбирам ниту мене баш не ме бендисува. Ама силни патриоти лесно ви е на вас од далеку да ни солите памет на нас Македонците во Македонија. Дојдете, вратете се во татковината, живејте со просечна плата од 250 ЕУР, чекајте најмалку две недели за визи (ако воопшто ви ги дадат и тоа со траење 5-6 дена), плаќајте данок на оваа држава, чекајте со години вработување (ако воопшто земате плата кога ќе се вработите) издржете машки се што издржуваме и ние тука па потоа солете памет. Лесно е да се избега од државата оти немало живот во неа, па после од страна да се вика УРА.
Од: Dimitar Makedonski
Датум: 27.04.2008 03:35:58
Ovoj komentar e do barakjata moi Makedonci koi ostanaa slepi so sdsm. Kazete mi sto napravi sdsm za Makedonija vo izminatite 12 godini? Nesakate ili ne mozete?! Da poceneme od pocetok i da ve potsetime: TAT,fyroM,380 000 nevraboteni,unistena ekonomija,siromastija,korumpirana privatizacija na drzavniot kapital, koalicija so UCK -DUI t.e. istite lugje koi samo mesec pred toa pukaa protiv vas, vasata drzava i vasiot narod,velepredavstvo na Struga i Skopje, arogantnost ignoriranje na vasiot glas na referendumot vo 2004,legalizacija na albanskoto zname a dokolku gi izglasate sdsm kje go izglasaat zakonot so koj ke se oficijalizira albanskiot jazik kako vtor na drzavno nivo. Sledat "bacilo" 12 millioni$ na ovcar, 4 millioni$ za nabavaka na tenkovi od Buckovski koj tvrdi deka ne znaj kade se parite, opsada na Kondovo 2 meseci, bombardiranja ne policiskite stanici niz Skopje, Tetovo i Gostivar,i red drugi raboti! Razmisli malku sto pravis! Razbudise narode moj Makedonski!!! Sdsm se predavnici!
Од: Mina
Датум: 27.04.2008 09:08:43
Vlasta najverojatno e slatka i parite sto mozat da se zarabotat koga si na vlast.Nemozam da razberam zosto tolku e vazno vleguvanjeto vo NATO za Makedonija?Jas ziveam vo edna zapadna zemja koja sto ima visok standard ama ne e vo NATO i lugeto ovde ne sakaat da vlezat vo NATO.Mnogu direktori,doktori i drugi se fateni za korupcija i toa ja boli predhodnata vlast.Kako ne im e stram ?Sto napravija tie,samo ja stavija zemjata na prostacki stap pa sega im e kriv Gruevski.Vie bevte DIV ZAPAD koga bevte na vlasi i VIE bevte mafija so Don Kolreone(Crvenkovsi,Buckovski i kompanija)
Од: коректор
Датум: 27.04.2008 09:31:11
Авторот е БИВШ пратеник и таков ќе остане засекогаш(бивш), а Вас Ви препорачувам да не објавувате коментари од бивши пратеници.
Од: MKD forever
Датум: 27.04.2008 11:44:47
Jas se nadevam deka MAKEDONSKIOT nema da stane bivs narod a Makedonija bivsa drzava.
Zatoa, na 1vi juni Gruevski mora da si opdi! Sekogas koga e toj ili Ljubco na vlast se slucuvaaat istite raboti! Ocigledno e smisleno scenario protiv Makedonija
Од: Gospod
Датум: 27.04.2008 15:47:17
Jani e ist kako tie od Div zapad. Puka po sekogo. Kolku citam naokolu mnogu promashai. Skoro pa 100%. Mnogumina od tie sto izlegle od Makedonija i se naseleni naokolu po svetot vo pogolem del bi se vratile. Ama pouceni od denovite na odmor vo Makedonija i videnoto sigurno se mislat i premisluvaat. Zosto. Dali da dadat pari na SDSM ili na VMRO ili na nekoj drug. Zosto? Pa mnogumina so pomisla na vracanje ostanaa bez zastedeni pari ili neuspeshen biznis zaradi SDSM ili VMRO ili nekoja druga partija. Samo eden mal detalj - posadenite sadnici vo akcijata na koja svetot treba da i zaviduva se prodavaa sledniot den na pazarce. Napredok taka ne se gradi. Isto taka napredok ne se gradi preku zemanje pari za promena na imeto na Makedonija. Vo cel svet e edno pravilo. Sekoj sam si ja gradi svojata idnina. Plata od 250 evra ne e opravduvanje deka na nekogo mu e potesko a nekoj sto zarabotuva 2500 mu e polesno. Toj sto zarabotuva nadvor od Makedonija gi zarabotuva parite na mnogu pocesen nacin.
Од: london
Датум: 27.04.2008 17:44:20
tipicno od Jani kako i od negovata SDS go kritikuva premierot deka veke ne e premier(zakonski ne e tocno, Grujo e premier se do izbor na novi pratenici i so toa nova vlada) a treba podobro da go znae zakonot po tolku sedenje vo pratenickite klupi, na seta ironija se potpisal kako pratenik a po zakon e bivs pratenik.E Jani kravaru(cowboy) eden,go prepozna Diviot Zapad sto go sozdade tvojata partija SDS vo vremeto na svoeto vladeenje, a nemozes da se prepoznas samiot sebe deka si COWBOY zaedno so tvoite sopartici(sekoja cest na retkite isklucoci) i se zalis od Grujo deka e sheriff. SDS treba da se iscisti od takvi kako tebe koi ja pravat partijata da lici na zbir od COWBOY'S so se glavnata COWGIRL, taka Makedonija ke prestane da lici na DIV ZAPAD.
Од: Toni, Kavadarci
Датум: 27.04.2008 18:20:18
Samo slucajno vlegov vo Utrinski i ja vidov kolumnata na avtorot, dobro poznat na site, i veruvajte bez da procitam nesto drugo osven naslovot, velam PRESTANI veke ednas i ZAMINI si, iako nemas ostaveno blo kakva traga.
Од: Стојко
Датум: 27.04.2008 22:02:10
Ова стварно не е фер! Оние што мислат дека имаме влада (која патем, да не е министер за правда, ќе беше скоро малолетна) што има потенцијал да ја води државата, имаат таа можност и тука и во другиот весник. Во тој другиот (чие име е спротивно на Утрински), пак, јас и многу како мене не можат да привират (освен 1-2 пати), затоа што постојат платеници со една единствена цел: Да се заштити делото и ликот на најхрабриот премиер. Извините, ова беше off topic, али немав многу избор!
Од: Mile Nacionale
Датум: 28.04.2008 01:56:28
Onoj, stariot od DPMNE, za malku ke ja urnisase drzavata za da potoa stane Bugarin. Ovoj noviot na zaminuvanje e na dobar pat da go nadmasi svojot prethodnik! Zar treba uste da mu veruvame?
Од: marina
Датум: 28.04.2008 02:29:16
site velat deka utrinski vesnik bil glasnogovornik na SDSM,pa poglednete gi komentarite,se utepaa vmrovcite pisuvajki.Aaaaa,da poglednete vo Vecer malku,restrikcija bratce,nema komentar koj e objaven a pisuva loso za Grujo eeeee toa ti e demokratija.Pisuvajte vmrovcinja do 1 juni samo toa ke vi ostane-plukanje,navreduvanje,poskapuvanje,lazno vetuvanje,lazirano apsenje,reklamiranje ama od dobro ziveenje nema ni bukva Z.Bidete od London-razmisluvajte Logicno-preselete se vo Kocani ,Kumanovo ili kako Toni vo Kavadarci,glumete Gospod a po moznost stanete Korektor ili Mina,zamislete si deka ste Dimitar Makedonski (ako vece ne mozete Aleksandar ) i na krajot kako Fantomot od operata zaminete vo dlabokite katakombi na minatoto -eeee,toa e dobra idnina za Makedonija.
Од: Porno .!. Zvezda
Датум: 28.04.2008 04:45:56
Bolkata na Jani (i ostanatite mladi kadri na sdsm) e vo toa sto ne bese na funkcija dodeka SDSM drpashe na angro. Sega i toj bi sakal taka, bidejki slusha od starite volci na sdsm pijankite i shmrkankite kako se nosele doma vreki so pari. Kasno e drugar Jani, ama bidi si uporen, pisuvaj si kolumni, rejtingot na tvoite so tebe dobiva dodatno zabrzuvanje nadolu. Patetiko...
Од: ane
Датум: 28.04.2008 12:14:04
da ne bese ova div zapad,brate ke nemozese da se pojavis na videlina ,a kamo li kolumni da ni pisuvas,pa nie budali da ne sme ne znaeme vie koga bevte na vlast kako cvetase,nie nisto ne vidovme,pa sega pak sakas da procveta,da ve glasame i se ke se smeni-tolku li mislis deka sme maloumni?pravo da ti kazam nekoj mene da me prasa jas site vas vo parlamentot,ama bas site bi ve isterala od tuka,od koren i duri da ne pomislite ni da pominete pokraj parlament,ni drugive,ama vie pak kaj trcate,od vas li da ocekuvame nesto da opravite?ne fala jani tolku pa nenormalni ne sme da znaes,besramnici ke ne vodat nekade...div zapad?koj znae sto planirate,ama arno ne e,se znae toa,zatoa skrij se po porazot na izborite,dovolno se ispuka pred izbori-se nadevam posle 1 juni nema vesnikov da go gnasis
Од: perica
Датум: 28.04.2008 15:11:39
Druze Jani,
nemoj temolam da pravis sporedbi so div zapad koga veze nemas od vestern.
Dok Holidej nikogas ne bil serif, covekot bil doktor a so Vajat Erp bile samo prijateli.
Од: borce devicanec
Датум: 28.04.2008 20:57:45
Јани, навистина ако мислиш дека некој те чита, страшно се лажеш. А веќе ако мислиш декА некој и ти верува, тогаш слободно обрати се кај својот матичен. Се занимаваш со другите, како селска оговарачка. Дај напиши што си направил, што ќе направи твојата партија за народот, па ајде ете и пофали се што направивте со Бучко, Џанго и уште да не ги набројувам од Вашите владетели.
Пред силата на аргументите и боговите молчат.