Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Мислења

Патриоти и предавници

Филип Петровски

Пратениците сакаа да бидат хумани со туѓи пари, башка што навистина не сум сигурен дека ќе ги донираа платите. Ако сакаат да бидат хумани, можат да издвојат од сопствените џебови

Најпрвин да им се извинам на читателите за минатонеделното отсуство на мое мислење. Навистина поради непредвидени обврски не бев во можност да предадам текст во „Утрински“. Истовремено му се извинувам и на „Утрински“ поради тоа. Она што, сепак, на некој начин е олеснителна околност е тоа што дел од текстовите, размислите и ставовите можам да ги објавам и ги објавувам на блогот, односно на Интернет. Би сакал да ги потсетам читателите дека редовната колумна ја преобјавувам на мојот блог (види адреса подолу). Тоа драстично ми ги олеснува работите и ми дава можност да прочитам одговори, ставови, да добијам и друга перспектива околу мислењата. Практично, вебот два точка нула е она за што верувам дека копнееле генерации мислители, активисти, интелектуалци… Преку овој начин на комуникација се' е на дофат, можете да комуницирате двонасочно со секого, како и да добиете поврaтно мислење. Ова особено го користам на мојот блог. Мене ми е значајно да го слушнам одѕивот на активностите. Така што, иако не бев во можност да го пратам мислењето од минатата недела во „Утрински“, скицираните текстови се подигнати во Интернетот и со позаинтересираните веќе имавме интересна дебата.

Моја намера за претходната недела беше да коментирам околу платите на распуштените пратеници. За тоа прашање се подигна целокупната јавност со јасен став дека е против. Имаше бура негодувања и за небулозните најави дека платите ќе биле дадени во хуманитарни цели!? Сметав дека таа најава мора да се коментира и да се отфрли како неприфатлива. Лесно е да бидеш хуман со туѓи пари. Башка што навистина не сум сигурен дека ќе беа донирани. Знаете, партикулата „ќе“ означува идно време на глаголот, во случајот на Македонија - ЛАЖАМ! Или грешам? Ми се чини дека упатените ќе се согласат дека најкористените фрази во македонската политика ја содржат токму оваа комбинација, што за жал никогаш не се препроверува, преанализира и, ако сакате, е безболна во смисла на вистинитост за оние што ја користат. Сметам дека ако пратениците сакаат да бидат хумани, можат да издвојат од сопствениот џеб. Но, истовремено сум сигурен дека тој филм нема да го гледам. Најнакрај, завршува��ќи со оваа сага (бидејќи сакам да пишувам за уште еден интересен настан), со оваа македонска мелодрама, да кажам дека во Дебар Маало, шетајќи, ми се обрати една жена. Нејзините зборови беа: „Немој да не' критикуваш толку многу нас пратениците“. Се збунив затоа што првпат во мојот животот ја видов. А таа одлучува во полн капацитет за мојот и вашиот… Знаете што сакам да кажам, нели!? Добро е што реакцијата и притисокот беа толку силни што Собранието се произнесе дека нема законска основа за плати на пратениците кога не работат. Пропаднаа ветувањата, од деновите пред распуштањето...



Неочекувано еден друг настан се наметна како потребно да се коментира. Имено, пред некој ден добив покана од Фондацијата Отворено општество - Македонија („Сорос“) да учествувам на нивната трибина: „Дилемите на Македонија пред и по Букурешт“. Предлозите за размислување на темата што тие ги имаа наведено во поканата мене ми се видоа значајни за нас. Секако дека секој еден од нас деновиве промислува на тема како да се зачува уставното име на државата, дали спорот со Грција е билатерален или веќе станува збор за сериозен меѓународен проблем? Исто така, во целиот процес можеби е и најзначајно дали и како да се (ќе се) зачува идентитетот. Во таа насока се постави и дилемата за патриотизмот, односно кој и како и, секако, колку има право на патриотизмот, итн. Имајќи предвид дека од страна на НАТО се поставија и некои рокови за започнувањето на преговорите, секако дека треба да се размислува и на тоа дали воопшто до 9 јули ќе ги започнеме преговорите за полноправно членство во Алијансата.



Овие дилеми се сериозни. Прашалниците се големи. А одговори нема. Па, според тоа, во едно демократско општество секако дека треба да се обидеме да дадеме одговори на овие прашања. Да седнеме на маса и да ги дадеме своите предлози и, ако е потребно, да расправаме на таа маса, но потоа да излеземе оттаму со некакви насоки, усогласена позиција. Досега во Македонија такво нешто не видов. Некако кај нас се сведува на ЕПП, на договорени пораки кои произлегуваат од нејасни извори. Дебатата во Македонија е еднаква речиси на нула. Затоа ми се виде згодно да видам што мислат другите, како и да кажам што мислам јас. Сега тука е интересен превратот што го направија некои сомнителни активисти, секако, по нарачка и за да им се додворат на своите господари. Слушам, тие што учествувале во дебатата биле предавници!? Е како тоа? Баш не ми е јасно. Мене ми се чини дека тие што бегаат од дебата се тоа. Имено, уредно беа поканети повеќе претставници на цела една структура, ама не дојдоа. Нивни проблем. Јас дојдов. И кажав мое мислење. Уште повеќе што не некој начин се чувствував осамено. Немаше многу многу десничари. Напротив, на трибината учествуваа двајца колумнисти кои ме нарекувале фашист (Гелевски и Милчин). Знам дека и сега го мислат тоа. Нивно право.

Тоа мене уште повеќе ме мотивираше да дојдам и да кажам што мислам за Македонија и за мојата иднина на овие територии. Секој ангажиран поединец, патриот, има сериозна обврска да го стори тоа. Да не бега од дебата. Наместо тоа, се прогласуваат предавници и патриоти. Секој секого го оценува паушално. Платениците по медиумите ептен лесно оценуваат, етикетираат и отвораат нови рани. Сакам да кажам, не се чувствувам како предавник. Ниту најмалку. Туку сосема спротивното. Она што го кажав, за среќа, е снимено и може да се слушне на веб-страницата на „Сорос“. Зборовите постојат, неуништливи се. Повелете, консултирајте ги.

Со тоа се враќам во почетокот на текстот. Убавината на Интернетот и неговите предности во информирањето се неспорни и многу бргу ќе станат доминантни при изборот на информирањето на секој поединец. Ќе падне многу скоро во вода потребата од користење мегафони кои припросто, намерно симплифицирано, го замајуваат народот за ситни пари.

Филип Петровски

(Авторот е магистер по меѓународна политика)

http://filippetrovski.blog.com.mk


Статијата е прочитана 2047 пати.

Испрати коментар

Од: Lapsus
Датум: 26.04.2008 05:11:55
Ovaa transformacija ili duhovna metamorfoza na g. Filip Petrovski vo pogled na svoite politicki stavovi i politicki druzenja pomalku me zacuduva.Vo sto se pricinite.? Dali gospodinot , poranesen bajraktar na Ljubcovite "junkersi" ,gi izgubi svoite poligi( citaj polozai i privilegii) vo svojata DPMNE , a negovoto meto go zavzedoja mladite "jurisnici" na Nikola Gruevski, Vlatko i Aleksandar,ili pa dojde do vistinsko duhovno" prosvetluvanje", pa od Savle se pretvori vo sv. Pavle.Vakvi brzi transformacii se prilicno stresni po orgnizmot, pa mozebi ne e na odmet da pobara i strucna medicinska pomos, za polesno prevladuvanje na stresovite .
Од: mene
Датум: 26.04.2008 07:16:45
Во име на дискримираните генерации(35-55г.) кои не се во програмата 100 чекори по ниту еден основ, ја осудувам несудената одлука пратениците ''распуштени" да земаат плата, која и онака не ја заслужуваа. Суетни, среброљупци, мислеа(а и ќе мислат) само за џебот. Се плашам од едноумието од било кој вид, од поделбата на предавници и патриоти, од сатанизирање на демократското право да се изнесе сопственото мислење, од јавен линч ако се мисли поинаку.Тоа не води негде, но не на вистинското место.Да ни е вечен интернет, најдемократското сретство за комуникација.Поздрав.
Од: podrska
Датум: 26.04.2008 12:46:21
eve mala podrska od mene. mislam deka nema pogolem kvaltet od sloboden covek. ostani sloboden filip.
Од: Иван Јорданов
Датум: 26.04.2008 15:59:46
Филип, настрана од големите разлики во ставовите, ми се допаѓа твојата одлука да учествуваш на трибината „Дилемите на Македонија пред и по Букурешт“. Ми се допаѓа, воопшто, тонот со кој и се обраќаш на јавноста. Конечно, зрел си да бидеш конструктивна опозиција на новата Влада на СДСМ. Би им било од корист да почнат да ти се угледуваат твоите понови демохристијански колеги. Не ли би имале повторно тропотници на есцајг во парламентот, не за друго!
Од: dine
Датум: 26.04.2008 21:34:38
formiraj partija! cist si...

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Карикатура
Македонските избори со ниска преодна оценка
Претходен број
Мирните избори се влог во иднината
За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен
Зденко
Маратонски концерт на Симон Трпчески
Галичник прооден
Судска битка за изборни жалби
Цени за тераси
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
ДПМНЕ од Дивиот Запад
Македонците не отпатуваа во Грција за Велигден
Струмица во убавината на денот
Во Македонија ќе расте цената на храната
Verbatim