Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

Во Македонија ќе расте цената на храната

Состојбата може да се надмине ако се зголеми понудата на земјоделски и прехранбени производи

Маја Томиќ

Храната во Македонија ќе поскапува во наредниот период како секаде во светот. Побарувачката за производи ќе расте и не може да се очекува дека цените ќе се намалуваат. Најдобро ќе се одговори на претстојните ценовни шокови доколку се изготви конкретен план за зголемување на понудата на земјоделските и на прехранбените производи, а во таа насока посебно се значајни зголемените инвестиции во земјоделскиот сектор и намалувањето на субвенциите. Бидејќи е очигледно дека ниските цени одржувани со децении и малиот број фармери не се неопходните услови за зголемување на понудата.

Ова е оцена на Народна банка, од каде што велат дека многу централни банки во светот на состојбата со ценовниот шок кој доаѓа од понудата реагирале со затегнување на монетарната политика.

„Така ќе реагира и НБМ, без оглед на некои мислења дека ’наводно тука нема што да се прави‘. Се разбира, одговорот на другите политики е пожелен и би бил ефикасен. Свесни сме дека треба време за какви било резултати од мерките насочени кон подобрување на понудата. Потребни се мерки кои ќе влијаат на забавување на кредитниот раст и кои ќе го поскапат капиталот. Се разбира, доколку потврдиме дека има потреба за тоа“, изјави гувернерот на НБМ, Петар Гошев, на завчерашната работилница на тема: „Цените на храната и инфлацијата“. Гошев потсети дека во Македонија трошоците за живеење на годишно ниво, март 2008, март 2007 година, се поголеми за 10,2 процента, при порастот на трошоците за исхрана од 20,6 проценти.

Растот на цените на храната е доминантен фактор за одредување на општиот индекс на цени. Поради нискиот стандард на македонските граѓани, учеството на трошоците за храна зафаќаат 38,2 процента од вкупните животни трошоци. Додека во земјите во развој тоа учество се движи меѓу 10 и 15 проценти.

Според анализите на НБМ, неколку фактори влијаат врз глобалниот пораст на цените на храната. Меѓу нив е зголемената побарувачка на биогоривото, поради што растат површините и цените на земјоделските култури потребни за овој вид гориво. Во таа смисла, се зголемуваат и цените на ѓубривата, на семињата и другиот потрошен материјал потребен за тие култури. Освен тоа, ланската година, поради изменетите климатски услови, значително се намали светското производство на пченица.

„Високиот раст на цените на храната е како меч со две сечила. Од една страна, на трите милијарди луѓе од планетата кои живеат на село и кои се во категоријата сиромашни луѓе им се подобрува материјалната состојба со растот на земјоделските цени, а, од друга страна, останува тешкиот проблем со сиромашното население во урбаните средини, за кои треба да се направат посебни политики“, вели Гошев.

Експертите се категорични дека е неопходна стратегија за зголемување на земјоделските површини. Клучно во моментов е властите да најдат одговор како да се намали увозот на скапа храна.

„При вакви ценовни удари кои доаѓаат од други земји, веројатно, Владата ќе изврши промени во мерките на аграрната политика. Она што во иднина ќе се случува треба да се хармонизира со заедничката земјоделска политика во ЕУ“, изјави Драги Димитриевски од Факултет за земјоделски науки и храна.

Трговците, пак, очекуваат во наредниот период извесна ценовна стабилизација, иако не се подготвени за конкретни прогнози. Тие ценат дека од произведените количини пченица ова лето ќе зависат и цените.

„Нашата стратегија ќе биде јасна по новата жетва. Таа ќе ги дефинира новите услови и ќе знаеме како ќе се движат цените на земјоделските производи, односно оние производи што ги покриваме ние, млекото, месото и јајцата“, вели Ристо Ташев, директор на „Жито Вардар“, Велес.

Според директорот на „Тинекс“, Владимир Тодоровиќ, затоа што секоја пролет се јавуваат вишоци во производството на млеко, од домашните фармери се очекува скорешно намалување на цените. „Дотогаш ќе издржиме и веројатно ќе имаме пониски влезни цени“, изјави Тодоровиќ.

Македонија е под силно влијание на движењето на светските цени на храната, бидејќи е голем увозник на храна и е целосно зависна од увозот на енергија. Увозот на месо, пак, учествува со 60 отсто во вкупниот увоз на храна. Од 1998 до 2007 година земјата има непрекинат дефицит со светот во размената на прехранбени производи од 1,7 милијарди долари.


Статијата е прочитана 760 пати.

Испрати коментар

Од: katerina
Датум: 26.04.2008 00:34:14
Toa deka sekade go imaat problemot so pokacuvanje na cenite mozebi i e tocno no ne mi e jasno kako site tie drzavi koi nemaat ni polovina od zemjodelskoto proizvodstvo kako nie a gi uvezuvaat istite uspevaat da ja stavat pod kontrola cenovnata treska a kaj nas samo uporno rastat cenite a nema nikakva zastita od strana na nasata vlada.Znaci ako se saka se se moze pa neka povelat gospodata neka napravat nesto
Од: jocew
Датум: 26.04.2008 08:47:53
vo pravoje katerina so svojot komentar i samo da dodam zar vladata ili nasite politicari se isle vo skolo.ili profesorot i mimisteret za finansiji znae da racuna??? interesno sporeduvanje posto se cenite evropski a bogami i poskapi od tamu sto mozeme nije da kupime so 200e presek i so pr.2000e vo evropa i sakat narodot da im dade doverba,samo neznam od kogo i za koko dase glasa neka malku razmislat ...................... srecen praznik samo gospod nene izneveruva so vera vo boga za podobro utre pozdrav
Од: Vesna
Датум: 26.04.2008 10:39:42
Posto e takva rabotata i vo USA i sme vo nekakva si recesija, eve vladata ni praka vo maj na sekoj sto platil taksi (a i na nekoi luge sto ne plakale taksi) po $2,000 dolari cek. Sto ne prati Makedonskata vlada po edno 500 evra na sekoe semejstvo? Taka ke pokazat deka navistina se grizat za svoite gragani.
Од: strumica
Датум: 26.04.2008 12:27:05
se cudam i ne mozam da se nacudam kako site neubavi raboti pa i pokacuvanjeto na hrana se slucuvat za vreme na vladeenjeto na VMRO?redno malce i oni da se zacudat i da se podlaboko ZAMISLAT
Од: Трпејца
Датум: 26.04.2008 13:49:55
Јас не сум експерт за „светски трендови„ на пораст на храната. Само знам, меѓу другото, дека пред десетина години во Македонија, СЕ ПРОИЗВЕДУВАШЕ 45.000 ТОНИ СОНЧОГЛЕД, А СЕГА НИ ЦЕЛИ 7.000 ТОНИ! Абе и јас можам и знам да лажам, ама ми е срам! А овие од Владата особено Ставрески, толку побожни, и во очи на Великден лажат ли лажат како ние да сме слепи и не си ги гледаме „трендовите„ од кои од Запда ќе ни се смеат: *БЕШ ЗЕМЈА НА КОЈА МАКЕДОНИЈА И Е ИСТОК!
Од: ВЕ
Датум: 26.04.2008 13:57:57
Е,па тие малоумните кажуват дека било скапо секаде странство,ама колку пари земаат тие бре гнаси сте се запрасале,или и вие имате па немате гајле.А,маливе градови ви требат за гласанје.Ова не да сум лјубцевиста,ама со него барем имавме да јадеме,не им е срам на двете Големи партии,како еден голем кенеф.Овој пат не правам грев и мене ме фати од секогас бев за Лјубцо,тој е створи Македонија оваа сегаснава,крадел крадее тие истите сто се во СДСМ и ДПМНЕ,пасосот за инает го зеде.Убаво ни реце кога имасе 1% реијтенг,незнам гласови,ние сме криви македонциве.Од овие сиптариве немаат страв глава крена сите нации само јадат сто не се јаде.Зборат за нас македонциве,а картите не ги гледате на интернет.Губрина едни се збогативте во времето од Лубцо и СК,стана ова сто е денеска.Македонија не е нисто без Лубцо,гласам за него ако сака и ке сносам све,појке не се лазам.Го црнат оти не се поарни од него,за да немаме лидер,фактицки Македонија нема лидер.
Од: Trajko od Stuka
Датум: 26.04.2008 17:34:43
Lele majko koj kogo laze.Vladata vo zaminuvanje ili narodot koj edvaj opstanuva.I vo svetot rastele cenite.DA,NO mozno li e portokalite i jabolkoto da imat isti ceni.Zosto vo grcija 1 litar mleko e 1,5 eura a kaj nas 0,75,kolkav e soodnosot so platite.Kako vo germanija 1 litar zejtin e 1,2 eura a kaj nas 1,6 eura.Zosto vo svajcarija istoto cokolado e 1,2 F kako i kaj nas.Lebot vo avstrija e 0,8 eura i toa od 1kg ,kaj nas 0,4 eura od 550 grami itnt.Kade imat uceno ako voopsto imatuceno premierot i negovite drugarcinja.Kompirot i kaj nas i vo germanija se proizveduva na ist nacin,a nasite koi rabotat tamu zematdeset pati pogolemi plati.
Од: verag
Датум: 26.04.2008 19:28:16
Мр. Груевски добро е што дава субвенции за земјоделците,но каква фајда за граѓаните од ова кога храната сепак поскапува.можеби кога ќе стане др на науки ќе може да го реши ова,.а можеби,како што рече Ден Дончев- цените не се големи,туку платите се мали.
Од: Hristijan
Датум: 27.04.2008 15:14:18
Sega e vistinskiot moment, zemjodelcite da go zgolemat proizvodstvoto i voospto da ne se plasat deka ke im ostane proizvodstvoto nerealizirano a ke imaz i za izvoz itoa debel

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Карикатура
Македонските избори со ниска преодна оценка
Претходен број
Мирните избори се влог во иднината
За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен
Зденко
Маратонски концерт на Симон Трпчески
Галичник прооден
Судска битка за изборни жалби
Цени за тераси
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
ДПМНЕ од Дивиот Запад
Македонците не отпатуваа во Грција за Велигден
Патриоти и предавници
Струмица во убавината на денот
Verbatim