Брoj 2672  сабота, 26 април 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Време
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter

РЕПОРТАЖА

Струмица во убавината на денот

Покрај амбициите за „регионална метропола“, се' уште се почитуваат правилата на стариот чаршиски ред

Јасминка Павловска

Поставена меѓу старите легенди за Астраион, Тивериопол... и современите квалификации за македонски Њу Орлеанс, Рио де Жанеиро, кои и' ја придадоа „титулата на убавица на ноќта“, за Струмица во светлината на денот е потребен најмалку „втор поглед за љубов“. Значи, треба да се надминат површноста и впечатокот дека тоа е градот во Македонија до кој најдолго се патува и на „градот под Царевите Кули“ да му се даде шанса да ги отвори сите свои заводнички перспективи. А факт е дека „заводничките аргументи“ на Струмица се најсилни навечер, кога забавата се движи во дијапазон од турбофолк-декаденција кај „Шабан“ и „Пепи“ во Дабиле, до сајбер–технодоживување во „Селект“ и новите клубови во ганц новиот трговски центар „Глобал“, за кој струмичани во интервал од пет минути ќе ви бараат потврда дека е најубавиот во земјава, а и пошироко. Кој признава, пола му се простува (или додава) – но „Глобал“ навистина изгледа модерно, пространо, уредено, пристапно, импозантно... и не само затоа што ја има првата катна гаража во Македонија, центарот му дава вистинска модерна димензија на градот. Од друга страна, доминацијата на модерниот трговски центар, на местото на стариот струмички пазар (за кој, сепак, се најде простор и решение во зданието), како да ги потенцира крајностите во реалноста со кои живее градот.

Како според старите така и според новите туристички проспекти: „Струмица се наоѓа на југоисточниот дел на Македонија, 22 километри од бугарската и 30 километри од грчката граница. Опкружена е од планините Беласица, Огражден и Еленица, наводнета со реките Струмица, Водоча, Турија и Тракјана; има изменета средоземноморска клима, 230 сончеви дена..., богата е со археолошко–историски знаменитости уште од третиот милениум пред нашата ера, природни убавини...“ Но, сепак, Струмица не е туристички центар! И покрај тоа што се наоѓа на тромеѓе, се чини дека до Струмица најдолго се патува од Македонија. Не толку поради далечината (да речеме) од Скопје, туку повеќе поради лошата патна поврзаност. Ако се тргне по автопатот кон Гевгелија, прво ќе ве „сардиса“ реконструкцијата на мостовите кај Демир Капија и чекање на семафори. Утехата дека тоа е привремен пробле�� спласнува со предизвикот на серпентините на валандовскиот рид. Доколку, пак, се решите од Велес да го напуштите автопатот и покрај Штип и Радовиш да дојдете до Струмица, треба да бидете подготвени на секаков квалитет на асфалтот на патот, од кој „најегзотична“ е коцката кај Радовиш. Навистина, струмичани и сите оние што не се откажуваат од идејата да дојдат до градот „достоинствено“ го издржуваат тоа – колку е полош патот толку тие купуваат побрзи, подобри и поскапи автомобили. Па кој прв ќе попушти!



Автомобилите, како и секаде во светот каде што има просперитет, и во Струмица се работа на престиж. А просперитетот на Струмица е во и од земјоделството, што е особено видливо со „голо око“ напролет, како оваа, кога на еден откупен центар во селото Банско ќе констатирате камиони од Русија, Романија, Србија и купувачи што ја откупуваат зелката - 35 денари за килограм. Продавачите гордо ќе ви кажат дека онаа зелка што може да се произведе во Струмичко Поле за цела година во Москва ќе се изеде за една недела. А каде се „чушките, френките, бостанот...“ на кои допрва им доаѓа сезоната? Во Струмица нема зима, но нема ни карго-аеродром, а последното решение за изградба на таков покрај Штип ги прави струмичани огорчени и фрустрирани.



„Дали еден град е провинција или не, не зависи од тоа дали тој е мал или голем ниту, пак, зависи од близината или далечината од најголемиот стопански, финансиски, културен и образовен центар. Дали еден град е провинција или не, зависи исклучиво од традицијата на поимање на нештата и културата на живеење во тој град. Во таа смисла, Струмица како град што датира неколку стотици години пред Христа, одамна ги има надминато провинцијалните сфаќања за сите важни прашања од нејзино значење. Можеби одвреме-навреме некои дневнополитички интереси и разни други нешта биле, се и ќе бидат обиди за забавување на развојот на овој крај, но тоа се работи од минлива природа кои лесно паѓаат во вода. Да, Струмица има и стопански и климатски потенцијали и природни човечки ресурси, географската поставеност на тромеѓето со Бугарија и Грција си го прави своето, но и Господ бил дарежлив кога дарувал убавини. И покрај разни опструкции отстрана, Струмица знае и ќе знае да ги искористи сите овие предиспозиции, бидејќи, покрај споменатите потенцијали и капацитети, најголем потенцијал е срцето на струмичанецот, во кое е вгнездена љубовта спрема својот град и општина. Со таква љубов тој веќе го чувствува мирисот на Европа околу себе. Настрана локалпатриотизмот, но и луѓето од другите градови во Струмица препознаваат град со европски нишани“, вели струмичкиот градоначалник Зоран Заев.



Но, фрустрацијата не е состојба што лебди во струмичката атмосфера. Напротив, струмичани се гостопримливи, отворени и галантни, но не само во значењето на вообичаената флоскула за овие македонски квалитети, кои се наведуваат во туристичките водичи. Овие особини тие ги манифестираат сосема искрено, што го потиснува чувството на „тесна кожа“, т.н. малограѓански дух, својствен дури и за метрополите.



„Како ретко кој град во Македонија, Струмица е одлично место за живеење“, вели Марија Мафкова, „натурализирана“ скопјанка, која сепак првенствено и природно се чувствува струмичанка. „Иако веќе неколку години живеам и работам во Скопје, не можам да не признаам дека ми недостасуваат прошетките по струмичкото корзо, џагорот на Леблебиџиската улица, непосредноста на струмичани и највкусниот струмички ќебап. Последните неколку години овој град прерасна во регионален економски центар, место каде што инвеститорите не се плашат да ги вложат своите пари. Токму затоа алтернативата да се вратам дома, во родната Струмица, секогаш останува отворена!“

Според последниот попис од 2002 година, општината Струмица има околу 55.000 жители, од кои малку повеќе од 35.000 живеат во градот. Во Струмица, и покрај амбициите за „регионална метропола“, се' уште се почитуваат правилата на стариот чаршиски ред, на кој му се „покорува“ Горан Пандев - ѕвездата на италијанското калчо, а секогаш „правеше чест“ (всушност, и се однесуваше според него) и покојниот претседател Борис Трајковски. Како знак на заемната љубов и почит, во градскиот парк во Струмица се наоѓа бистата на претседателот Трајковски, а на влезот во струмичкиот стадион на ѕидот со фотографии може да се најде и онаа од пионерската генерација фудбалери од ФК Беласица, на која и' припаѓаше Пандев. Неодминлив е впечатокот дека струмичани го сакаат својот град и колку и да сонуваат да ја бараат својата иднина подалеку од него, сепак, го чувствуваат како сигурна и перспективна отстапница.

Градот ја има динамиката на вистински економски центар, но со определени периоди за работа и релаксација. Тој „луксуз“ струмичани се' уште можат да си го дозволат. Така, за викенд, во убав и сончев ден, струмичани се раздвижени релаксирано низ градот (новиот трговски центар се' уште е атракција што треба да се одживее). Затоа струмичките села како да се празни, всушност, нивните жители може да се сретнат само во полињата. И тоа не е никаква мистерија, туку само вистинска и реална економија која потоа се „проектира“ во секојдневното практикување на „хобито“ - обложувалници (упатените велат ги имало повеќе од Скопје), луди струмички ноќи во локалите од секаков тип, каде што пијачките и храната се барем напола поевтини отколку во Скопје... Секако, тоа може да се нарече како првичниот туристички шарм на Струмица.

За среќа, тоа не е единствениот туристички шарм. Навистина треба да ве упатат локални познавачи, но вистинско откритие со секое доаѓање се манастирите во Водоча и во Вељуса. Ако за нивната културолошка вредност е потребно историско знаење, уредувањето на нивните градини пленува на прв поглед. Инцидентот со вандалското уништување на уредувањето на Смоларските водопади на бизарен начин го сврти вниманието за природните убавини во околината на Струмица. Но, Смоларските водопади не се единствените во околината, иако се највисоки во Македонија, со пад од 38 метри. Ништо помалку привлечни со својата природа и широчина се Колешинските водопади. Тие природни ексклузивитети не дозволуваат да ги минете патем, туку бараат барем еднодневно целосно посветување за освојување на нивната убавина. Како најава за „водната убавина“ може да се доживеат и мини-водопадот во селото Габрово, како и изворите во селото Мокрино. Можеби тие ја немаат величественоста на поголемите водопади, но се сосема шармантен пример на делумно култивирана природа. Реновирањето на хотелот „Цар Самуил“ во Бања Банско ја негува надежта дека некогашниот запуштен ексклузивен капацитет може да се врати во стилот на модерен спа-центар. Но, тоа се' уште е во перспектива, а во меѓувреме Зоран Танчев, сопственик на туристичката агенција „Панорама“, организира екскурзии како екотерапија на водопадите и изворите во Струмичко.



„Засега тоа се најчесто еднодневни екскурзии“, вели Танчев, „но по желба на заинтересираните можеме да организираме и еден викенд, секако, со проширена програма на запознавање на околината на Струмица. Нашите екскурзии се замислени како екотерапии, а водичи ни се студенти на психологија. Како посебен ексклузивитет, оваа сезона планираме да им овозможиме на патниците неколкучасовен одмор на камп-мрежи на дрвјата на изворите во Мокрино“.

Кога ќе се рашири „дискурсот на вториот поглед за љубов“ кон Струмица, станува извесно дека тоа може да биде бескрајна приказна во различни верзии: како неколкуте легенди за Царевите Кули, чија реставрација би требало да заврши годинава, или онаа за Струмин Гроб, па неколкуте слоја под единствената струмичка Орта-џамија, „тунелот“ во Беласица од каде што се чувствува „здивот“ на морето, приказните за Мис Стон и имиџот на Струмица за место каде што се вкрстуваат „сите вери и вечери“... Ширејќи го вториот поглед, Струмица од ноќна, се претвора и во убавица на денот.



Статијата е прочитана 2114 пати.

Испрати коментар

Од: meto
Датум: 26.04.2008 00:45:55
Bravo, stvarno Strumica deluva evropski, odamna ne sum bil ama po slikive super e
Од: d-r gorgi
Датум: 26.04.2008 02:03:53
strumica e edna od mnogute makedonski gordosti koj poslednite godini pokaza deka znae sto saka i umee seto toa da go realizira. Gradot e tipicen primer na sovremena urbana sredina vo razvoj so seuste zacuvan mentalitet i duh svojstven na tradicijata i istorijata.Blagodarnost do site tie koi ucestvuvaa vo seto toa.Gord sum sto sum strumicanec. Vprocem se pocnuva i se se vraka kon izvorot. Pozdrav
Од: marija
Датум: 26.04.2008 02:45:33
jas sum od strumica a ziveam vo canada stvarno e prekrasen grad samo napred strumica pozdrav do site strumicani i site makedonci
Од: strumicanka
Датум: 26.04.2008 04:04:37
Eh,moja ubava Strumica.Kolku sum daleku od nea no sekogas ke ja nosam vo moeto srce,eden den sogurno pak ke se vratam i ke uzivam vo nejzinite ubavini.Gorda sum sto sum strumicanka.
Од: PECO ANDONOVSKI melbourne
Датум: 26.04.2008 07:10:09
odlicno pa nesum znael deka vo makedonia imalo nesto vakvo ubavo. so sigurnost vi vetuvam ova leto ke go posetam ova mesto i isto i drigite mesta vo cela makedonia. PREKRASNO MESTO
Од: Seljakt
Датум: 26.04.2008 09:47:40
Zborot metropola i pridavkata makedonski ne odat vo ista recenica! Skopje, toa smrdlivo sustestvo e daleku, mnmogu daleku od takov epitet a kaomoli bilo koj drug makedonski grad, a Strumica dali ima edvaj 50 000 ziteli, strasno...
Од: gorgi svedska
Датум: 26.04.2008 11:42:46
mnogu patti sum bil vo strumica,ama ova ne sum go videl,navistina bil prekrasen grad,moze da se kaze zaedno so skopje i bitola,nasite makedonski srca,ali ova leto ke bidam najmalku 2-3 dena so mojata familija............
Од: Kumanovec
Датум: 26.04.2008 11:51:57
Bravo za Strumica, bev pred 3 godini i bev vooduseven, a po slikive sega so gi gledam ovde uste poveke se iznenadiv... Mislam deka Strumica pokraj Bitola i Ohrid e eden od najubavite MK gradovi...Se nadevam deka i moeto Kumanovo ke prerasne vo uste edna MK ubavica... Makedonija e prekrasna, mala no preubava zemja...
Од: od Ohridjanec
Датум: 26.04.2008 12:52:51
alal da vi e Strumichani , vie ste edinstveni koi vo post - komunistichka Makedonija (kvazi-demokratska) uspeavte da si go razvivate vashiot ubav grad ! cela MK treba da se ugleda na vas , ama vo drugite gradovi lokalnite sherifi ne gi interesira nishto , samo kradenje.
Од: VE
Датум: 26.04.2008 14:19:31
Фаламу на Господ еден од нив се показа,па овие другиве лубоморни,како да им е зеле жената.Јас се радувам кога слушам барем некој несто направил за жална Македонија.Македонија на македонците и никому на друг...Секоја чест на господинот Заев ако е од сдс.
Од: vocko
Датум: 26.04.2008 14:30:22
napred strumica-napred makedonija.
Од: Danilo K
Датум: 26.04.2008 15:35:45
Cudno , za nekogo smesno... Vo Strumica sum roden 1963 i ziveel do 1967. Jas se custvuvam Strumicanec... Mestoto e volsebno. Edvaj cekam sansa povtorno da ja posetam i vidam so moite brojni "roda". Napred Strumica...
Од: miroslav simjanoski
Датум: 26.04.2008 19:53:57
nemam komentar. Ova e navistina prekrasno mesto
Од: Makedonec
Датум: 26.04.2008 19:54:09
strumica i new orleans? new orleans grad na prostitucija,najgolem kriminal vo amerika,grad na drogata,grad na diskriminacijata. e toa e new orleans. reporterot izgleda e vo golema zabluda sto ja sporeduva strumica kako metropla i so rio de zaneiro. edna zgrada so fasadno staklo i fontani na sekoj kvadrat. nema kako da se perat poinaku parite pa nasite gradonacalnici samo fontani znaat da pravat. Prilepskiot gradonacalnik gradi da ne recam "strasno grda" fontana od cimento sred grad i trosi 100 000 $ za "biznis" prosetka niz avstralija a nema edna ambultna kola sto raboti kako sto treba. A Strumica ne e nisto povekje od golemo selo.
Од: italjanskite studenti
Датум: 26.04.2008 22:26:23
Ubavo e vo Forli,ubavo e vo Cesena,ubavo e vo Rimini ama kako nasata Strumica ne sme sretnale nisto tolku ubavo,za da moze da ne zadrzi tuka.
Од: Natasha
Датум: 27.04.2008 00:28:56
Prekrasen grad. Kako profesorka po makedonski jazik imav mnogu ucenici od Strumica, toa bese pred 20 godini, i tie ziveea vo internat vo naseto gratce, uslovite bea mizerni i ucenicite edvam cekaa da dojde sabota da si zaminat za nivnata prekrasna Strumica. Se prasuvav zosto tolku bea vljubeni vo nivniot grad, sega gledam zosto, Strumica e navistina prekrasna, eden den koga ke dojdam vo Makedonija, ke ja posetam i ke jadam kebapi. Samo probajte Strumicani da ja odrzuvate higienata, imate dosta interesni stari i novi objekti, megutoa vo kolku turistite zabelezat deka e zapusteno, nikogas nema da se vratat. Higienata e najvazna od se isto kako i zeleniloto. Se najdobro i prodolzete taka. Ke se vidime. Pozdrav od Melburn.
Од: london
Датум: 27.04.2008 02:17:18
more ne sum(ST) od strumica i ne sum bil tamu od moite tinejgerski denovi ama stvarno lice na grad sega. A poznavam i mnogu strumicani, vreden narod nema zbor, malku falbagiski a i ubavi momi imaa. sega imat gledam i po nekoja zgrada. Cela Makedonija ni e ubava da si ja sakame gradime i cuvame i uste poubava da ni bide, mnogu mi nedostasuva.HRISTOS SE RODI-NAVISTINA SE RODI
Од: Goce nikoloski
Датум: 27.04.2008 09:15:52
Kako Makedonec sum gord oti i Makedonija ima so nesto vakvo ubavo da se pofali, no kako prilepcanec se sramam od prilep oti nema bas so nisto da se pofali, imame ede gradonacalnik mariovec koi sto otkako e na vlast samo se zdebeli, vo gradot osnovni raboti kako asfalt uste nema poslano pa ne drugo.
Од: kate
Датум: 27.04.2008 22:46:58
barvo bravo strumica , i posle ohrid grad na turizmot, ma kako ne, ohriganka sum imam 24 god ohrid e istiot, bravo strumica bravo bravo bravo
Од: marko
Датум: 28.04.2008 03:00:27
navistina prekrasen grad,sto znaci koga vlasta e vo vistinski race.Bravo g-din Zaev ,prodolzete da gradite i da go razubavuvate uste povece gradot,na vakov nacin treba da ne zapoznae svetot.
Од: ruki
Датум: 28.04.2008 06:40:10
Strumica e bila i ke si ostane najubaviot grad vo Makedonija,milo mi e sto se gradi sekoj den se poveke i samo napred neka se primer za drugite gradovi vo makedonija.Ona e vo sekoj pogled svetski grad i se gordeam sto sum Strumicanka.
Од: citatelka
Датум: 28.04.2008 12:31:12
vo strumica bev pred 10tina godini i ne bev bas voodusevena.me voodusevija samo prirodnite unavini okolu gradot.no ona sto sega go gledam...sekoja cest.navistina se gordeam i bi sakala povtorno da ja posetam.
Од: Bubastis
Датум: 28.04.2008 17:03:16
Mora da priznaeme deka vo poslednive 2-3 godini Strumica potpolno se preporodi. Jas bev skoro, i ne mozev na ocite da veruvam kolku e promeneto. Edno golemo BRAVO za gradonacalnikot. Bi trebalo site gradonacalnici vo MK da se soberat vo eden avtobus, da otidat i da vidat kako se vodi eden grad.
Од: boško
Датум: 28.04.2008 21:46:32
Bravo Strumica. taka napred,kako vi uspea da go dovedete gradonačalnikot na Koper NA OTVARANJETO. bravo zaev ti si car.site sposobni luge izleguvat od strumica.kako možete da go imate i najdobrijot kaskader vo svetot.bravo

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Насловна
Карикатура
Македонските избори со ниска преодна оценка
Претходен број
Мирните избори се влог во иднината
За стручњаците датумот за ЕУ преамбициозен
Зденко
Маратонски концерт на Симон Трпчески
Галичник прооден
Судска битка за изборни жалби
Цени за тераси
САД бараат Македонија да влезе во НАТО колку што може поскоро
ДПМНЕ од Дивиот Запад
Македонците не отпатуваа во Грција за Велигден
Патриоти и предавници
Во Македонија ќе расте цената на храната
Verbatim