Гордана Јанкуловска, министер за внатрешни работи и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Соња Крамарска Даниела Трпчевска
Како ја оценувате безбедноста во земјава по недобивањето покана од НАТО, закажувањето вонредни избори и се' пожестоките предизборни конфронтации меѓу ДУИ и ДПА?
Кога зборуваме за безбедносната состојба во Македонија, би рекла дека и понатаму останува непроменета, меѓутоа, земајќи ги предвид сите регионални случувања и сите политички моменти низ кои поминува државата, безбедносните служби, особено Министерството за внатрешни работи, и натаму продолжуваат со размена на информации и будно следење на сите состојби. Ги анализираме случувањата за да можеме да реагираме доколку се јави потреба.
Се слушнаа закани од локалните Албанци во пограничниот појас кон Косово дека се подготвени со оружје „да ги бранат своите имоти“ при демаркацијата на границата?
МВР постојано е на теренот и јас не би го поврзувала излегувањето на теренот со некоја конкретна изјава или со конкретна информација што се појавува. Наша задача е да бидеме на терен буквално на целата територија на Македонија и во изминатиот период покажавме дека тоа навистина е случај. Не гледам причина зошто би ги издвоиле Танушевци, Бродец, Арачиново, Ваксинце или други села од поранешните кризни региони. Игнорирањето на криминалот во тие места во минатото не ги реши проблемите. Мора да обезбедиме мир и просперитет и за жителите на овие места. Спроведовме огромен број акции за расчистување на случаи на трговија со луѓе, запленувавме дрога, оружје, приведувавме лица кои со потерници се бараа поради бегство од затвор, криминалци кои го малтретираа локалното население. Ваквите реакции на полицијата покажуваат дека ние сме секаде каде што е потребно.
Се чувствува ли во МВР притисок пред изборите од партиите кои меѓусебно се обвинуваат за инциденти или, пак, од партии кои стравуваат како ќе се однесува МВР за време на изборниот процес?
Притисок од таков тип апсолутно нема. Единствената задача на која сме фокусирани како МВР е да го дадеме својот придонес во функција на одржување фер и демократски избори во делот на нашите законски надлежности, затоа што полицијата во време на избори има одредени задачи на кои треба да одговори. Со колегите и со раководството на МВР веќе одржавме повеќе состаноци за договарање на ��ктивностите што ќе треба да се преземат на теренот, бидејќи наша задача е да обезбедиме услови за непречено одвивање на изборите. Наша цел е да ги преземеме сите мерки и да ги ангажираме сите луѓе кои поминале обука и имаат искуство со изборен процес за тој да помине во фер и демократска атмосфера.
Ве загрижуваат ли инцидентите меѓу ДУИ и ДПА?
Би било нелогично да не ме загрижуваат, независно од каде доаѓаат и кој е вмешан. До овој момент ние немаме откриено сторители, односно ги немаме идентификувано лицата што учествуваа во последните инциденти, така што навистина е неблагодарно да се шпекулира за мотивите. Секогаш кога ќе се случи инцидент, работа на полицијата е да го открие инцидентот, но, за жал, инцидентот веќе се случил, што значи дека ние дејствуваме отпосле и во тој дел максимално се вклучуваме и се ангажираме. Затоа апелираме до сите политички чинители во земјава да пренесат порака до своите членови, активисти, симпатизери да се воздржат од насилство и изборната битка да ја водат со политички средства. Мирните избори се влог во нашата иднина, а МВР најостро ќе го санкционира секој што ќе се обиде да ја врати назад Македонија.
Очекувате ли дека заострувањето на законската регулатива против учесниците во изборни инциденти и нерегуларности ќе даде ефект на овие избори?
Јас сум голем поддржувач на строги санкции за секаков вид инциденти, вклучувајќи ги и изборните, затоа што тоа е еден од начините за одвраќање на потенцијалните сторители. Верувам дека таа практика што се покажа успешна во другите сфери на криминалитетот ќе има свои позитивни ефекти и во оваа сфера. Сепак, не е се' до санкциите. Неодамнешното помилување на лица осудени за изборни нерегуларности е лоша порака до јавноста.
Вие лично ќе имате судир на интереси на изборите, бидејќи сте министерка за внатрешни работи, но сте и висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ, поради што ќе морате да одите на изборни митинзи. Какви изборни пораки ќе формулирате до граѓаните?
Функцијата министер во владата, пред се', е политичка. Мојот легитимитет доаѓа од граѓаните. Партијата и мене лично како еден од кандидатите на листата на кандидати за пратеници не' избраа на непосредни избори. Наш долг кон граѓаните е секогаш да излеземе пред нив и да зборуваме за сработеното, за резултатите, но и за пропустите. На изборите ќе им го кажам на граѓаните токму тоа. Ќе зборувам за она што го сработив како министер и повторно ќе ја побарам нивната доверба.
Ќе бидете ли министерка за внатрешни работи и во идната влада на ВМРО-ДПМНЕ доколку победи?
На тоа прашање не би можела да ви одговорам јас, туку оној што ќе ја составува владата. Сепак, независно на која позиција ќе бидам, ќе работам максимално посветено во функција на остварување на програмата на владата.
Меѓународниот фактор, а и домашните аналитичари стравуваат дека изборите ќе се претворат во дестабилизирачки фактор за Македонија со оглед на тензиите меѓу партиите, што ќе биде крај за евроатлантските процеси. Оправдани ли се овие стравувања?
Моето мислење е сосема спротивно на тезата поставена во прашањето. Сметам дека овие избори ќе ја зајакнат државата. Прво, затоа што по еден голем шок за македонската јавност по одлуката во Букурешт ќе добиеме влада која ќе има полн легитимитет да продолжи со реформите кои се единствениот пат за Македонија. Ќе добиеме функционален парламент кој ќе ја следи динамиката на владата и со нормално темпо низ конструктивна дебата ќе ги носи законите што се неопходни на патот на евроатлантските интеграции. Тоа не беше случај со последниот состав на Собранието, кое се соочуваше со опструкции од најразличен вид. Многу често некои пратеници од опозицијата, наместо да ги застапуваат ставовите на граѓаните, ја користеа говорницата за да им се закануваат на функционерите од власта. Разбирам дека има политичари кои се плашат од избори, бидејќи немаат што да им кажат на граѓаните, но ние имаме што да им кажеме.
Препораките на Брисел и на Вашингтон, како и на други странски високи политичари, се дека она што треба да се направи моментно е компромис со Грција и враќање на евроатлантскиот колосек.
Остануваме во процесот на преговори, но не може да прифатиме решение што е неподносливо за нас. Имаме силни аргументи и со нив ја браниме нашата позиција.
Избега ли ВМРО-ДПМНЕ од одговорност да направи компромис со Грција?
ВМРО-ДПМНЕ никогаш не бега од одговорност. Одењето на избори е соочување со одговорноста. И тоа е една од причините поради која сметаме дека треба да се одржат избори и да го провериме сопствениот мандат со гласот на граѓаните.
Добивте ли некакви препораки за изборите од меѓународната заедница?
Веќе одржав неколку координативни состаноци со претставници од меѓународната заедница, не само во функција на размена на препораки туку и во функција на изразување на нашата подготвеност да ги ставиме во целост на располагање сите капацитети на МВР за одржување фер и демократски избори.
„Наша задача е да бидеме постојано на терен буквално на целата територија на Македонија и во изминатиот период покажуваме дека навистина е случај„, изјави девојчето прв човек во МВР и остана, како, кој зне колку пати, жива и здрава!На нејзина среќа, а на несреќа на Македонија. Има ли придружба на полиција и кога се носат пензии, на пример, во ШИПКОВИЦА? Самите полицајци велат дека не смеат да одат таму и во уште некои села! Е па министерке, да ми простете на збор, пак ЛАЖЕТЕ! И тоа многу приземно и припросто! ТОЈ ТЕРЕН БЕЗ КОНТРОЛА во чија надлежност е на МВР или на некој друг? Ако имате контрола зошто не ја реализирате потерница по ЉАМБЕ? Не се само „терен„ кафеаните и улиците по градовите... А со оние спектакли само покажувате дека сте извршен дел од МАКЕДОНСКИОТ СТРАВ И МАКЕДОНСКИОТ СРАМ! Бог да ние на помош и Тебе и на нас...
Од: od VE za logika
Датум: 26.04.2008 16:04:29
Dobro bre logika nesto znae za ekonomia,ama ne e Vojvoda,Vojvodata e drug i neka e spasi Makedonija,ne se zanesuvajte,pocnaa site da e dupat Maakedonija,ne e ne edavame.Vojvodo aktivirajse i spasi e Makedonija.Prosti mi Vojvodo kako i mnogu drugi vo Makedonija T e izneveriv,znam deka zasluzuvam kazna,pravite VMRO bi se ubile,no prosti mi.
Од: Trte
Датум: 26.04.2008 17:15:56
Dosta i mnogu i blagodarime na ovaa super babicka ,sto uspea Makedonija da ja napravi bezbedno mesto za ziveenje.Vreme i e za vo penzija.Filmovite koi gi investirase i bea super.Samo imam edna golema zelba pred da odi vo penzija da fotografira nekoi od nejzinite menadzeri so lisici na race.Da vidite kolku ubavo ke im stojat.Toa e moden trend vo Makedonija.
Од: Vesna
Датум: 27.04.2008 14:09:11
Pa dobro bre vie ljugeVie nikogash ne ste zadovolni od bilo sto covek da stvara.za drzavata.Rabotite se dosta podobreni od minatite godini,a vas toa vi smeta.Stom nekoj raboti dobro za drzavata_vie gi kritikuvate.A i odma ne se dobivaat rezultati.Treba vreme.A vie ne im davate vreme _na lugeto sto rabotat za drzavata.a toa se VMRO so chelo na Nikola Grueski. Ostavete gi da ja ispravat drzavata na prav pat.
Од: Стојко
Датум: 27.04.2008 23:41:35
Не знам зошто, ама прва асоцијација на текстот ми е една скоро снимена и за велигденските празници промовирана реклама (платена дел и со мои пари) во ретро стил од пред WWII. Тоа е едно безобразно искористување на власта, која, со вперен прст кон мене (а веројатно не сум осамен во тоа чувство), ми кажува кој сум. После ова не би ме зачудуло на предизборни митинзи да видам партиска младина во црни кошули.
Од: marko
Датум: 28.04.2008 03:28:39
E Vesna ,Vesna pa koj mu zabrani na tvojot sef da raboti.Samiot si resi da odi na predvremeni a imase uste dve godini od mandatot,ama sfati covekot deka debelo go izlaza narodot i deka uste malku rejtingot ke mu bide nula.Ako laze rogot ne laze kozata,procitaj gi zvanicnite statisticki podatoci i mila moja Vesna ke vidis deka kriminalot vo Makedonija se zgolemil za celi 26% vo 2007 za razlika od 2006,ako toa e rabotata na ministerkata alal da i e.Ne se dobivale rezultati brzo-tocno! No sto mislis kako mozes da kupis cetiri stana vo Skopje za cetiri godini ministeruvanje,nemoj da mislis deka ovaa e trik prasanje,odgovor ne baram toj e poznat BIDI MINISTER ZA FINANSII VO VL:ADATA NA LJUBCO GEORGIEVSKI