Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Неизвесен победникот во битката меѓу „Набуко“ и „Јужен поток“

Москва - Иако кон крајот на минатата недела Бугарија соопшти дека ќе земе кредит од Европската инвестициска банка за изградба на гасоводот „Набуко“, експертите оценуваат дека ваквиот потег на Софија не значи дека овој проект ќе доживее реализација, оценува рускиот дневен весник „Независимија газета“.

Весникот потсетува дека минатата година Русија и Бугарија потпишаа Договор за изградба на гасоводот „Јужен поток“, кој е конкурент на „Набуко“, како и Протокол за дистрибуција на руски гас за бугарските потрошувачи.

Рускиот весник оценува дека за разлика од „Јужен поток“, кој е сигурен во количеството гас што треба да се дистрибуира преку него, „Набуко“ создава „главоболки“ поради тоа што „не е ресурсно целосно обезбеден“.

Енергетскиот експерт Валериј Несторов во изјава за „Независимаја газета“ оценува дека иако Бугарија обезбеди пари за „Набуко“, сепак, тоа не ја промени реалноста околу реализацијата на овој проект.

„Засега ништо не е мрднато од мртва точка, иако е очигледно дека Европската унија се ��бидува да го поттикне напред овој свој проект“, вели Несторов.

Според него, главен проблем е тоа што засега не е склучен ниту еден конкретен договор за дистрибуција на гас преку гасоводот „Набуко“.

Несторов оценува дека во „натпреварот“ меѓу овие два гасовода поголеми шанси има „Јужен поток“, и тоа од најмалку две причини. Како прво, има доволно ресурси, како руски, така и од странство, и како второ, „Газпром“, кој стои зад него, е подготвен да троши огромни пари за реализација на политички проекти, каков што во суштина и е „Јужен Поток“.

Сепак, при неодамнешната посета на претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Барозо на Баку, Азербејџан и ЕУ потпишаа декларација за дистрибуција на гас на долг рок, со што и натаму останува отворено прашањето кој ќе победи во „битката на гасоводител“, заклучува „Независимија газета“. (МИА)


#
Статијата е прочитана 575 пати.

Испрати коментар

Од: девичанецот
Датум: 25.01.2011 13:19:28
Што би рекол Ивко Панговски, со спортски речник: Драги гледачи, победникот во дербито помеѓу Вардар и Победа сеуште не се знае, иако домаќините на две минути пред крајот водат со три спрема нула!
Од: nabuko
Датум: 25.01.2011 13:44:54
ne eden ot ovie ne ke pomine preku makedonija

Најди! во Утрински
Економија
И еколошките кеси се наплаќаат
Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?
Црна листа на газди што не работат фер
Ревидирана прогнозата за раст
Нема веќе двојно оданочување со Германија
Топ-депозит на ТТК Банка
Евтини кредити за европските должници
Зголемен оптимизмот за работењето