Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Нема веќе двојно оданочување со Германија

Германската влада го потпиша Договорот за ослободување од двојното оданочување со Македонија, соопшти вчера Претставништвото на Унијата на германските комори за индустрија и трговија во Скопје.

„Потпишувањето на овој Договор е уште едно олеснување во стоковната размена меѓу Македонија и Германија. Често ни се обраќаат компании кои се незадоволни поради тоа што треба два пати да платат данок и во Македонија и во Германија“, вели Михаел Шмидт, директор на германското стопанство за Србија, Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово.

Договорот за избегнување двојно оданочување во однос на даноци на доход и имот меѓу владите на Македонија и Германија, беше ратификуван од македонското Собрание во 2007 година, но на негова ратификација од страна на надлежните германски институции се чекаше повеќе од три години. Со него се заменува германско-југословенскиот договор од 26 март 1987 година, кој важеше во досегашните германско-македонски односи. Договорот меѓу СФРЈ и СРГ за одбегнување на двојното оданочување потпишан во Бон на 26 март 1987, престана да важи во германско-македонските односи од 1 јануари годинава, од датумот на примена на Договорот склучен меѓу Македонија и Германија. Германија е еден од петте најважните трговски партнери на Македонија што лани беше и прв на ранг-листата. (МИА)


#
Статијата е прочитана 574 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Економија
И еколошките кеси се наплаќаат
Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?
Црна листа на газди што не работат фер
Неизвесен победникот во битката меѓу „Набуко“ и „Јужен поток“
Ревидирана прогнозата за раст
Топ-депозит на ТТК Банка
Евтини кредити за европските должници
Зголемен оптимизмот за работењето