Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

И еколошките кеси се наплаќаат

Маркетите сами ќе одлучат дали ќе се наплаќаат или не еколошките кеси

Сања Наумовска


Последните две години употребата на пластичните кеси во Македонија е преполовена, а трендот е до 2013 година тие да бидат целосно заменети со биоразградливи, кои се помалку штетни. Сепак, и биоразградливите и еколошки кеси, дали ќе се плаќаат или не, ќе зависи од трговците, со оглед на тоа дека нивното производството е поскапо и засега само две-три фабрики кај нас се занимаваат со оваа дејност. Инаку Министерството за животна средина дозволи да се користат биоразградливите кеси без надоместок, но не ги обврзува маркетите да ги даваат бесплатно, туку остава на нив каква одлука ќе донесат. Иако мерката првично беше донесена за да се намали употребата на штетните кеси, а не за да заработат трговците, сепак, најновото решение овозможува тие и натаму да не мораат да се откажат од дополнителниот приход од продажба на кесите.

Во екологија велат дека немаат законска основа да ги принудат маркетите да ги даваат кесите бесплатно, бидејќи и во минатото тоа било ��ивна одлука, туку можат само да препорачаат. Обврска на продавачите е само преку видливи натписи да ги информираат граѓаните дека купуваат еколошка кеса. „Дали еден маркет ќе заработи од кесите, зависи исклучиво од граѓаните. Ако некој не сака да им остава пари на трговците, може да се потруди секојпат со себе да има торба“, објаснуваат во екологија.

Биоразградливите кеси содржат адитиви што овозможуваат да се разградат во период од 3 месеци до 2 години на состојки што дејствуваат како ѓубриво на почвата, со што се обезбедува поголема заштита на животната средина. За разлика од биоразградливите, обичните пластични кеси се разградуваат повеќе од една деценија.

„Синџирите на маркети ’Веро’ и ’Тинекс’ одреден период користат исклучиво биоразградливи кеси, кои и натаму се наплатуваат. Дали и во иднина ќе биде така, ќе одлучи конкуренцијата на пазарот“, вели Мирко Јакимовски, претседател на Групацијата на производители на кеси во Стопанската комора. Тој појасни дека физички разлики меѓу обичните и биоразградливите кеси нема, а контролата инспекциите можат да ја направат само кај производителите каде што ќе се испитува дали и колку адитиви содржат.

Производителите, кои добија рок од 2 години за да се приспособат кон новото производство, ќе можат да ја користат истата технологија на производство на кеси. Разликата е во додатоците што го овозможуваат разградувањето, а кои на европските пазари се доста скапи. Во почетокот на новото производство фирмите ќе треба да обезбедат и сертификати за квалитет на производите. Новата обврска, како и цената на адитивите можно е да ја зголемат набавната цена на кесите, па може да се очекува трговците уште повеќе да ги поскапат. Имено, еден тон биоадитиви што се користат при производството на биоразградливите кеси, чини 10.000 евра. Со оглед дека биодативите се додаваат до три отсто при продукцијата на биоразградливите кеси, вложувањата во однос на пластичните би биле 100 до 300 евра поголеми.

До пред 15 години Македонија беше голем увозник на кеси, но денес, освен што ги задоволува своите потреби, остварува и значителен извоз. Увозот е сведен на минимум. Поради намалената употреба на пластичните кеси, една фабрика во земјава е затворена. Редуциран е и бројот на вработени во уште неколку капацитети.

Во Македонија околу 25 фабрики произведуваат пластични кеси и нивното пренасочување кон продукција на биоразградливи нема да претставува проблем, сметаат од Стопанската комора.


#
Статијата е прочитана 593 пати.

Испрати коментар

Од: Стефан
Датум: 25.01.2011 12:41:56
Трговците требаше да нудат бесплатни хартиени кеси.
Од: Lazga so opaski!
Датум: 26.01.2011 08:51:12
Ne e tocno deka e namalena upotrebata na plasticnite kesi! Na zelenite pazari prodavacite ne gi naplatuvaat kesinjata, a vo marketite, iako firmite se reklamiraat so kesinjata, istite se naplacaat!? Se postavuva samo prasanjeto dali ministerot ili nekoj od ministerstvoto za ekologija dobiva pogolema provizija od proizvoditelite na kesinjata ili od trgovcite? Kade se kesinjata od hartija koi bea najaveni vo ,,kampanjata,, protiv plasticnite kesinja?

Најди! во Утрински
Економија
Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?
Црна листа на газди што не работат фер
Неизвесен победникот во битката меѓу „Набуко“ и „Јужен поток“
Ревидирана прогнозата за раст
Нема веќе двојно оданочување со Германија
Топ-депозит на ТТК Банка
Евтини кредити за европските должници
Зголемен оптимизмот за работењето