Ревидирана прогнозата за раст
Лондон - Европската банка за обнова и развој во најновиот квартален извештај ја ревидира стапката на растот на БДП на Македонија за годинава од 2,3 на 3,2 проценти.
Во извештајот на банката се наведува дека Македонија ќе има корист од глобалниот пораст на побарувачката и на цената на металите, како и од одобрената кредитната линија од 480 милиони евра од ММФ.
ЕБОР годинава предвидува позитивен економски раст во сите држави од Западен Балкан и ги коригира претходните проекции. За Албанија од 2,2 на 2,6, за Бугарија од 2,4 на 2,6, за Црна Гора од 2,5 на 3,1, а за Србија од 2,9 на 3 отсто. Вкупната економија на државите во ЈИЕ во 2011 ќе порасне за 2,6 проценти, наместо претходно предвидените 2,2 отсто.
Во 2011 ќе продолжи економското заздравување на повеќето европски економии, но и натаму остануваат одредени ризици. Просечниот економски раст во Европа годинава, ЕБОР го проценува на 4,2 отсто. (МИА) |