Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Црна листа на газди што не работат фер

Во Централниот регистар ќе се води еден вид црна листа, односно список на сите оние што имаат блокирани сметки, неколку пати отворале и затворале фирми, ги ставиле во стечај ,па отвориле нови и имаат кривични или прекршочни санкции за тоа. Сите тие нема да можат повторно да отворат нови фирми, најави министерот за економија Фатмир Бесими. „Очекуваме да се зголеми ефикасноста на стечајните процедури и зголемување на транспарентноста на целата постапка. Целта е да се намали можноста за шпекулации на пазарот, односно оние лица кои имаат отворени постапки како стечај и блокирани сметки, да се контролираат и да се штитат тие што се чесни учесници на пазарот. Довербата е нешто најсвето на пазарот, токму и во тоа е поентата, да направивме една софтверска алатка која ќе овозможи поголема доверба на сите оние што сакаат фер да работат на пазарот“, порача вчера Бесими.

Оваа црна листа ќе им овозможи на сите учесници на пазарот фер услови, што пак треба да придонесе да се зголеми доверба кај инвеститорите. Списокот ќе биде јавен и достапен за сите од февруари. Но, о��ие што ќе сакаат да ги дознаат ваквите играчи на пазарот, за тоа ќе мора да платат. „Сите оние што сакаат релевантни информации од релевантни институции ќе мора да платат, ќе се плаќа се додека не се овозможат услови за развој на нови алатки и регистри“, вели Ванчо Костадиновски, директор на Централен регистар. Оваа институција од вчера почна да нуди и информации за сите отворени стечаи, за движење на стечајната маса, за побарувањата од компаниите и граѓаните. Започнувањето со работата на втората фаза од едношалтерскиот систем опфаќа три компоненти, е-регистрација на фирми, е-стечај и дисквалификувани субјекти и е-регистрација на залог и лизинг. Проектот е реализиран во соработка со Светска банка, а изведуван од ЕРЦ од Ирска, ИРИС од Индија и меѓународниот конзорциум „Реактив“ од Македонија. (С.М.)


#
Статијата е прочитана 2499 пати.

Испрати коментар

Од: jovan
Датум: 25.01.2011 12:42:38
Aj i toa cudo da go vidime. Ako profunkcionira
Од: vladimir
Датум: 25.01.2011 12:50:29
pa normalno vo tetovo i gostivar a i del od skopje ne ni imaaat firmi pametni se oni .......
Од: Pirin
Датум: 25.01.2011 12:52:09
site ovie treba da bidat objaveni na webstranica na internet za da mozat site zaenteresirani vo nekoja dejnost da gi izbegavaat takvite firmi.
Од: mene
Датум: 25.01.2011 13:17:28
Предлагам на црната листа да бидат ставени и премиери, министри и јавни раководители кои државата ја воделе во безизлез, позајмувале милионски суми од странство, издавале евро-обврзници за трошење по споменици и други лудории, се фалеле со субвенции (а никој не видел ни денар од нив), си вработувале свои партиски војничиња и лепачи на плакати, си носеле рачни часовници од неколку десетици илјади евра, си имале по повеќе станови купени од пензии, бесправно си граделе хациенди на државно земјшиште... Има уште, ама нема место овде да се напише. Ама ќе напише народот на гласачките ливчиња!
Од: Трпе
Датум: 25.01.2011 14:15:58
Ова е позитивна работа која е за пофалба.Но уште попозитивна ке биде кога ке се отвори црната листа на премиерот и министри.(и голем број на функционери)
Од: mene
Датум: 25.01.2011 14:53:01
Ova e navistina reformski poteg , bidejki so toa ke im dojde krajot na kriminalcite , koi veke 20 godini gi koristat starite finti za novi profiti.
Од: Marko
Датум: 25.01.2011 16:49:26
И ова ќе биде успешно како "едношалтерскиот" систем. Само најавуваат за да имаат оправдување да трошат пари (а за консултати и софтвер се троши најлесно и не може никој да измери колку вреди). А на црната листа (од непознати причини) ќе фалат "нивните" фирми, а ќе ги има "неподобните". Потоа ќе нема кој да ажурира. па никој нема да верува на точноста, а парите се потрошиле во нечиј џеб. Толку позната и многупати испробана шема !
Од: todor
Датум: 25.01.2011 16:58:09
Е дури тогаш ќе нема кој да работи во државата. Сите поштени ги сотревте со даноци и контроли па само нечесните останаа.
Од: m&m
Датум: 25.01.2011 18:02:22
ovaa odredba e uste edna ekskurzija na vladinite pravni eksperti. Uste edna protivustavna odredba. Samo sud vo krivicna postapka moze da opredeli kazna i posledicite od kaznata se utvrduvaat so presuda. Koj ke ceni dali odreden stecaj e nameren ili ne ??????????? Istiot efekt ke se postigne so objavuvanje na pravosilnite sudski presudi vo edna zbirka koja ke moze da se prebaruva da receme po EMBG megu drugoto no toa resenie ke bide ustavno.na sudovite e klucot. Transparentnost vo rabotata
Од: Професорка
Датум: 25.01.2011 20:12:41
Еј, немој само софтверска алатка. Пак џабе дадени пари. Инаку таквата “алатка“ се прави без пари и за два дена. Но, да се вратиме на фирмите. Мислам дека една “Фирма“ треба да е прва на списокот фирми кои треба да се одбегнуваат. Станува збор за една многу профитабилна, која овозможува наддавање на татко и син за фантастично скапо земјиште, која го поклонува и самото Собрание за паркинг, на која и исчезнуваат тендери за ситни работи како Скопје 2014, која... не се добројува.
Од: vasco beleski
Датум: 25.01.2011 23:25:45
ej alo uste nemate takvi listi??? pa toa e prva rabota so treba so eden klik da ja doznaete......ok podobro pokasno od nikako pozdrav
Од: Skopjanec
Датум: 26.01.2011 00:15:02
Epa kako sakate be da nema firmi so blokirani smetki koga kaznite se ogromni ke dojdat i na mala firmicka op kazna 5000e i sto da prai toj covek osven stecaj?

Најди! во Утрински
Економија
И еколошките кеси се наплаќаат
Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?
Неизвесен победникот во битката меѓу „Набуко“ и „Јужен поток“
Ревидирана прогнозата за раст
Нема веќе двојно оданочување со Германија
Топ-депозит на ТТК Банка
Евтини кредити за европските должници
Зголемен оптимизмот за работењето