Број 3489  вторник, 25 јануари 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Економија

Кинезите дојдоа, ќе ги земат ли „Чебрен“ и „Галиште“?

Вредноста на хидроцентралите што треба да се градат
на Црна Река се проценува на над 700 милиони евра

Маја Томиќ

До крајот на оваа недела ќе се објави новиот, петти по ред тендер за хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“. Од Министерството за економија велат дека за новините во тендерот јавноста ќе биде информирана овие денови. Потврдуваат дека претставници на Кинеската развојна банка, кои уште пред два месеца дојдоа и покажаа сериозен интерес за инвестирање во овој голем енергетски проект, се' уште се во Македонија и водат преговори со надлежните. Оттаму, најверојатно дека Кинеската развојна банка ќе конкурира на јавниот оглас, а се шпекулира и дека е веќе договорено таа да биде и идниот стратешки инвеститор.

„Чебрен“ и „Галиште“ ќе се градат по моделот на јавно приватно партнерство со ЕЛЕМ, односно со државата, при што како влог се дава хидроцентралата „Тиквеш“. Деновиве, директорот на ЕЛЕМ Влатко Чинговски, рече дека овој пат во тендерот се направени некои измени со кои тој ќе биде поатрактивен за инвеститор��те, како и дека компанијата ќе ја даде целосната логистичка и техничка поддршка што ќе му биде потребна на инвеститорот за да го спроведе успешно овој проект.

Уште на претходните тендери имаше многу полемики меѓу експертите дали ХЕЦ „Тиквеш“ треба да му се даде на идниот инвеститор или да остане државна сопственост.

„Со одолговлекувањето на овој тендер изгубено е драгоцено време во енергетиката, иако генерално ние доцниме со изградбата на енергетски проекти многу повеќе години. За ’Чебрен‘ и ’Галиште‘, како што е познато, имаше конкретно заинтересирани компании, се ангажираа и странски консултанти за да направат успешна тендерска понуда, но ништо од тоа. Дали се во прашање некакви игри, на штета на државата, ќе видиме“, вели професорот Атанаско Туневски.

Тој го повтори својот повеќепати кажан став, дека е погрешно што ХЕЦ „Тиквеш“ му се дава без пари на идниот инвеститор на двете хидроцентрали. Бидејќи, оваа централа е вредна огромна сума пари, а сега е целосно ревитализирана, со нова опрема и машини.

„Може ХЕЦ ’Чебрен‘ и ’Галиште‘ да се градат со јавно-приватно партнерство, но со друг модел, а не со ХЕЦ ’Тиквеш‘ како влог, затоа што така повеќе ќе изгубиме, отколку што ќе добиеме. Станува збор за централа од големо значење за државата“, изјави Туневски.

Вредноста на „Чебрен“ и „Галиште“, кои треба да се градат на Црна река, се проценува на над 700 милиони евра. Во изминатите пет години беа објавени четири тендери и сите завршија без успех, и покрај тоа што Владата последен пат, пред една и пол година, за 100 илјади евра го ангажира консултантот ИФЦ да направи успешен тендер. На претпоследниот тендер во игра беа неколку реномирани енергетски компании, италијанската „Енел“, германската „РВЕ“ и австриската „Вербунд“, при што за фаворит важеше „РВЕ“. Но, пред крајот на 2010 година од оваа компанија беше испратено соопштение до македонските медиуми дека поради намалениот фонд за инвестиции, оваа година ги стопираат сите вложувања во нови проекти во странство. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 2402 пати.

Испрати коментар

Од: Добре Лошковски
Датум: 25.01.2011 12:30:57
Банка да гради хидро централи?
Од: pero magacinero
Датум: 25.01.2011 12:47:41
bravo kinezi,vie barem ste nasi prijateli iako vo minatoto vi zabivme noz vo grb so priznavanjeto na tajvan,tupurko i i vojvodata luBco mislea deka tajvan ke mu dade pari so vagoni-da zivee KINA
Од: crco
Датум: 25.01.2011 13:51:09
Najdobro e da si go zemat GVUJCE so familijata i prijatelite
Од: Трпе
Датум: 25.01.2011 14:34:01
Многу парадоксални работи се случуват кога дпмне-овците се на власт.!998 година кога дојдоа на власт не скара со кинезите а сегашната власт имат многу голема сотработка.Љубчо ке правеше конгрес во Солун а отиде во Грција на чашка ракија за продажбата на окта.Но излегува дека ученикот ке биде поуспешен од учителот.
Од: Sasho
Датум: 25.01.2011 15:22:44
Ne treba da se potcenuva nieden investitor. Sekoj sto ce dojde da trosi pari vo Mk e dobredojden. Kina ima pari i sega povece ne gi cuva pod pernica. Proekt od vakov rang e golema investicija za mala ekonomija kako makedonskata i ne treba da se propusti vo ovie teski vreminja. Ovie brani i ezera ce gi nadziveat site spomenici i fontani sto se postavija i ce im sluzat na idni generacii bez razlika na verata i nacinalnosta. Good luck.
Од: Slobodan
Датум: 25.01.2011 16:23:16
Nie sto sme od Prilep dobro znaeme deka.proektot za Cebren i Galiste e izraboten uste vo seesetite godini. Koga nie vo devedesetite god. studiravme Elektro fakultet ne tesea deka koga ke zavrsime sigurna ni e rabotata vo hidrocentralata.Eve nie i ostarevme i nemame nitu den staz spored strukata, a Cebren i Galiste ke bide samo son uste mnogu godini. Dali voopsto nekogas ke se pocne? Jas ne veruvam vo nikoj slucaj.
Од: Bond
Датум: 25.01.2011 16:46:27
Aaaaalllooo! Ima li pilot vo avionot? Daj da vidime stopanska da ne saka da gradi centrali ili mozebi postanska stedilnica.
Од: Aleksandar
Датум: 25.01.2011 22:31:25
Кина во моментов е втора најголема економија во светот после Америка се предвидува дека за 25 години кина ќе биде најголема економија во светот. Кина во 2010 имаше раст на бдп од 10%! Инаку развојните банки во што сакаат може да инвестираат ако имаат интерес и профит од цела работа и не е ништо непознато во светската економија. Македонија треба да се сврти кон БРИК земјите ( Бразил,Русија,Индија, Кина) тие се земји што имаат и ќе имаат најголеми стапки на раст.
Од: jas
Датум: 26.01.2011 07:17:43
koji hajvan go prizna Tajvan!!!!!
Од: Dusko
Датум: 26.01.2011 07:48:48
700 milioni evra, toa e edna miljarda dolari....Koj investitor ke investira edna miljarda dolari vo Makedonija!? dva milioni lugje? Toa e kako da investiraat miljarda dolari vo nekoe nivno selo vo Kina... Kako ke gi vrati parite, vo makedonija nikoj ne plaka struja :)

Најди! во Утрински
Економија
И еколошките кеси се наплаќаат
Црна листа на газди што не работат фер
Неизвесен победникот во битката меѓу „Набуко“ и „Јужен поток“
Ревидирана прогнозата за раст
Нема веќе двојно оданочување со Германија
Топ-депозит на ТТК Банка
Евтини кредити за европските должници
Зголемен оптимизмот за работењето