Евтини кредити за европските должници
Берлин – Кредити со намалени камати за должниците од еврозоната ќе дозволат европските лидери, тврди Жан Клод Јункер, министер за финансии во еврозоната.
Според него, европските лидери се согласиле да одобрат кредити со намалени камати за земјите што се наоѓаат во тешка состојба за да го вратат долгот по пониска цена.
Јункер објаснува дека враќањето на долг по пониска цена од емисијата би им овозможило на земјите што се наоѓаат во финансиска криза, на прво место Грција, да го намалат нивото на задолженост. (МИА) |