Фестивалот „Таксират 12“ брои ситно
Германците Gentlemanи The Evolution, Onyx (САД), White Lies и Paradise Lost од Англија и „Дубиоза колектив“ (БиХ) се петте досега официјално потврдени изведувачи на овогодинешното, дванаесетто издание на „Таксират“, што ќе се одржи на 4 декември во „Метрополис арена“ во Скопје. Два дена порано (2 декември) на полноќ во клубот „Колосеум“ ќе настапи германскиот транс диџеј Фери Кор��тен, во моментов еден од топ 10 светски транс диџеи.
Кругот полека се затвора, влезниците беа пуштени во продажба вчера, а се поделени во неколку групи: првите 2.000 - 600 денари, вторите 2.000 - 700 денари и третите - по цена од 800 денари. Влезниците, пак, за концертите на „Бернејс пропаганда“ (26 ноември), диџеј Премиер (30 ноември) и „Мизар“ (2 декември) ќе се најдат во претпродажба од петок, 12 ноември, а нивната цена ќе се движи од 200 до 600 денари. (К.Ш.) |