КЕЈТ МОС
Купува заедничко гробно место со момчето
Кејт Мос се' уште не се одлучила за свадба, но затоа планира заеднички задгробен живот со своето момче Џејми Хис. Убавата манекенка планира засекогаш да почива на гробиштата Пер Лашез во Париз, каде што се закопани Џим Морисон, Оскар Вајлд и Шопен, а покрај себе го сака и Џејми. Тие гробишта за неа имаат особено значење.
„Пред неколку години, Кејт и Џејми направија обиколка на гробиштата. Се бакнуваа покрај гробот на Морисон се' додека службениците не ги прекинаа. Во тој момент, Кејт сфати дека Џејми е љубовта на нејзиниот живот“, откри еден извор.
Токму затоа Кејт, при неодамнешната посета на гробиштата, му предложила на своето момче да купат заедничко гробно место. „Мисли дека тоа е многу кул“, вели изворот.
Кејт многу се разочарала кога дознала дека гробиштата се веќе пополнети и сега бара алтернатива. „Тоа е единствениот клуб во кој досега не ја пуштиле, но и така не и' се брза да стане членка“, кажал изворот за „Дејли стар“. |