МАДОНА
Без хомосексуалците, ќе немав кариера
Во текот на гостувањето во шоуто на Елен Деџенерис, Мадона им се обратила на хомофобите во САД, замолувајќи ги да престанат да ги угнетуваат хомосексуалните личности.
„Неверојатно сум тажна и вознемирена кога читам за се' поголемиот број самоубиства на хомосексуални тинејџери“, рекла кралицата на попот, ��стро осудувајќи ги сите што шират омраза и нетрпеливост спрема геј-популацијата.
Педесет и едногодишната пејачка се потсетила на своето растење во Мичиген, велејќи дека и самата била жртва на неразбраност од околината и се чувствувала поинаку и изолирана од сите. Така било се' додека нејзиниот учител по балет, кој бил со хомосексуална ориентација, не ја зел под заштита и ја запознал со светот на уметници, каде што спознала дека е сосема в ред да бидеш поинаков.
Мадона додала и дека без хомосексуалците, таа воопшто не би имала кариера, зашто токму тие со години биле нејзините најгласни обожаватели. |