Влатко Илиевски пее и подготвува ДВД
„Пушти ме да умрам крај други“ е насловот на новата песна на поп-пејачот Влатко Илиевски, која е заедничка авторска соработка со Кристијан Габроски. Песната е направена специјално за големиот број обожаватели, кои секојдневно пишуваат на неговиот фан-профил на „Фејсбук“. За нивна голема радост, веќе во декември се планира и издавање ДВД-издание од големиот концерт што го одржа ексклузивецот на „План Б-продукција“ на 5 јуни во салата „Борис Трајковски“. (К.Ш.) |