Број 3079  сабота, 05 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хроника

Ротации на судии во скопскиот Кривичен суд

Најмногу промени има во Истражното одделение каде што за нов раководител е избран Велче Панчевски

Љубиша Станковиќ

Разрешувања, смени и ротации се случуваат во скопскиот Кривичен суд по смената на раководната позиција на чие кормило неодамна беше поставена судијката Лидија Неделкова. На завчерашниот колегиум што го одржа новоизбраната претседателка на Основниот суд Скопје 1 - Скопје, како што дознаваме, присуствувале речиси сите судии, а средбата минала без некои поголеми потреси и турбуленции.

На средбата што ја имаа судиите во средата попладне, на само што е избран нов раководител на Кривичното истражно одделение, туку е избран и нов портпарол, но токму поради нетранспарентноста на судот, информациите до кои вчера можеше да се дојде се неофицијални.

Според наши сознанија, нов шеф на целото Истражно одделение е долгогодишниот истражен судија Велче Панчевски. За имено на Панчевски се врзува и местото портпарол на скопска „единица“, но дали тој навистина е именуван и за гласноговорник на судот или не, вчера немаше кој да потврди. Судијата Велче Панчевски доаѓа на местото на досегашниот раководител на Истражното одделение и портпарол на судот, Седат Реџепагиќ, кој, пак останува да работи истражни постапки. Токму на Реџепагиќ вчера му припадна таа должност да ја води истрагата за полицајците кои беа спроведени од граничниот премин Ќафасан.

Со одлука на претседателката Неделкова, од местото истражни судии во Одделот за организиран криминал се разрешени судијките Весна Басотова и Славица Андреева. Тие во наредниот период ќе работат т.н. обични кривични предмети. Во Одделот за организиран криминал своето место, освен Реџепагиќ, го зачува и судијката Катица Јовановска, а на едно од испразнетите места ќе седне истражниот судија Владимир Туфегџиќ.

Само малку пред донесувањето на овие одлуки, Неделкова на работа во Одделението за прекршоци ги упати судијките Кадрие Селмани и Љубинка Георгиевска, наводно, по нивно барање, а младите судии Зоран Димитриевски, Ѓоко Ристов истражниот Влатко Панчевски беа поставени за судечки судии во Одделот за организиран криминал.

На колегиумот одржан завчера неприсуствувала поранешната претседателка на Кривичниот суд, Добрила Кацарска. Кои се причините поради кои Кацарска не дошла на работниот состанок засега е непознато.

Добрила Кацарска и судиите Ристо Катавеновски и Ирина Петрова беа на листата за претседател на Основен суд Скопје 1 , но токму Неделкова беше таа која ја доби довербата на 14 од 15 гласови потребни за избор. На изборот на 7 јули таа се избори и за т.н. Бадентерово мнозинство.

И покрај тоа што измените што се случија повеќе изгледаат како шминка, сепак, не треба да се исклучи можноста дека поместувања ќе има и во наредниот период. Нашите сознанија велат дека направените измени ќе важат до крајот на оваа календарска година, односно дека Неделкова ќе ја опсервира работата на своите колеги во наредните три месеци, а потоа ќе прави нови резови.


#
Статијата е прочитана 431 пати.

Испрати коментар

Од: gledacka
Датум: 05.09.2009 01:01:16
Eh, nisto novo! Se e po staro! Kupi, prodaj.....
Од: irena
Датум: 06.09.2009 01:11:34
pa da. kupi, prodaj i zaraboti. nekoj pari a nekoj zatvor. site znaeme sto se se pravi po skopskite sudovi. mi se povraka.

Најди! во Утрински
Хроника
Судењето за ексдиректорот на ЕСМ почнува пак од почеток
Средношколците непожелни во интернатот во Штип
Притворен макро од Битола
Нов судија за убиството во „Деспина“
Паника по обидите за киднапирање дете